top of page
Karierno sovetuvanje klienti.jpg

Кариерно советување

Нашата визија е да инвестираме во луѓето, во комуникацијата меѓу луѓето и во градењето на здрави и правилни контакти и односи преку едуцирање, тренинг и советување. Нашата мисија е да понудиме високо квалитетна хуманистичка и интегративна програма преку професионални советувања и психотерапии. Да го поддржиме истражувањето во развојот на професионалното знаење, во управувањето и во развојот на човечките ресурси преку психолошки терапии со професионално
менторство. Да понудиме сервис за советување и психотерапија за пошироката јавност.

Едукациите, тренинг програмите, советувањата и психотерапиите ги одржува високо квалитетен кадар составен од предавачи со повеќегодишно искуство. Нашите едукации, советувања и психотерапии може да се посетуваат индивидуално или во група.

Водство и советување

  • Ние вршиме евалуација и тестирање на ученици пред почетокот на нивните студии, студенти кои ги завршуваат своите студии и сите други професионалци кои трагаат за соодветна насока во својот кариерен развој.

  • Добиените резултати се користат за идното советување и водство на индивидуата. За оваа цел ние располагаме со голем број тестови со кои се тестираат способностите, личносните карактеристики и интересите на индивидуата. Во нив спаѓаат тестови за комуникациски способности, емоционална интелигенција, знаење, инвентари на личност итн.

  • Батеријата на тестови која се имплементира ни помага да дојдеме до голем број на информации за интересите, способностие и желбите на личноста, се со цел да се пружи соодветна поддршка и водство преку релевантни информации за неговата едукација.

© 2025 Created by KTD

bottom of page