top of page

ОД БОРБА СО АНКСИОЗНОСТА
КОН ВНАТРЕШЕН МИР

Практична онлајн програма која ќе ти помогне да го разбереш коренот на твојата анксиозност и чекор по чекор да ја смируваш.

✓ 5+ часа видео лекции

✓ Реално сценарио на клиент

✓ Водечки аудио вежби

✓ Работна книга за рефлексија

✓ Пристап 24/7 часа

✓ Индивидуална сесија

за поддршка

Во 5 недели ќе изградиш нов однос со анксиозноста кој ќе ти помогне:

  • да не те обземаат стравовите

      и да ги намалиш физичките симптоми

  • да ја разбереш подлабоката причина за

      твјоата анксиозност

  • од постојан страв дека нешто лошо ќе се случи

      да се чувствуваш посигурно и побезбедно

  • да стапиш во контакт со твоето тело и емоции за

      постигнеш поголемо чувство на опуштеност и

      мир 

  

  • да го промениш односот кон себе. Од постојана 

     самокритика кон повеќе љубов за себе

  • да постигнеш поголема самодоверба, повеќе енергија

      и подобар сон

Искуства на учесници на програмата

 

 

 

 

 

 

 

"Гешталт онлајн програмата за справување со анксиозноста е еден добро изграден концепт за појасно согледување на нештата. Преку сите 9 модули посетителот/пациентот може конкретно да навлезе во проблематиката но воедно и преку истите да научи да се справува со неа.  Програмата тече лесно, едноставно и разбирливо. Разговорите со проминентна психотерапевтка и стручна личност се концизни, суштествени и формални. Преку одредени прашања и потпрашања таа опширно навлегува во секојдневните настани, појави и состојби кај клиентот, со кој се дава до општа слика дека ефективно работи на проблемот.
Според моите уверувања овој тип на програми може и те како да придонесат кон подобрување или решавање на многу навидум "нерешливи" прашања и состојби во време кога анксиозноста е сериозно застапена во општеството." - Мирослав Трајковски

0-02-05-985a7d8b0c8498175184038ba5cb8c29210445c3700694689b6563596557bf72_6fa6f7c8243e9f3b.

Модули

Модул 1 - Што е анксиозност?

Кои се симптомите и што стои зад нив.

 

Модул 2 - Зошто сме анксиозни?

Како несвесно се доведуваме до анксиозност и како да излеземе од тој круг.

 

Модул 3 - Моќта на сегашниот момент

Враќањето во сегашниот момент е клучно за справување со анксиозноста.

 

Модул 4 - Контакт со себе е прв чекор кон мир

Како контактот со себе води кон повеќе мир и слобода.

 

Модул 5 - Во контакт со себе и анксиозноста

Како да стапиме во контакт со емоциите и симптомите за да ја препознаеме нивната

порака за подобри и посвесни избори.

 

Модул 6 - Мои емоции, мои потреби - моја одговорност

Зошто одговорноста за сопствените емоции и потреби е клучна за справување со анксиозноста.

 

Модул 7 - Перфекционизмот - тивкиот мотор на анксиозноста

Како стремежот кон совршенство станува извор на анксиозност и што навистина стои зад таа потреба.

 

Модул 8 - Скриениот двигател на анксиозноста:

очекувањето другите да нѝ ги исполнат потребите

Како несвесното очекување другите да ги задоволат нашите потреби ја одржува анксиозноста

 

Модул 9 - Само-поддршка - клуч за справување со анксиозноста

Како да изградиме капацитети за само-поддршка и само-љубов.

Терапевтски сесии со клиент

Ѕирни во секојдневната борба на човек што се справува со анксиозност. Преку неговата приказна ќе дознаеш кои се најчестите причини за анксиозноста и ќе искусиш вежби од психотерапијата за ефикасно справување со симптомите, немирот и самокритиката.

Едукативни содржини за анксиозноста

Преку видео разговори ќе го следиме процесот на клиентот и

ќе одговориме на следниве прашања:

  • Што е анксиозноста? 

  • Зошто се појавува?

  • Зошто се враќа? 

Работна книга за само-рефлексија

Знаењето е вредно, но себе-спознавањето ја носи промената.

Затоа не те оставаме само со информации. Во работната книга се вклучени повеќе од 40 внимателно избрани прашања за само-рефлексија кои ќе те водат кон подлабоко спознавање на себеси и корените на твојата анксиозност.

Водечки аудио вежби

Аудио вежбите траат во просек 10-15 минути и можеш да ги слушаш кога и да ти е потребно за да:

 

  • Го смириш телото и умот

  • Се запознаеш себеси и коренот на твојата анксиозност

  • Ја вратиш контролата врз своите емоции, стравови, симптоми

  • Изградиш капацитети за чувство на безбедност и мир

Индивидуална поддршка

Во рамки на програмата е вклучена и индивидуална поддршка со гешталт едукант во завршна фаза.

Во безбеден простор ќе можеш да ги разгледаш твоите прашања, дилеми и искуства за содржината во модулите. 

