top of page
Obuki za zivotni vestini.jpg

Обуки за животни вештини

Оваа обука нуди работилница за важните прашања на секојдневниот живот во правец на личен и професионален раст и развој, релации (партнер, семејство) и развој на кретивните потенцијали. Работилниците се создадени на начин кој ги поттикнуваат вашите идеи да станат центар на вашиот живот. Преку овие работилници ние сакаме да ви дадеме насока за поквалитетно живеење, со цел да постигнете поголемо задоволството во работата и животот.

Зошто да земете учество во обуката за животни вештини?

Ако одговорите позитивно на едно од овие прашања вие сте потенцијален учесник во обуката за животни вештини:

1. Дали сакате да промените нешто во животот?
2. Постојат ли работи со кои не можете излезете на крај?
3. Сакате ли решение на проблемите?
4. Збунети ли се во врска со вашите потреби?
5. Далис сметате дека вашата креативност спие некаде длабоко во вас?
6. Сакате ли да ја подобрите комуникацијата во животот и работата?
7. Сакате ли да бидете подобар слушател?
8. Сакате ли да научите како да одржувате баланс помеѓу работата и личниот живот?
9. Сакате ли да научите како да ги реализирате своите потенцијали?
10. Сакате ли да поминувате поквалитетно време со вашите блиски иако имате малку време на располагање?

Инвенстирајте во вашиот личен раст и развој. Тоа ќе биде ваша најголема придобивка за вашиот сопствен живот. Со посетувањето на модулите во оваа обука  вие ќе се стекнете со:

1. Поголема свесност за себе и сопствените потреби;
2. Ќе ви се зголемат кретивните потенцијали за совладување и решавање на пробелмите и конфликтите;
3. Ќе ви се подобри комуникацијата во личниот и професионалниот живот;
4. Ќе научите како полесно да се справите со брзото и динамично време на живеење;
5. Ќе научите како да бидете подобра личност;
6. Вашата мотивација ќе биде на повисоко ниво;
7. Ќе научите да ја покажувате креативноста во најдобро светло;
8. Ќе почувствувате колку е важно да се слушате себе си и другите.

Преку зголемувње на свесноста за вашите потенцијали и прифаќањето на самите себе ќе бидете во можноста да направите многу нешта за да го зголемите квалитетот и свесноста за сопствениот живот, а воедно и да ги зголемите вашите потреби.

Модул 1: Личен раст и развој
Во секојдневниот живот често забораваме на себе и нашите емоции. Без разлика дали се соочувате со период на транзиција во својот живот, или пак ви се случила неочекувана и брза промена, или може се чувствувате заглавени во една точка, ќе добиете единствена можност да истражувате преку разговор и дискусии со искусни професионалци кои ќе ве насочат кон подобрување на квалитетот на вашиот личен живот. Ние веруваме дека истажувајќи се себе си на ваков начин ќе го најдете патот кон максимизирање
на вашиот сопствен потенцјал. Бидете најдобри што можете да бидете во својот живот.

Модул 2: Кариерен раст и развој

Дали вашата работа не ве исполнува? Дали сакате да најдете нова работа, но не сте сигурни од каде да започнете? Или не можете да одлучите што да правите понатаму во вашта кариера? Дали сметате дека
вашата потрага по работа е залудна? Дали ви треба помош за да најдете работа? СХС нуди работилници кои ќе ви овозможат за разјасните која кариера е најсоодветна за вас и кои
се вашите потенцијали кои може да ги понудите на вашите постоечки и/или идни работодавци. Вие ќе бидете во можност да ги дефинирате вашите приоритети во однос на вашата кариера, а воедно и да донесете одлука за евентуална промена на вашата професија, работното место или пристапот кон вашата сегашна работа.

Модул 3: Релации

Академијата супернова може да ви помогне да ја направите вашата партнерска релација поквалитетна, без разлика дали вашата љубов започнала сега, сте во долгогодишна врска, или не сте во врска. Можете да работите со вашиот партнер или сами. Работилниците се креирани за да ви помогнат да работите на вашите навики и шеми, да ги анализирате ситуациите и областите каде што сакате да направите промена и да користите методи за поуспешна партнерска/ семејна среќа.

Модул 4: Развој на креативност

Креативноста не е надвор од вас, и не е развиена само за уметниците. Креативноста е присутна во се што работите, во идеите кои ги имате, кои континуирано бараат можности да се развијат. Академијата супернова ви нуди искусни професионалци кои ќе ве водат низ креативниот процес и ќе ви помогнат да го откриете и искористите вашиот уникатен кретивен потенцијал. Ние ќе работимме со вас да ги ослободите заглавените идеи и истите да ги преточите во акција.

© 2025 Created by KTD

bottom of page