top of page
Individualna terapija.jpg

Индивидуална терапија

Гешталт е германски збор, именка која нема директен превод и е генерално прифатена со значење шема, форма, фигура,конфигурација или констелација. Често се користи за да опфати концепт на целосност. Речнокот на ,,Оксфорд“ го дефинира Гешталт како организирана целина која се перципира како повеќе од збир на нејзините делови. Други извори даваат варијации по линија на физичкото, биолошкото, психолошкото или симболична конфигурација на шемата на елементите толку унифицирана како целина што сите нејзини карактеристики не може да се изведат од едноставен збир на деловите.

Гешталт терапевт или практичар ги испитува перцепциите и верувањата на луѓето кои ги користат за да ја разберат својата реалност. Како пристап, Гешталт е составен од широк дијапазон на методологија и техники фокусирани на тоа што личноста го чувствува и проектира кон светот. Не значи дека интелектот и интерпретацијата се исклучени, туку дека концептуализацијата е втора на скалата на рафинирање од едно искуство и чувство додека се гради феноменолошка репрезентација или слика на свесноста.

Кога ќе станеме навистина свесни, нашите промени во однесувањето и констелацијата на нашата личност се поместуваат. Свесноста се постигнува со психолошкиот процес на индивидуата, додека се истражува моменталното искуство на личноста во околината. Во Гешталт, зајакнувањето на свесноста не е само примарен метод и иницијатор за когнитивна и афектна промена, туку коренита намера и крајна цел. Во овој контекст, може да се каже дека Гешталт е раст, промена, едукација, терапијаи холистичко испитување заедно како целина.

 

Во Гешталт сме охрабрени да го испразниме умот, да го олабавиме интелектот и да се доближиме до нашите сетила, за со отворен ум и срце да се водиме до она што вибрира, живее и се отвора во моментот, а тоа сѐ нашите емоции. Нè потсетува дека минатото е меморија и дека иднината е имагинативна проекција и дека единствено ние ја имаме моќта да ги оформиме нашите животи – СЕГА. Гешталт нè кани, низ култивација на свесноста и активно
експериментирање да ѝ кажеме добредојде на промената.

© 2025 Created by KTD

bottom of page