Животна училница за себеспознавање
Гешталт искуствени работилници за личен раст и развој
Работилниците ќе започнат да се одржуваат од Октомври па се до Јуни.
Доколку сакаш да те информираме веднаш штом бидат утврдени датумите, пополни ја кратката форма на овој линк
Истражи ги животните вештини за посреќен, поисполнет и посвесен живот.
Кои се придобивките кога учиш во група?
Работата во група може да го забрза растот и развојот затоа што:
-
Ќе откриеш дека и другите имаат слични предизвици како твоите
-
Ќе црпиш вредни животни искуства од искуствата на другите
-
Ќе вежбаш нови животни вештини во безбедна средина.
-
Ќе градиш нови длабоки пријателства
-
Ќе бидеш дел од заедница која си пружа поддршка кога е најтешко
Работилниците се организирани од
Гешталт институт - Советувалиште за хумана соработка
СХС Гешталт Македонија е најстариот Гешталт институт во Македонија, основан во 1998 година.
Во изминатите повеќе од две децении, низ програмите за личен и професионален развој поминале над 1.000 учесници, вклучувајќи студенти од Турција и Грузија.
Како да се пријавиш?
Работилниците ќе започнат да се одржуваат од Октомври.
Доколку сакаш да те информираме веднаш штом бидат утврдени датумите пополни ја кратката форма подолу.
Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:
077 865 785
shs.gestalt@gmail.com
Дали овие работилници се за тебе?
Ако постојано се прашуваш:
-
Како да се справам со туѓите барања и притисоци?
-
Како да се носам со стравот, лутината, нервозата, немирот, тагата?
-
Како да го регулирам интензитетот на сите емоции?
-
Како да изградам поздрави односи со себе и другите.
-
-Како да бидеме ‘ние’ без да исчезне ‘јас’
-
Како да го контролирам емоционалното прејадување ?
-
Што се крие зад завесата на гладот ?
Или едноставно сакаш да откриеш
Како да живеам посреќно, исполнето и самоуверено?
На вистинско место си.
Ако се пронајде во овие зборови, не си сам/а.
Многу луѓе се наоѓаат во иста или слична ситуација затоа што во нашето растење:
- учевме како да бидеме послушни деца, но дали научивме како да бидеме свои?
- учевме дека треба да сме во добри односи со другите, но дали научивме да бидеме во добар однос со себе во присуство на другиот?
- учевме дека мора да сме ментално здрави, но дали научивме да ги регулираме своите емоции, пред тие да придонесат кон развивање на анксиозност и депресивни состојби?
- учевме дека треба да бидеме среќни, но дали научивме да бидеме и среќни и несреќни?
- учевме дека треба да почитуваме авторитети, но дали научивме да кажеме НЕ, без да се растопиме од вина и уништиме со само-критика?
- учевме дека бракот треба да трае засекогаш, но дали научивме како да ги искомуницираме проблемите во партнерствата, пред да се случи развод или раскинување?
- учевме дека треба да бидеме слаби и убави, но дали научивме како да ги регулираме импулсите и зависностите од прејадување?
Токму затоа ги создадовме Гешталт искуствени работилници за личен раст и развој.
Преку групна работа со искусни психолози и терапевти ќе развиеш животни вештини што ќе ти помогнат подобро да се разбереш себеси, да комуницираш подобро со другите, да го искористиш својот потенцијал и подобро да се справуваш со предизвиците на секојдневниот живот.






