Интернационална работилница - Гратче 2026
- Благица Р. Ваниќ

- 4 days ago
- 1 min read
Updated: 3 days ago
Викенд за паметење…
Прекрасни 28 луѓе кои на едно место споделуваат радости и тага, соништа и сомнежи, надежи и стравови.

Но, пред се ја споделуваат љубовта кон човекот.
Љубовта кон психологијата.
Љубовта кон Гешталт психотерапијата.
Токму тоа се случуваше на завршната работилница за едукантите по Гешталт едукацијата - која се одржа минатиот викенд во прекрасното место Гратче во Кочани.
Низ текот на 4 дена - едукантите имаа можност да искусат 11 работилници меѓу кои:
Свесност и справување со срамот
Истражување на својот животен круг составен од релации, улоги, емоции, потреби.
Љубов и интимност
Свесност, апетит и емоции
Гешталт експеримент на театарска сцена
Градење заедница
Позитивна проекција
Мистичните корени на Гешталт
ПТСН - Гешталт пристапот кон траумата
Неурографика - Контакт преку линија, форма и свесност
Рефлексивен журнал - Дневникот на ништотијата
Групните работилници се навистина лекувачки, освестувачки, инспиративни и мотивирачки.
Исполнети се со сочувство, емпатија и многу топли прегратки.
Водат кон живот со поголема свесност, автентичност, мир и слобода.
Кон повеќе поврзаност со себе и останатите околу нас.
Доколку сакаш можеш да погледнеш како си поминавме на следново видео.





Comments