top of page
Search

Катастрофата од која се плашиш веќе се случила

Многу често мислиме дека стравовите за иднината се навистина за иднината…


Но, дали е секогаш така?


На пример стравовите:

- Ќе ме посрамотат и понижат на состанокот

- Нема да успеам. Ќе мислат дека сум губитник

- Ќе ме напуштат


Сосема е можно да извираат од минатото.


Сосема е можно тоа од што најмногу се плашиме дека ќе се случи - веќе да се случило години наназад.


Можеби некогаш сме биле:

– засрамени

– критикувани

– понижени

– отфрлени

– напуштени


И денес, кога се наоѓаме во слични ситуации, не реагираме само на сегашноста.


Реагираме со страв да не се случи истото пак заради болката од минатото.


Но, проблемот е што често не се сеќаваме свесно на таа мината болка.


Толку било болно тоа искуство - што тие мемории сме ги потиснале надвор од нашата свесност.


Во зони во умот до кој не секогаш имаме пристап.


Па така тие искуства затскриени зад стравовите за иднината - потсвесно нѝ прават хаос во животот ден за ден.


И често не можеме да направиме разлика дали стравот е заради минато искуство или реална опасност.


Но, имаме нешто многу моќно на наша страна.


Способноста за контакт со себе во сегашниот момент.


Токму во сега и тука може да ги забележиме нашите најголеми стравови за иднината.


Да ги ставиме на тапет и да се запрашаме.


 Дали овој страв веќе некогаш се случил?


Можеби ќе откриеме дека:


- Не е целосна вистина дека ќе не посрамотат - туку само се плашиме затоа што некогаш сме биле засрамени или понижени.

- Нема да мислат дека сме губитници - туку само се плашиме затоа што некој порано направил да се осеќаме како такви.

- Нема да бидеме напуштени - туку дека веќе некогаш некој не напуштил.


Оттука доколку сакаме иднината да нѝ биде помирна, потребно е да се потсетиме на катастрофите што некогаш се случиле.


А потоа нежно и свесно да ги оставиме таму каде што и припаѓаат.


Во минатото.


Доколку сакаш можеш да ја направиш оваа кратка вежба


Започни со пополнување на полињата за првото прашање.

Потоа за секој одговор на првото прашање обиди се да дадеш одговор на второто прашање.


Одговорите нема секога да дојдат веднаш.


Потребно е време и релаксирани услови.


Но, можеби ако си ги понесеш овие прашања со себе - одговорите ќе дојдат додека слушаш музика, патуваш, разговараш со пријател или сред ноќ.

Што се плашам дека ќе се случи ?

Што се случило во минатото?














Додека си тука провери го интензитетот на твојата анксиозност на овој линк


Или погледни го бесплатнио вебинар со клик на сликата подолу:



 
 
 

Comments


Добивај ги следните едукативни содржини за ментално здравје

Се читаме наскоро! 

Заследи нѐ

  • Instagram
  • Facebook

© 2025 Created by KTD

bottom of page