top of page


Што научив од две години Гешталт групните работилници
Да се биде Гешталт психотерапевт, не значи само да се прочита теоријата, да се научат техниките и да се заврши едукацијата. Тоа е процес низ кој се запознаваш себеси и другите, ги откриваш сопствените шеми на размислување и однесување, и учиш како да бидеш во свесен и присутен контакт со другите луѓе. Токму затоа се тука групните работилниците. Тие се местото каде што знаењето за Гешталт психотерапијата го искусуваме и интегрираме низ личното искуство. Еве што научив после дв

Филип Неделковски
5 days ago5 min read


Вежба: во контакт со емоциите
Те покануваме да стапиш во контакт со своите емоции токму сега и овде. Препознај ја емоцијата Не само силните како бес или тага, туку и суптилните како досада, празнина или чувство дека ништо не чувствуваш. Дај ѝ име. Кажи: „Сега јас чувствувам ____“. Остани со емоцијата без да ја осудуваш како позитивна или негативна. Следи каде ја чувствуваш во телото, забележи го нејзиниот интензитет, форма, ритам. Слушни ја пораката Прашај се: Што сака оваа емоција да ми каже? Д

shsgestalt
Jul 211 min read


Прифаќањето на неизвесноста е клуч засправување со анксиозноста...
Голем дел од анксиозноста произлегува од нашата потреба да бидеме сигурни дека ништо лошо нема да се случи. Никогаш да не останеме без пари Секогаш да сме здрави Партнерот да остане засекогаш со нас Планетета да опстане Но токму тука започнува проблемот. Затоа што животот никогаш не бил сигурен, ниту стабилен. И навистина… Не можеме да предвидиме што ќе се случи во следниот момент Утре може да скршиме нога Да се разболиме Да нѝ дадат отказ Да заврши врска за која сме мисле

shsgestalt
Jul 155 min read


Катастрофата од која се плашиш веќе се случила
Многу често мислиме дека стравовите за иднината се навистина за иднината… Но, дали е секогаш така? На пример стравовите: - Ќе ме посрамотат и понижат на состанокот - Нема да успеам. Ќе мислат дека сум губитник - Ќе ме напуштат Сосема е можно да извираат од минатото. Сосема е можно тоа од што најмногу се плашиме дека ќе се случи - веќе да се случило години наназад. Можеби некогаш сме биле: – засрамени – критикувани – понижени – отфрлени – напуштени И денес, кога се наоѓаме во

Филип Неделковски
Jun 232 min read


Вежба: Дали овој страв веќе се случил?
Започни со пополнување на полињата за првото прашање. Потоа за секој одговор на првото прашање обиди се да дадеш одговор на второто прашање. Одговорите нема секога да дојдат веднаш. Потребно е време и релаксирани услови. Но, можеби ако си ги понесеш овие прашања со себе - одговорите ќе дојдат додека слушаш музика, патуваш, разговараш со пријател или сред ноќ. Што се плашам дека ќе се случи ? Што се случило во минатото? Додека си тука провери го интензитетот на твојата анксиоз

shsgestalt
Jun 221 min read


Инфо сесија за Гешталт едукација 2026/2027
Во видеото ќе дознаете: ✓ Што е психотерапија ✓ Што е Гешталт терапија и по што се разликува од другите психотерапевтски пристапи ✓ Каква е улогата на Гешталт терапевтот и како изгледа терапевтскиот процес ✓ Кои се клучните принципи на Гешталт терапијата – свесност, „овде и сега“ и лична одговорност ✓ Како е организирана 4-годишната програма за Гешталт едукација и кои се фазите на учење ✓ Кои се условите за запишување и кој може да се приклучи на програмата ✓ Кои се критериум

Благица Р. Ваниќ
Jun 181 min read


Интернационална работилница - Гратче 2026
Викенд за паметење… Прекрасни 28 луѓе кои на едно место споделуваат радости и тага, соништа и сомнежи, надежи и стравови. Но, пред се ја споделуваат љубовта кон човекот. Љубовта кон психологијата. Љубовта кон Гешталт психотерапијата. Токму тоа се случуваше на завршната работилница за едукантите по Гешталт едукацијата - која се одржа минатиот викенд во прекрасното место Гратче во Кочани. Низ текот на 4 дена - едукантите имаа можност да искусат 11 работилници меѓу кои: Свеснос

