
Обука за давање на прва психолошка помош и психосоцијална поддршка
Со посетување на оваа обука едукантот се стекнува со вештини за умешно препознавање на симптоми кај лица на кои им е неопходно прва психолошка помош и пружање адекватна психосоцијална поддршка на истите.
Модул 1: Инвестирање во ментално здравје
Цалта на овој едукативен процес е запознавње со значајностите и влијанијата кои произлегуваат како резултат на менталното здравј. Односно како одржување на витална ментална хигиена придонесува врз нивото на индивидуална ефективност и животна благосостојба.
Модул 2: Фалсилитација
Што значи да се побара помош? Како е да се биде личност која бара помош? Преку препознавање и толкување на овие и други слични прашања оваа обука го оспособува едуканто да ги подобри своите
меѓучовечки вештини, да научи да ги евалуира сите можни решенија и начини за давање на психосоцијална поддршка и како практично да соодветствува во различни ситуации и контексти.
Модул 3: Емоционална конекција
Како препознавате дека еден човек има силни емоции и чувства? Препознавањето на туѓите чувства и воспоставување на емционална конекција претсавуваат способност за разбирање на луѓето преку завземање на нивната перспектива. Овој аспект е неодделив дел од секојденвното живеење и претставува клучна точка во градење на сигурни интерперсонални релации и агилност при пружање ППП и ПСП.
Модул 4: Комуникација при ППП и ПСП
Како знаете кога некој внимава? Колку може да осознаете за една индивидуа кога слушате? Преку оваа обука се нагласува критичната улога на вербалната и на невербалната комуникација во градењето ефективни односи. Истражува како да се препознаат знаците на внимание, како што се тонот на гласот, говорот на телото и изразите на лицето, истовремено нагласувајќи ја важноста од активно слушање преку трпение, посветеност и вистинска желба за разбирање. Учесниците ќе научат за значењето на невербалните знаци - како контакт со очи, држење на телото, гестови и физичка дистанца - кои ја формираат основата на човечката интеракција и пренесуваат значење надвор од зборовите. Исто така, нагласени се и техниките како што се внимателна тишина, соодветна употреба на допир и совпаѓање на гласовниот тон за да се поттикне емпатија и емоционално изразување.
Модул 5: Важноста на поставување прашањ при ППП и ПСП
Овој модул ја истражува клучната улога на техниките за собирање информации и подобрување на нивната интерпретација во контекст на менталното здравје. Учесниците ќе научат колку е важно да се
поставуваат прашања за да се извлечат конкретни детали и да се обезбедат алтернативни перспективи за ситуациите. Модулот ги прикажува основните насоки за ефективно испрашување, како што е нежно формулирање прашања, избегнување на водечки прашања и овозможување соодветно време за одговори. Различни типови прашања се испитуваат за да им помогнат на фасилитаторите ефективно да се движат низ комуникацијата. Покрај тоа, во овој сегмент се дава акцент на соодветната употреба на прашања во кризни ситуации и одржување на фокусот на потребите на поединецот.
Модул 6: Рефлексија
Процесот на рефлексија претставува совршена алатка која придонесува за подобрување на комуникацијата и разбирањето при обидите за потпомгање на менталното здравје. Со следење на
обукта едукантите се здобиваат со три клучни типа на размислување - содржина, чувство и значење. Рефлексијата на содржината вклучува сумирање на фактичките аспекти на приказната на една личност, додека рефлексијата на чувствата ги идентификува и потврдува емоциите зад приказната. Рефлексијата на значењето го истражува подлабокото значење на наративот, откривајќи ги основните грижи или мотивации.
Модул 7: Разбирање на човечкиот развој
Овој модул го испитува човечкиот развој низ животните фази, истакнувајќи ги предизвиците поврзани со возраста, културните влијанија и универзалните потреби. Тука, вниманието е насочено кон точна проценка на поединците и адресирање на проблеми како што се тешкотиите при учење во детството, притисокот од врсниците во адолесценција, борбите во развојот на кариера кај возрасните и прашањата за нега и грижата на постарите. Модулот исто така ги истражува социјалните интеракции и важните фактори како што се семејната динамика и економскиот статус. Преку дискусии и вежби, едукантите добиваат увид во човечкиот раст, поттикнувајќи подлабоко разбирање на поединците и нивните
развојни патувања.
