top of page
Search

Дали анксиозноста е болест?

Aug 25
2 min read

Често кога ќе се соочиме со првите симптоми на анксиозност, се појавува страв дека можеби нешто не е во ред со нас.


Дека сме се разболиле од анксиозност и дека веќе никогаш нема да бидеме тоа што некогаш бевме.


Па, се прашуваме дали анксиозноста е болест и дали може да се излечи?


Во Гешталт психотерапијата анксиозноста не се гледа како болест, туку како сигнал.


Еве зошто.


Анксиозноста често не се појавува без причина.


Таа се појавува кога подолго време сме ги потиснувале нашите


Потреби

Емоции

Граници


Кога предолго сме држеле лутина, тага или фрустрација во себе.

Кога одамна не знаеме кои сме и што нѝ потребно.

Кога нашето тело постојано кажува НЕ, но ние не можеме да го кажеме истото.


Оттука анксиозноста не е болест што се појавила одеднаш.


Стегањето во градите

Срцебиењето

Главоболките

Треперењето во рацете

Грутката во грлото


Не се само симптоми од кои треба да се ослободиме.

Туку сигнал од нашето тело дека нешто во себе потиснуваме.


Сигнал кој ни открива нешто важно за нашите потреби и за односот што го имаме кон себеси.


Низ Гешталт психотерапијата учиме како да креираме нов однос со анксиозноста и со себеси.


Да научиме како да ја погледнеме за прв пат без осуда. Да ја запознаеме и истражиме со љубопитност.


Наместо да се бориме со анксиозноста и да се обидуваме да ја излекуваме - целта е да ја прифатиме и разбереме.


Да создадеме простор каде што конечно ќе откриеме зошто се појавува во нашиот живот.


Можеби ќе дознаеме дека срцебиењето е сигнал дека преземаме премногу работни обврски во текот на еден работен ден или недела.


Дека стравот од срцев удар доаѓа како резултат на траума од смртта на наш близок од срцев удар.


Дека нашето тело не може да го издржи темпото секаде и со секого да бидеме совршени и да не згрешиме.


Оттука анксиозноста наместо да ја гледаме како болест, може да биде сигнал.

Сигнал кој не води кон откривање на нашите вистински потреби и слушање на своите емоции.


Сигнал кој не води кон повеќе мир, слобода и автентичност во живеењето.


Бесплатен вебинар:

Што е анксиозноста и како да се справиме со неа?


 90 минути за да добиеш поинаква перспектива 


  • Што всушност е анксиозноста и зошто се појавува?

  • Како сами се доведуваме до анксиозност?

  • Дали е можно да се живее квалитетен живот со анксиозност - токму благодарение на неа?

  • Вежба за смирување и рефлексија

Ќе одиме до коренот.

Нема да зборуваме како да ја победиш анксиозноста - туку зошто таа воопшто е тука


Погледни го вебинарот на следниот линк:




 
 
 

Comments


Добивај ги следните едукативни содржини за ментално здравје

Се читаме наскоро! 

Заследи нѐ

  • Instagram
  • Facebook

© 2025 Created by KTD

bottom of page