top of page
Karierno sovetuvanje.jpg

Кариерно советување

Замислете работна атмосфера каде секој член на тимот се чувствува овластен да расте и да успее. Нашата програма за кариерно советување е дизајнирана да ги поттикне вработените да работат кон откривање на своите силни страни и да го достигнат својот целосен потенцијал.

  • Се вклучуваме во процесот на регрутација и селекција на кандидати преку процена, интервју и тестирање.

  • Во текот на работењето, го следиме кариерниот развој на вашите вработени и сме достапни за вас секогаш кога ќе ви треба советување и насоки.

Со цел да се добие јасна слика и да се направи соодветен план за развој на кариера, потребно е да се направи профилирање на вработените. Ова ќе овозможи двонасочниот комуникациски процес преку интервју и дискусија за индивидуалните планови за кариера. Имаме докажани техники за откривање на правците за развој на кариера (психолошко тестирање, лични SWOT анализи, формулари за краткорочно и долгорочно планирање на кариерата) преку слушање и тестирање ги детектираме потребите за професионален раст и развој на секој вработен и воедно го проценуваме тековното задоволство и мотивација за работа. Во овој процес, пожелно е нашите професионалци да се присутни во самата работна средина за да добијат подетална слика за вештините, пристапот и начинот на работа како и за организациската култура (вредностите) што се најбитни за успешно извршување на работните задачи.

Преку процесот на интервјуирање и тестирање, покрај информациите за индивидуален развој на вработените, ќе ви овозможиме да ги разберете бариерите за ефикасноста на вработените и мотивацијата. Со препознавање на пречки за продуктивноста, можеме да ви помогнеме да
ја зголемите својата интерна комуникација и мотивација. Ние, исто така можеме да ви го пренесеме вистинскиот интерес на вработените за својата положба која ја имаат, идеите, коментарите и сугестиите. Како резултат ќе добиете извештај за мотивација, со сугестии и конкретни предлози. Исто така и индивидуален профил на вработените.

  • Спроведуваме годишни истражувања за потребите за тренинг во вашата компанија со цел да ги дефинираме потребите за едукација и тренинг. Се грижиме за секој вработен поединечно во текот на целиот негов работен век, следејќи ги неговите потреби и промени, давајќи им поддршка во зголемувањето на нивните знаења и вештини.

  • Користејќи ги резултатите од тестирањата, интервјуата и истражувањата предлагаме план и програма за обуки и менторство.

  • Воедно, во рамките на нашиот тренинг центар ви нудиме тренинзи, работилници и обуки кои ќе ви помогнат во подобрување на компетенциите на вашиот кадар. Наша грижа е секој од вработените да добие адекватна едукација и тренинг во согласност со неговиот/нејзиниот профил на кариера и интереси.

© 2025 Created by KTD

bottom of page