top of page
Search

Како да се справиш со непријатните емоции?

Самото нарекување на емоциите „непријатни“ е првата препрека кон нивно смирување.


Кога им даваме негативно значење, суптилно сакаме да ги елеминираме.


Да се ослободиме од нив.


Но, се додека ги отфрламе тие ќе се враќаат посилни.


Не затоа што се проблем, туку затоа што носат порака од нас за нас.


 Лутината може да е сигнал дека не сме поставиле граници

 Стравот потреба да се заштитиме

 Тагата знак дека нешто ни значело


Кога пораката на емоцијата ќе биде прифатена и слушната - таа почнува да се смирува.


Токму затоа свесниот контакт со емоциите е првиот чекор кон нивно смирување.


Тоа значи дека:


Не ги осудуваме како непријатни

Не ги потиснуваме како непосакувани

Ги слушаме што имаат да кажат


Зошто да не стапиш во свесен контакт со своите емоции токму сега и овде?


  1. Препознај ја емоцијата


Дај ѝ име. Кажи: „Сега чувствувам ____“.

Остани со емоцијата без да ја етикетираш како непријатна.


Понатаму забележи:


„Каде ја чувствувам емоцијата во телото?“

“Каква форма и боја има емоцијата во телото?”

“Како би изгледала емоцијата ако ја замислам?”


Ова ќе ти помогне да стапиш во контакт со емоцијата, наместо да си целосно обземен/а од неа.


2. Слушни ја емоцијата


Замисли дека емоцијата стои пред тебе.


Можеш да земеш тефтер и да ги запишеш нејзините одговори.


Прашај ја:

Што сака оваа емоција да ми каже?

Дали се крие некоја моја потреба позади оваа емоција?


3. Забележи како се чувствуваш сега


Дали има промена ?

Дали емоцијата се намали, зголеми или остана иста?

Дали доби некои интересни одговори од неа?

--------------------------------

Со оваа едноставна практика учиме дека емоциите не мора да бидат пречка - туку дел од нашиот пат кон повеќе автентичност, мир и слобода.


Доколку сакаш да го разбереш коренот на твојата анксиозност и чекор по чекор да ја смируваш, приклучи се бесплатно на првите модули на програмата за справување со анксиозност.





 
 
 

Comments


Copy of Vebinar - segashniot moment.png

Добивај ги следните едукативни содржини за ментално здравје

Се читаме наскоро! 

Заследи нѐ

  • Instagram
  • Facebook

© 2025 Created by KTD

bottom of page