Каде почнува социјалната анксиозност ?
Кога се соочуваме со социјална анксиозност, веруваме дека се плашиме од нови луѓе и од големи гужви.
Но, можеби не е вистината дека се плашиме од луѓето.
Туку од тоа какви мислиме дека се другите.
Често веруваме дека не се сретнуваме со луѓе, туку со суперхерои кои знаат сѐ за животот и сѐ многу попаметни од нас.
И во секој момент се плашиме дека ќе бидеме осудени за нашиот изглед, стил на облекување, тон и дијалект или чудни движења на нашето тело...
Осудени од некој што мислиме дека знае многу повеќе од нас за животот.
Но, постои една мала разлика поради која вреди да се посомневаме во нашите верувања за другите луѓе.
“Ние се познаваме себеси многу повеќе отколку што ги познаваме другите.”
За себе знаеме дека имаме еден неуспешен брак.
Дека имаме проблем со самодовербата.
Дека повеќе од 10 години се мачиме со анксиозноста.
Дека понекогаш сме убедени дека сме губитници, дека не знаеме што со себе и дека не треба да постоиме.
Па така, се плашиме дека другите ќе погледнат низ нашата нашата конфузија и ќе детектираат исплашено и некомпетентно човечко битие.
Но, за нив не знаеме речиси ништо.
Само претпоставуваме.
Претпоставуваме дека никогаш не се сомневаат во себе и не се плашат од осуда.
Веруваме дека се изградени од титаниум, а не дека се ранливи и несигурни суштества исполнети со вода.
Мислиме дека знаат сѐ и премногу се паметни да разговааат со некој како нас.
Веруваме дека никогаш не се чувствуваат осамено или анксиозно. Дека немаат каења во љубовта, сомнежи во партнерот или страв дека направиле погрешен избор.
Претпоставуваме дека се пресреќни што живеат во загушливиот град, а можеби веќе десет години ја потиснуваат желбата да избегаат од корпоративната кариера и да се преселат на село заедно со неколку кокошки.
Но, многу веројатно е дека и тие, исто како нас, помислуваат:
"Дали изгледам чудно?"
“Што ако кажам нешто глупаво и ми се изнасмеат?”
“Баш би сакал да се запознаам со неа, но се плашам дека ќе ме одбие..”
“Не сум доволно паметен за да разговаам со нив, немам ништо интересно да споделам..”
Оттука клучот за поголема самодоверба и намалена социјална анксиозност, можеби не е во тоа да се прикажеме во совршената комбинација на облека, да ги кажеме најсочните животни приказни или очајно да бараме да бидеме прифатени од другите.
Можеби потсетувањето на внатрешниот свет и анксиозноста на другите - кои не се гледаат на површината, ќе нѝ даде причина зошто можеме да бидеме послободни, поавтентични и со помалку страв дека ќе бидеме осудени од некој кој е само човек.
Човек кој е ранлив исто како нас, а не наш судија.
Човек кој е несовршен и збунет исто како нас.
Доколку сакаш да дознаеш повеќе за тоа како обидот да бидеме совршени ја одржува нашата анксиозност - можеш да го прочиташ следниот блог текст
Бесплатен вебинар:
Што е анксиозноста и како да се справиме со неа?
90 минути за да добиеш поинаква перспектива
Што всушност е анксиозноста и зошто се појавува?
Како сами се доведуваме до анксиозност?
Дали е можно да се живее квалитетен живот со анксиозност - токму благодарение на неа?
Вежба за смирување и рефлексија
Ќе одиме до коренот.
Нема да зборуваме како да ја победиш анксиозноста - туку зошто таа воопшто е тука
Погледни го вебинарот на следниот линк:







Comments