top of page
Search

Контактот со себе е првиот чекор кон помирен живот

Првиот проблем кој води кон


анксиозност, немир, стравови, ниска самодоверба, само-критика, чувство на безвредност или физички симптоми


е губење на контактот со себе.


Зошто е тоа така и што значи контакт со себе?


Кога сме во контакт со себе — свесни сме за тоа што се случува во нас и околу нас.


Свесно ги препознаваме нашите потреби, емоции, мисли, физички сензации, импулси.


Но кога губиме контакт со себе често се случува ова…


Организмот постојано дава сигнали:


нешто ни недостасува,

нешто нè плаши,

нешто потиснуваме,

нешто нѝ е потребно. 


но до нас не стига информацијата.


Таа дисконекција со себе нѐ оневозможува да знаеме:


Што чувствувам сега?

Што ми е потребно?

Што навистина се случува во мене?


И кога подолго време не сме во контакт со себе - се случува конфликт.


Конфликт помеѓу потребите на организмот и нивно непрепознавање.


Имаме емоции што сакаат да бидат почувствувани.

Потреби што сакаат да бидат изразени.

Енергија што сака да се движи.


Но остануваат потиснати.

И тој конфликт не исчезнува.


Туку се манифестира во телото како 


анксиозност

немир

стравови

или физички симптоми. 


Но, ако го разбереме ова,

може да го направиме првиот чекор кон мир - токму сега.


Застани на 5 минути и пробај го ова. 


Ако не можеш, не се обвинувај и не се притискај. 


  1. Вдиши длабоко

  2. Забележи кои емоции ги чувствуваш сега ( страв, немир, лутина, тага)

  3. Забележи како тие емоции се пројавуваат во телото (срцебиење, стегање во градите, притисок во грлото)

  4. Прашај се - Што ми е потребно сега?


Тоа е контактот со себе.


И најважно.


Не се прави еднаш и толку.


Туку континуирано.

Ден за ден.

Момент за момент.


И токму тоа ќе те води кон 


  • подобро разбирање на себеси и својот организам

  • повеќе свесност, мудрост, љубопитност

  • подобри избори за себеси


И на крај…


Помалку стравови, немир, напнатост,

А повеќе мир, само-љубов и присутност.


Додека си тука провери го интензитетот на твојата анксиозност на овој линк


Доколку сакаш подлабоко да разбереш што твоите симптоми приклучи се бесплатно на првите модули на програмата за справување со анксиозност.







 
 
 

Comments


Добивај ги следните едукативни содржини за ментално здравје

Се читаме наскоро! 

Заследи нѐ

  • Instagram
  • Facebook

© 2025 Created by KTD

bottom of page