top of page
Search

Што се крие позади симптомите на анксиозност?

Многу често се случува ова...


Се појавува:


- срцебиење

- болка во слепочници

- стегање во градите

- чувство на гушење

- треперење на раце или тело


И нашата прва реакција е преплашеност.


Помислуваме на најлошото можно сценарио.


„Што ако имам некоја болест?“

„Можеби рак?“

„Можеби срцев удар?“


Иако е важно симптомите да не се игнорираат и да се проверат медицински…

Многу често се заглавуваме во стравот од симптомите.


Почнуваме да се плашиме од нив. Да се бориме со нив.


Мислиме дека тие се проблемот.


Но токму тука испуштаме една подлабока вистина:

“Дека можеби симптомот не е проблемот, туку тоа што стои позади него. “

Затоа што често зад симптомите се кријат потиснати:


Потреби.

Емоции.

Граници.

Делови од себеси.


На пример:


  Сакаме одмор…но продолжуваме со обврските за да не разочараме некого.

  

Чувствуваме лутина во бракот, но ја задржуваме во себе за мир во куќа.


  Сакаме да кажеме „не“ на работа…но трпиме од страв да не добиеме отказ.


И со тек на време во нас се создава постојан внатрешен конфликт во телото.


Од една страна има нешто што сака да се изрази.

Од друга страна го потиснуваме.


Но тој конфликт не исчезнува.

Туку се манифестира во телото како симптоми на анксиозност.


 Срцебиењето поради прекумерна работа, постојан притисок и недостаток на одмор.


 Стегање во градите заради постојаниот притисок да бидеме совршени и да не погрешиме.


 Треперењето и внатрешниот немир можат да бидат поврзани со долго потиснувана лутина, страв или напнатост


И додека мислиме дека проблемот е во симптомите, подлабоката причина зад нив останува неоткриена.


Се заглавуваме во круг обидувајќи се да ги елеминираме симптомите.


Симптоми > стравови > повеќе симптоми > повеќе стравови


Оттука често симптомите се само сигналот преку кој телото се обидува да нѝ покаже:

што чувствуваме, а не искажуваме,

што сакаме, а не изразуваме,

и каде сме се изгубиле себеси.


Затоа целта не е да ги оттурнеме со медикаменти, позитивни мисли, гејминг, Нетфликс, алкохол или премногу работа.


Туку да ѝм се приближиме.


Да разбереме:

- што се обидуваат да нѝ кажат

 - што потиснуваме

- што нѝ е навистина потребно


Токму тогаш добиваме поголема свесност што се крие зад симптомите...


И уште поважно...


Се појавуваат можности за нови избори.


Избори за тоа што да правиме со себе, своите потреби и емоции.


Доколку сакаш подлабоко да разбереш што твоите симптоми приклучи се бесплатно на првите модули на програмата за справување со анксиозност.





 
 
 

Comments


Добивај ги следните едукативни содржини за ментално здравје

Се читаме наскоро! 

Заследи нѐ

  • Instagram
  • Facebook

© 2025 Created by KTD

bottom of page