top of page
Obuki za razvoj na tim.jpg

Обуки за развој на тим

Цели на обуката

Градење на тим, јакнење на интерперсоналните релации, подобрена комуникација помеѓу тимови, зголемување на меѓусебната доверба, подобрување на вештините за управување со време, аналитичко
размислување, решавање на проблеми, управување со стрес, емоции и конфликти, мотивација и задоволство на работно место, подобрување на менаџерски и организациски вештини. Времетраењто на обуката се приспособува согласно со барањата на организацијата. Сесиите кои се спроведуваат се однесуваат на различни теми и се состојат од интерактивни игри и рефлекција од истите во правец
на зголемување на свесноста за тимската работа, јакнење на тимскиот дух и меѓусебната комуникација. Од понудените сесии и вежби можат да се прават различни комбинации на тимски настани, во зависност од вашите потреби. Точки кои се разгледуваат:

 

  • Што е тим

  • Разбирање на тимска динамика

  • Фактори кои влијаат на тимот

  • Состојки за успешен тим

  • Карактеристики на ефективна тимска работа

  • Како да постигнеме ефективна тимска работа

  • Зошто тимовите доживуваат неуспех

  • Мотивација за работа

  • Справување со конфликтни ситуации

  • Справување со луѓето преку справување со конфликт

Предлози за активности

Во прилог може да разгледате дел од предлозите за активностите кои може да ги одберете, а соодветствуваат на вашите барања за развој на тим:

  • Потрага по богатство

  • Тимска олимпијада

  •  Развој на тимови преку уметничко изразување

Спроведување на организираниот настан може да се одвива во отворен или затворен простор во зависност од потребите и временските услови и вашите очекувања. Во зависност од условите и потребите може да направиме најсоодветен избор според групата на луѓе, динамиката на групата, временските услови итн. Имајте во предвид дека ова е само дел од концептите кои покажале успех при тимскиот развој и подобрување на тимската кохезија. Како и да е располагаме со серија на други вежби и активности кои исто така можат да бидат вклучени доколку е потребно.

Тест за тимски услуги

Дополнително во обуката може да биде вклучен и тест за тимски улоги. Тестот за тимски улоги БЕЛБИН е исклучително корисен тест кој помага да се изградат продуктивни работни односи, да се изберат и развијат успешни тимови, да се создаде свесност кај лицата за себе и за личната ефективност и да се изгради заемна доверба и разбирање. Можеме да ви направиме индивидуални и групни анализи (на цела организација или по сектори) кои ќе ви овозможат детално да ја скенирате вашата организација во правец на градење на соодветна стратегија за раст и развој. Слободно попбарајте понуда која ќе биде прилагодена на вашите потрреби.

© 2025 Created by KTD

bottom of page