Модул 8: Разбирање на разликите
Свесноста за истражувње на различностите и увидот како поединците се дефинираат себеси преку фактори како што се возраст, пол, религија, физичката способност и сексуалната ориентација се од голема важност. Тие го нагласуваат влијанието на културата врз ставовите, однесувањата и перцепциите, истакнувајќи ги разликите во поглед на работата, семејството, успехот и социјалните норми. Целта на овој сегмент е поттикнување на културната свест, чувствителност и ефективна комуникација при интеракција со различни поединци.
Модул 9: Разбирање на проблеми
Во овој моду, еукантите ќе се здобијат со знаење и развој на интерперсонални вештини се со цел полесно да разберат како одредени поединци се справуваат со проблеми, интензитетот на
нивните предизвици и нивните реакции на стрес. Учесниците ќе ги истражуваат разликите помеѓу стресот, вознемиреноста и нарушувањето, како и факторите кои влијаат на реакциите, како што се безбедноста, личните потреби и вредности. Преку категоризација на реакциите кои се униктни за секој еден човек и препознавање на истите, едукантите ќе развијат соодветни стратегии за поддршка на секоја група, фокусирајќи се на интензитетот, времетраењето, зачестеноста на проблемот и евалуирње на стиловите кои се имплементираат за справување.
Модул 10: Реашавање на проблеми и задавање на цел
Поседување основни вештини за справување со предизвици и воспоставување остварливи цели е неоделив дел од секојдневието. Затоа валидна проценка за подготвеноста кон промени, истражување на мотивите и користење разновидни техники за решавање на проблемите се од исклучителна важност за зголемување на животниот квалитет кај секој поединец. Клучните вештини вклучуваат поставување отворени прашања, рефлексија на чувства и задавање на реални, специфични и мерливи цели кои ќе
ја обезбедат посакуваната траекторија кон развој и промена.
Модул 11: Препознавање на стрес, вознемиреност и растројство
Не само што е исклучително важно разграничувањето помеѓу состојбите на стрес, вознемреност и растроствој, туку и истакнувањето на различните клучни причинители како што се хроничните болести, социјалната неповолност, траумата и економските тешкотии. Обуката опфаќа различни состојби на
менталното здравје, вклучувајќи анксиозност, депресија, пострауматско стресно растројство, психоза итн. Ги објаснува нивните знаци, симптоми и влијание кај различни возрасни групи, од деца до постари лица. Дополнително, го нагласува раното откривање, интервенцијата и улогата на системите за поддршка и стратегиите за третман.
Модул 12: Олеснување во кризи, трауми, злоупотреба и насилство
Целокупна интерпретација и разбирање на три диферентни состојби како што се стрес, криза и траума, кои го нарушуваат или се закануваат да го нарушат психолошкото или физичко функционирање на една личност, нагласуа можност за пружање на адекватна психосоцијална поддршка и подобрување на менталното здравје.
Модул 13: Малтретирање во детството
Mалтретирањето на децата, вклучувајќи сексуална, физичка и емоционална злоупотреба, претставува сериозен проблем на глобално ниво. Истовремено, од непроценливо значење е истакнување на фактот дека запоставувањето претставува најраспространета форма на злоупотреба. Нашата цел за успешна
борба проти се поголемата зачестеност на овие појави, се реализира преку оспособување и едуцирање на фасилитатори за ментално здравје кои умешно ги препознаваат краткорочните и долгорочните ефекти на злоупотребата врз жртвите, карактеристиките на сторителите и важноста на кризна интервенција со фокус на безбедност и стабилизација. Обуката, исто така, се однесува на бариерите за барање помош, како што се негирање и обвинување.
Модул 14: Работа со мигранти, бегалци и жртви на тортура
Оваа програма се однесува на предизвиците за менталното здравје со кои се соочуваат мигрантите, бегалците и жртвите на тортура. Ги истакнува тешкотиите во комуникацијата и интеграцијата, културните разлики и потенцијалот за загуба и траума кај овие популации, што доведува до состојби како ПТСН, анксиозност, депресија и самоубиствени мисли. Програмата ја нагласува важноста од градење доверба и разбирање на влијанието на траумата врз поединците и семејствата. Испитува стратегии за помош, вклучувајќи проценка за ментални нарушувања и симптоми на ПТСН, обезбедување емоционална поддршка. Понатаму, ги истражува процесите на закрепнување кои се фокусираат на стабилизирање на симптомите, загуби на жалост, интегрирање на трауматски искуства и поправка на односите, истовремено промовирајќи грижа за себе и здрави механизми за справување.
