Вежба: во контакт со емоциите
- shsgestalt

- Jul 21
- 1 min read
Те покануваме да стапиш во контакт со своите емоции
токму сега и овде.
Препознај ја емоцијата
Не само силните како бес или тага, туку и суптилните како досада, празнина или чувство дека ништо не чувствуваш.
Дај ѝ име. Кажи: „Сега јас чувствувам ____“.
Остани со емоцијата без да ја осудуваш како позитивна или негативна. Следи каде ја чувствуваш во телото, забележи го нејзиниот интензитет, форма, ритам.
Слушни ја пораката
Прашај се:
Што сака оваа емоција да ми каже?
Дали се крие некоја моја потреба позади оваа емоција?
Со оваа едноставна практика учиме дека емоциите не мора да бидат пречка – тие се дел од нашиот пат кон повеќе автентичност, мир и слобода.
Доколку сакаш можеш да искусиш некои од бесплатните аудио вежби за само-рефлексија
Бесплатен вебинар:
Што е анксиозноста и како да се справиме со неа?
90 минути за да добиеш поинаква перспектива
Што всушност е анксиозноста и зошто се појавува?
Како сами се доведуваме до анксиозност?
Дали е можно да се живее квалитетен живот со анксиозност - токму благодарение на неа?
Вежба за смирување и рефлексија
Ќе одиме до коренот.
Нема да зборуваме како да ја победиш анксиозноста - туку зошто таа воопшто е тука
Погледни го вебинарот на следниот линк:







Comments