Благица Р. Ваниќ
Jun 171 min read


Контактот со себе е првиот чекор кон помирен живот
Првиот проблем кој води кон анксиозност, немир, стравови, ниска самодоверба, само-критика, чувство на безвредност или физички симптоми е губење на контактот со себе. Зошто е тоа така и што значи контакт со себе? Кога сме во контакт со себе — свесни сме за тоа што се случува во нас и околу нас. Свесно ги препознаваме нашите потреби, емоции, мисли, физички сензации, импулси. Но кога губиме контакт со себе често се случува ова… Организмот постојано дава сигнали: нешто ни недоста

shsgestalt
Jun 52 min read


Што се крие позади симптомите на анксиозност?
Многу често се случува ова... Се појавува: - срцебиење - болка во слепочници - стегање во градите - чувство на гушење - треперење на раце или тело И нашата прва реакција е преплашеност. Помислуваме на најлошото можно сценарио. „Што ако имам некоја болест?“ „Можеби рак?“ „Можеби срцев удар?“ Иако е важно симптомите да не се игнорираат и да се проверат медицински… Многу често се заглавуваме во стравот од симптомите. Почнуваме да се плашиме од нив. Да се бориме со нив. Мислиме д

Филип Неделковски
May 202 min read


Како да се справиш со непријатните емоции?
Самото нарекување на емоциите „непријатни“ е првата препрека кон нивно смирување. Кога им даваме негативно значење, суптилно сакаме да ги елеминираме. Да се ослободиме од нив. Но, се додека ги отфрламе тие ќе се враќаат посилни. Не затоа што се проблем, туку затоа што носат порака од нас за нас. Лутината може да е сигнал дека не сме поставиле граници Стравот потреба да се заштитиме Тагата знак дека нешто ни значело Кога пораката на емоцијата ќе биде прифатена и слушната -

Филип Неделковски
May 142 min read


Како минатото влијае врз нашата анксиозност денес?
Често мислиме дека анксиозноста доаѓа одеднаш и „без причина“. Но вистината некогаш е подлабока. Позади неа стои тивок механизам кој се активирал многу одамна. Како? Преку трауматичните искуства во минатото. Ако сме растеле со постојано казнување, занемарување или терор— тие искуства не остануваат само лоши спомени. Туку нов начин на гледање на светот и себеси. После такви искуства почнуваме: - Да го гледаме светот како опасно место, - Да живееме во постојан страв дека нешто

Филип Неделковски
May 141 min read


Зошто анксиозноста се враќа повторно?
Дали ти се случува и покрај земањето медикаменти, позитивно размислување или практикување на техники за смирување… Анксиозноста повторно да се враќа? Ако одговорот е ДА, веројатно се прашуваш „Зошто?“ “Каде грешам?“ Една од причините е тоа што често зад анксиозноста стои нешто што долго време го потиснуваме. - потреби што не ги задоволуваме - емоции што не ги изразуваме - граници што не ги поставуваме На пример: Сакаме одмор… но продолжуваме да работиме за да не разочараме не

Филип Неделковски
May 142 min read


Каде навистина почнува анксиозноста?
Ти се случува ли често да кажеш: “Тие прават да се чувствувам лошо.” “Директорот ми предизвикува страв “ “Работата ми предизвикува стрес и анксиозност.” Ако сме искрени, повеќето од нас вака размислуваат. И тоа е разбирливо. Сите сме под влијание на околностите околу нас. Но, што ако анксиозноста не доаѓа само од надворешните околности, туку и од тоа како се однесуваме со тоа што се случува во нас? Понекогаш несвесно очекуваме од другите… - да нè разберат - да ги препознаат н