Модул 15: Препознавање и помагање при самоубиство
Овој модул обезбедува суштински информации за препознавање и помагање на поединци изложени на ризик од самоубиство. Ја нагласува сложената интеракција на биолошки, психолошки и oпштествени фактори кои придонесуваат за самоубиство, заедно со клучните фактори на ризик како стрес, траума и лични загуби. Го нагласува идентификувањето на ризичните поединци, проценувањето на нивото на ризик, обезбедувањето поддршка и олеснувањето на пристапот до професионална помош за време на
криза, вклучително и поставување директни прашања и користење ресурси. Исто така, го анализира влијанието на самоубиството врз пријателите и семејствата и важноста на грижата за себе за оние
кои се вклучени во превентивните напори.
Модул 16: Консултации со професионалци
Соодветни препораки и консултации направени со професионалци во доменот на менталното здравје е од исклучинтелна важност. Воедно, едукнатите овде се запознаваат со ресурсите на заедницата кои се неопходни во процесот на фасилитација, препознавањето кои ситуации ескалираат надвор од нивните
способности и каде се јавува потреба од професионална интервенција. Клучните теми вклучуваат изградба на мрежа за упатување, собирање потребни информации за упатувања и препознавање на итни случаи за ментално здравје. Исто така, го опфаќа процесот на консултации со врсниците за поддршка и решавање на проблеми во олеснување на менталното здравје.
Модул 17: Завршување на врската за помош
Признавањето и соодветното справување со крајот е од клучнозначење за да се спречи зголемена вознемиреност и нерешени прашања. Знаците дека врската со помош е при крај вклучуваат
подобрена состојба на личноста, прифаќање на конкретната ситуација, способност за донесување одлуки, признавање дека проблемот е намален, зголемена само-ефикасност и откривање на
корисни ресурси. Чекорите за прекинување на врската со фасилитатор за ментално здравје вклучуваат сумирање на ситуацијата, истакнување на силните страни и минатите напори, преглед на идните избори, идентификување начини за следење на напредокот и оставање на вратата отворена за иден контакт.
Клучните работи вклучуваат препознавање на крајот на врската за помош како значаен дел од процесот и обезбедување
Модул 18: Придобивки од контекстуализирање на програмата за фалиситација на менталното здравје
Овој модул ја нагласува важноста од контекстуализирање на програмата ,,Фасилитатор за ментално здравје” за да се обезбеди нејзино ефективно спроведување во одредена заедница. Контекстуализацијата вклучува идентификување на потенцијални помошници во заедницата, разбирање на локалните потреби и ресурси за ментално здравје и ангажирање на засегнатите страни. Клучните прашања што треба да се земат в предвид вклучуваат: Кои потреби за ментално здравје не се исполнети? Кои ресурси се достапни и како може да се прошират? Кој е загрижен за овие потреби и какви активности преземаат? Со прилагодување на програмата ,,Фаслитатор за ментално здрацје” учесниците можат подобро да се справат со потенцијалните предизвици за имплементација, да ги намалат празнините во пристапот
Модул 19: Клучни точки
Обуката ги прикажува клучните точки од модулите за подобрување на менталното здравје. Опфаќа низа теми, вклучувајќи ја важноста на менталното здравје, подготовка за олеснување, разбирање и
комуникација за чувствата, ефикасно користење на прашања и користење техники за размислување. Модулите, исто така, се однесуваат на човечкиот развој, различноста, решавање проблеми, поставување цели, препознавање на стрес и нарушувања, кризна интервенција, малтретирање на деца, работа со мигранти и бегалци, превенција од самоубиства, упатување, прекинување на врските за помош и контекстуализирање на програмата ,,Фасилитација за менталното здравје” во одредени заедници. Општата цел е да што поголем број на индивидуи за се опремат со знаења и вештини потребни за да се обезбеди ефективна поддршка и да се поврзат поединците со соодветни ресурси.