Анксиозноста тивка борба што никој не ја гледа
- Филип Неделковски

- May 14
- 2 min read
Дали ти се познати овие гласови:
- "Внимавај ќе згрешиш!"
- "Не си доволно добар/а"
- "Пази што ќе речат другите"
- "Мораш да бидеш совршен/а"
Можеби за првпат ќе слушнеш дека доаѓаат од Внатрешниот критичар.
Но иако звучат како одговорност, овие гласови често се тивкиот мотор на анксиозноста.
Како?
Некогаш во минатото сме искусиле дека грешката носи осуда, а успехот — прифаќање.
Сме научиле дека за да бидеме вредни и прифатени треба да сме безгрешни.
Секогаш паметни, убави, успешни, безгрешни.
Со еден збор совршени.
Но, да бидеме искрени, тоа е превисок стандард за било кој од нас.
Нашата човечка природа е несовршена и често контрадикторна.
И денес кога се обидуваме да живееме спротивно од тоа, во нас се појавува постојано чувство на:
- Немир
- Недоволност
- Страв од грешки
- Анксиозност и претпазливост.
Но конфликтот не завршува тука...
Кога постојано го отфрламе несовршениот аспект од нас,
во нас се појавува Саботерот.
Делот во нас кој е изморен од тоа да бидеме совршени.
Делот кој сака да лежиме цел ден.
Да сме мрзеливи, да одмориме, да одложиме, да се повлечеме.
Делот кој се бунтува на постојаните наредби и високи стандарди на внатрешниот критичар.
И тогаш се појавува тивка борба помеѓу овие два дела која не ја гледаме.
Еден дел нѐ турка да бидеме совршени.
Друг дел сака да избега од тој преголем притисок.
И токму во таа тензија се зголемува анксиозноста и немирот.
Слушањето и разбирањето на овие делови често носи олеснување.
Токму тогаш многу луѓе за првпат разбираат од каде доаѓа нивната анксиозност.
Додека си тука провери го интензитетот на твојата анксиозност на овој линк
Доколку сакаш да го разбереш коренот на твојата анксиозност и чекор по чекор да ја смируваш, приклучи се бесплатно на првите модули на програмата за справување со анксиозност.






Comments