top of page
Obuki za psiholoski testovi i merki.jpg

Обуки за психолошки тестови и мерки

Оваа обука е наменета за студенти по психологија, невработени дипломирани психолози и вработени психолози во клиничко, образовно и организациско окружување. Обуката овозможува учесниците да се запознаат со клучните теми поврзани со примена на психолошки тестови во психолошка пракса. Учесниците ќе имаат прилика да се стекнат со знаења и вештини за основите на психолошкото тестирање, имплементацијата на психолошки тестови во различни работни окружувања, етичките и
професионалните аспекти во примена на психолошки тестови како и клучните проблеми кои може да настанат при примена на психолошки тестови во клиничко, образовно и организациско окружување.

Методи
Во текот на процесот на имплементација на обуката, ќе има теоретски презентации и искуствено учење за развивање на практични вештини за задавање на тестови и евалуација на резултати. Учесниците ќе бидат во можност да ги интегрираат податоците добиени од различни тестовни процедури и да напишат
психолошки наод и мислење прилагоден на потребите на корисникот.

Времетраење и начин на спроведување
Траење на обуката: 72 часа теорија и методологија во период од 9 месци, плус 84 часа практична работа (имплементација на тестовите).
Е-маил за пријавување: shs.gestalt@gmail.com
Цена на обуката: 4.500 денари месечно.
Обуката ќе се одвива хибридно (комбинирано онлајн и во живо).
Времетраењето на неделните средби ќе биде од 3-4 часа согласно предвидените модули.
Местата за присуство на група се ограничени.
Во текот на обуката, вклучените учесници ќе ги добијат сите потребни материјали за работа.
По завршувањето на обуката ќе добијат сертификат за завршена обука за: Употреба на психолошки тестови во психолошка пракса.

Цели на обуката
Во текот на спроведувањето на обуката учесниците ќе научат за:

  • Основи на психолошкото тестирање

  • Апликација на тестови во психолошка пракса

  • Ефекти од апликација на тестови во психолошка пракса

  • Интерпретација на резултати

  • Интеграција на резултати

  • Пишување на психолошки наод и мислење

  • Етички прашања во примена на психолошки тестови

Дополнително, учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини за:

  • Идентификација на соодветни психолошки тестови во различно окружување и според различни потреби на корисниците

  • Разбирање на можните проблеми и грешки во текот на задавање и примена на психолошки тестови

  • Интеграција на психолошките тестови и мерки во нивното работење

Нашиот тим

Обуката ќе биде спроведена од Д-р Благица Р. Ваниќ и М-р Кристина Лазаревска.

Д-р Благица Р. Ваниќ е лиценциран психолог, директор на Советувалиште за хумана соработка-ЕАГТ акредитиран гешталт институт, ЕАГТ и ЕАП сертифициран тренер терапевт и супервизор со 15+ годишно искуство во клиничка пракса. Во рамките на својата работа со клиенти, семејства и групи таа активно применува психолошки тестови кои се основа за понатамошен третман на клиентите како и во дел на психолошко-правни постапки. Таа има долгогодишно искуство како организациски тренер, консултант за развој на човечки ресурси и кариерен советник каде применувала психолошки тестови во процес на регрутација, раст и развој на вработени и кариерно советување. Нејзината академска кариера е повеќе од 18 години и моментално предава на одделот за психологија на Универзитетот Американ колеџ Скопје. Во рамките на нејзината работа таа адаптира и применува психолошки тестови и мерки во нејзините истражувачки трудови како и во склоп на предметот Психолошки тестови и мерења.

М-р Кристина Лазаревска е лиценциран психолог, ЕАГТ сертифициран тренер и терапевт со 5+ години клиничко искуство. Посетувала обуки за психо-дијагностика и невролошка-психолошка дијагностика. Основач е на психолошко советувалиште „Психогенезиз“, Куманово. Таа секојдневно применува психолошки тестови во рамките на нејзината приватна пракса и соработки со здравствени институции. Има спроведено 120+ форензички анализи како независен евалуатор во психолошко-правни постапки.
Дополнително е ангажирана како тренер и терапевт во Советувалиште за хумана соработка каде учествува во голем број на истражувачки проекти кои вклучуваат адаптација и примена на психолошки тестови. Била гостин предавач во склоп на академски институции на теми кои опфаќаат Психо-дијагностика и Невролошка дијагностика.

© 2025 Created by KTD

bottom of page