Благица Р. Ваниќ, е психолог, психотерапевт, тренер и супервизор со меѓународно искуство - кој ја истражува и негува човечката природа, во сите нејзини нијанси.

 

​​"Верувам дека секоја промена започнува со свесност

– со моментот кога ќе застанеме, ќе погледнеме во

себе и ќе го препознаеме она што е живо и

вистинито во нас.

​

Мојата работа е повеќе од професија – таа е мој

повик. И секогаш кога ќе видам некој како прави мал чекор кон себеси, знам дека сум на вистинскиот пат.

 

Верувам дека секој човек носи во себе огромен потенцијал за промена и раст.

 

Мојата улога е да ве поддржам на тој пат – без осудување, со почит и со внимание кон вашата приказна."

Предавач: Благица Р. Ваниќ

DSC_4411-9.png

За кого е оваа програма?

Оваа програма е за сите тивки борци кои што секој ден функционираат "нормално"–

додека во себе водат битка која  никој не ја гледа.

​

За луѓе кои живеат со постојан немир, прекумерно размислување

и страв дека нешто лошо ќе се случи.

​

За оние што веќе пробале многу начини да се смират,
но сега се подготвени за нешто подлабоко –

за еден подлабок пат.


Пат на вистинско разбирање на својата анксиозност.

Пат што постепено води кон стабилен мир
и намалување на нејзиното влијание во твојот живот.

​

Ако си преморен/а од брзи решенија, од кругот на надеж и разочарување

и сакаш стабилна и вистинска промена - оваа програма за справуавање со анксиозност е за тебе.

Цена за онлајн програмата
3600 денари

Како да се пријавиш?

1. Пополни ја кратката форма со твоите основни податоци.
2. Ќе добиеш е-маил со детални информации за уплата.
3. По уплатата ќе ти овозможиме пристап до модулите.​

Anchor 1

Немаш обврски за плаќање додека не одлучиш да продолжиш.

Пријави се сега

Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:


077 865 785
shs.gestalt@gmail.com

Често поставувани прашања

Колку време трае онлајн програмата?
По купувањето, добиваш целосен пристап до модулите во времетраење од 40 дена. Програмата е осмислена така што може да се следи со 20–30 минути дневно. Доколку сакаш да го продолжиш пристапот по истекот на 40 дена, тоа е можно со дополнителна доплата.

 

Не знам дали онлајн програма може да ми помогне?

Можеби прашањето не е дали програмата сама по себе ќе ја реши анксиозноста. туку: дали си подготвен/а да почнеш да ја разбираш. Оваа програма нема магично да ја избрише анксиозноста. И по гледањето на модулите веројатно и понатаму ќе имаш моменти на страв или анксиозност.

 

Но она што може да го направи е многу важно: Да ти помогне да ја разбереш анксиозноста, да откриеш што се крие зад неа, и да изградиш поинаков однос со твоите мисли, емоции и стравови. За многу луѓе токму тоа е првиот чекор од постојана борба со анксиозноста кон повеќе мир, самоподдршка и сигурност во себе.

Дали можам да ја следам програмата по свое темпо?
Да. Можеш да ја следиш во ритам што ти одговара. Пристап до модулите имаш 24/7 и може да ги гледаш во време што тебе ти одговара.
​
Како добивам пристап по купувањето?
Откако ќе се пријавиш на твојата е-пошта ќе добиеш инструкции за уплата. Плаќањето се врши преку банкарска уплата. По извршената уплата, потребно е да креираш корисничка сметка на нашата веб страница. Откако ќе се регистрираш, ќе ти овозможиме пристапот до модулите и веднаш можеш да започнеш.

Што ако немам време?

Онлајн програмата е осмислена да можеш да ја следиш со околу 20–30 минути дневно.

Не мораш да ја изгледаш одеднаш. Можеш да учиш во свое темпо и во време кога тебе ти одговара.

Дури и малите, конзистентни чекори се доволни за да почувствуваш промена.

​

Дали оваа програма е замена за психотерапија?

Разговорот со психотерапевт и индивидуалната психотерапија имаат посебна вредност
и за многу луѓе тоа е најдлабокиот начин на работа со себе. Оваа онлајн програма не е замена за психотерапија. Но за многу луѓе може да биде прв чекор —особено затоа што е подостапна и од економски и од психолошки аспект.

​

Некои луѓе можеби во моментот немаат финансиска можност за редовна терапија.
Други пак чувствуваат трема или несигурност веднаш да започнат разговор со терапевт.

​

Во такви случаи, оваа програма може да биде безбеден и достапен начин да почнеш подобро да ја разбираш својата анксиозност, да стапиш во контакт со своите емоции и потреби и постепено да се подготвиш за подлабока работа со себе.

​

Што ако не ми помогне?

Доколку по започнувањето на програмата почувствуваш дека не е вистинскиот избор за тебе, можеш да побараш поврат на средствата во рок од 7 дена од купувањето. Нашата цел е да се чувствуваш сигурно во својата одлука.

© 2025 Created by KTD

bottom of page