Филип Неделковски
May 142 min read


Анксиозноста тивка борба што никој не ја гледа
Дали ти се познати овие гласови: - "Внимавај ќе згрешиш!" - "Не си доволно добар/а" - "Пази што ќе речат другите" - "Мораш да бидеш совршен/а" Можеби за првпат ќе слушнеш дека доаѓаат од Внатрешниот критичар. Но иако звучат како одговорност, овие гласови често се тивкиот мотор на анксиозноста. Како? Некогаш во минатото сме искусиле дека грешката носи осуда, а успехот — прифаќање. Сме научиле дека за да бидеме вредни и прифатени треба да сме безгрешни. Секогаш паметни, убави,

Филип Неделковски
May 142 min read


Како да се справиш со постојаниот страв дека нешто лошо ќе се случи?
Кога чувствуваме страв често не го препознаваме како мисла, туку веруваме дека е факт. И кога е силен, толку сме споени со него што не можеме да разликуваме: дали навистина има опасност или сме во замислени сценарија Но, ако му пристапиме со љубопитност, меѓу нас и него се појавува мал простор. Во тој простор наместо да бидеме целосно обземени во него можеме: - да разликуваме дали стравот е факт или само мисла - да разбереме зошто толку често се појавува Додека си тука пр

Филип Неделковски
Apr 142 min read


Што да направиш кога ќе се појави анксиозноста?
Често анксиозноста ја доживуваме како сенка, товар, кошмар, крадец на моменти. Но, таа не е наш непријател. Туку сигнал. Порака од нашето тело и ум дека долго време нешто сме потиснувале: емоција потреба граница И додека ја потиснуваме –таа повторно ќе се враќа. Но…ако го смениме односот со неа – има шанса да се смири. Додека си тука провери го интензитетот на твојата анксиозност на овој линк Кога ќе се појави анксиозноста пробај ја оваа кратка вежба: 1. Застани за момент

Филип Неделковски
Apr 142 min read


Мислите не се твои непријатели
Многу често сме “некаде таму” со мислите. Во мисли за иднината: “Ќе добијам паничен напад” “Ќе ми се случи нешто лошо” Или за минатото: “Ако бев повнимателен/а немаше да се случи ова” “Ако не ми го направеа тоа - ќе беше се поинаку” Овие непријатни мисли често ни носат болка. Затоа по автоматизам се обидуваме да ги смириме или избркаме. Но тие повторно се враќаат посилни. И тогаш почнуваме да веруваме дека тие се проблемот - причина за нашата тага, немир, лутина, анксиозност

Филип Неделковски
Apr 142 min read


Што се патерици во менталното здравје?
Нетфликс до 3 часот, уште едно апче, чашка алкохол или цигара за да се чувствувам малку подобро. Ова се патериците во менталното здравје. Кога животот притиска и не знаеме што да правиме со болката - тука се да нѝ помогнат да ја издржиме. Можеби ова ти звучи познато. Можеби и ти понекогаш се фаќаш себеси како бегаш од чувствата — со уште една епизода, уште една цигара, уште малку скролање. Тоа не значи дека нешто не е во ред со тебе. Тоа е само начин на кој се обидуваме да ј

Филип Неделковски
Mar 195 min read


Дали сум анксиозен/а?
Ако веќе си го поставуваш ова прашање - можеби е добро да го прочиташ овој текст до крај. Самото поставување на ова прашање покажува потреба во тебе - немир кој бара да биде слушнат и разбран. Во овој текст ќе добиеш јасна слика: што значи да сум анксиозен /а кои симптоми се најчести Што да правам следно? Додека си тука провери го интензитетот на твојата анксиозност на овој линк Кога е нормална грижа, кога анксиозност? Во нормални количини, анксиозноста нѝ помага – нè пре

shsgestalt
Mar 114 min read


Што е анксиозноста и како да се справиме со неа?
На вебинарот ќе разговараме: Што всушност е анксиозноста и зошто се појавува? Како сами се доведуваме до анксиозност? Дали е можно да се живее квалитетен живот со анксиозност - токму благодарение на неа? Вежба за смирување и рефлексија Ќе одиме до коренот. Нема да зборуваме како да ја победиш анксиозноста - туку зошто таа воопшто е тука. На вебинарот беше промовиран курс за анксиозност на македонски јазик со прикажани сесии од клиент и терапевтски практични вежби кои можеш да

Благица Р. Ваниќ
Feb 261 min read
bottom of page