top of page

ОД ПОСТОЈАН СТРАВ И НЕМИР
ДО ВНАТРЕШЕН МИР И СИГУРНОСТ

Практична онлајн програма која ќе ти помогне да го разбереш коренот на твојата анксиозност и чекор по чекор да ја смируваш.

Онлајн програма за справување со анксиозност на македонски јазик која ќе ти помогне да се чувствуваш посигурно и побезбедно во твоето тело.

ШТО Е ВКЛУЧЕНО?

Модул 1 - Што е анксиозност?

  • Кои се симптомите на анксиозност и што стои зад нив?

  • Работна книга со 40+ прашања за рефлексија

  • Сесија со клиент што се справува со анксиозност

  • Тест за анксиозност

 

Модул 2 - Зошто сме анксиозни?

  • Како несвесно се доведуваме до анксиозност?

  • Што се случува во телото и умот кога сме анксиозни??

  • Како да излеземе од кругот на анксиозноста?

 

Модул 3 - Моќта на сегашниот момент

  • Како да се справиме со анксиозноста во сегашниот момент?

  • Сесија со клиент што се справува со анксиозност

  • 4 аудио вежби за само-рефлексија и смирување

Модул 4 - Контакт со себе е прв чекор кон мир

Како контактот со себе води кон повеќе мир и слобода.

 

Модул 5 - Во контакт со себе и анксиозноста

Како да стапиме во контакт со емоциите и симптомите за да ја препознаеме нивната

порака за подобри и посвесни избори.

 

Модул 6 - Мои емоции, мои потреби - моја одговорност

Зошто одговорноста за сопствените емоции и потреби е клучна за справување со анксиозноста.

 

Модул 7 - Перфекционизмот - тивкиот мотор на анксиозноста

Како стремежот кон совршенство станува извор на анксиозност и што навистина стои зад таа потреба.

 

Модул 8 - Скриениот двигател на анксиозноста:

очекувањето другите да нѝ ги исполнат потребите

Како несвесното очекување другите да ги задоволат нашите потреби ја одржува анксиозноста

 

Модул 9 - Само-поддршка - клуч за справување со анксиозноста

Како да изградиме капацитети за само-поддршка и само-љубов.

ДОБИЈ БЕСПЛАТЕН ПРИСТАП ДО ПРВИТЕ
3 МОДУЛИ

1. Пополни ја кратката форма со твоите основни податоци.

2. Ќе добиеш е-маил со насоки како да пристапиш

Немаш обврски за плаќање додека не одлучиш да продолжиш.

Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:


077 865 785
shs.gestalt@gmail.com

Искуства на учесници

Како самохрана мајка на две ќерки, живеев со постојано чувство дека не смеам да се распаднам. Немав простор за слабост. Секој финансиски трошок, секоја болест, секоја непредвидена ситуација во мене будеше паника. Навечер, кога децата ќе заспиеја, почнуваше вистинската бура од мисли – „што ако не сум доволна?“, „што ако не успеам да ги заштитам?“. Бев исцрпена, а сепак не можев да се опуштам. Преку курсот сфатив дека мојата анксиозност е поврзана со огромната одговорност што ја носам – и со стравот дека морам да бидам силна по секоја цена.

Научив да застанам. Да си дозволам човечност. Да не го мешам стравот со реалноста.

Денес сè уште имам грижи – но не ме управуваат. Имам повеќе стабилност во телото и повеќе нежност кон себе. А моите ќерки ја чувствуваат таа промена.

Силвана

Anchor 2

© 2025 Created by KTD

bottom of page