
Обуки за развој на човечки ресурси
Искористете ја нашата екстензивна понуда на HR услуги и постигнете повеќе со помалку. Намалете ги вашите трошоци, ефективно менаџирајте ги вашите вработени, проширете или намалете ја вашата компанија без да изгубите на квалитет, итн. Со нашите комплетни консултантски услуги можете да додадете вредност на вашата компанија како никогаш досега.
Центар за кариера
Советување
-
Помош и советување во потрага по идеално работно место.
Центар за проценка на вештини
-
Дознајте на кое ниво се наоѓаат вашите вештини, пронајдете ги вашите силни и слаби страни, вашите карактерни особини, областите во кои можете да се подобрите итн. преку серија на забавни вежби и тестови. Во овој случај, знаењето е многу подобро од незнаењето.
Развој на кариерa
-
Развијте мноштво корисни алатки преку вежби, тренинзи и менторство и напредувајте во кариерата: бидете подобар во мултитаскинг, развијте подобар фокус, научете да се концентрирате на конкретната задача, подобрете ги вашите интерперсонални вештини, научете подобро да се справувате со вашите емоции, итн. Развивајте се, и вашата кариера ќе се развива со вас.
Обуки
-
Обуки за индивидуалци
- Бидете совршен кандидат: научете како да напишете впечатлива биографија (CV), како да напишете писмо за мотивација кое ќе задржи внимание, како да се однесувате за време на интервју, што да кажете/избегнувате, итн.
-
Обуки за кариерни советници
Центар за проценка на вештини
Психолошко тестирање
-
Спознајте се себеси: тестирајте ја својата личност, своите вештини, своите ставови и однесувања, својата интелигенција (IQ), својата емоционална интелигенција (EQ), своите менаџерски способности, својот вкупен степен на задоволство од животот, и многу други тестови.
Интервјуирање
-
Индивидуалци: Загосподарете со процесот на интервјуирање со наша помош и ниту едно работно место нема да биде надвор од вашата лига.
-
Компании: Усовршете ги вашите процеси на селекција и регрутација, од првичната проценка на кандидатите до самото интервјуирање. Вие го штедите вашето време, а ние Ве штедиме од главоболки.
Мерење на учинок
Една организација ја спроведува својата мисија преку индивидуалните и колективните придонеси на нејзините вработени. Поставете ја основата за совршен систем на работење и наградување со имплементација на специјализирани модели за мерење на учинок и покажете им на вашите вработени дека нивниот труд се забележува и се цени. Едноставно речено, не можете да побарате подобар и поефективен мотиватор.
Креирање на системи за мерење на учинок
-
Целно-ориентирано мерење на учинок
- Модел базиран на ефикасност кој се фокусира на поставување релевантни, реални и достижни цели и наградување на вработените кои успешно и на време ги исполнуваат истите.
-
Модел 360°
- Модел базиран буквално на повратна информација од 360 степени, каде секој во одделот т.е. организацијата ги евалуира сите останати во одделот т.е. организацијата, поставувајќи така основа за систем на наградување базиран на позитивен feedback и личниот раст и развој на вработените.
Креирање на системи за мерење на учинок
Регулација и селекција
Дизајнирање на процесот на регрутација и селекција во вашата компанија
-
Анализа на работно место
-
Креирање нови работни места
-
Креирање описи на работни места
-
Дефинирање на вредности на организацијата според кои ќе се вреднуваат потенцијалните кандидати
Обука за регрутација и селекција
-
Како да ги поврзете вистинските луѓе со вистинските работни места
-
Како да ги користите социјалните мрежи и новите медиуми во процесот на регрутација и селекција
-
Како да ги привлечете луѓето кои ги посакувате кон вашата компанија
Унапредување на кариерата на вашите вработени
-
Центар за кариера
-
Менаџмент на таленти
-
Центар за проценка на вештини
-
Мерење на учинок
Анализа на потребите за обука и развој
Идентификувајте ги постоечките вештини, концепти и ставови на човечките елементи во вашата компанија и пополнете ја празнината со имплементација на соодветните обуки. Од подобрени перформанси ве делат само неколку тренинг часа.
Креирање на системи за мерење на учинок
-
Креирање на алатки за проценка на потребите за обука и развој на вашите вработени
-
Проценка на потребите за обука и развој во вашата организација
-
Обука за проценка на потребите за обука и развој во вашата организација
-
Советување за проценка на потребите за обука и развој во вашата компанија
Мотивација и задоволство на вработените
Дали вашиот “Најнезадоволен вработен на месецот“ ве чини пари? Всушност, да – без разлика дали ќе останат во вашата организација или ќе заминат. Намалете ги трошоците и зголемете ја продуктивноста на работната средина со концентрирање на причините за незадоволството на вашите вработени, преку
воведување на feedback програми; јасна, концизна и постојана меѓукомуникација; атрактивни пакети за плати и бенефиции, обука/развој на вработени, формирање на корпоративна култура, и многу други. Задоволниот работник е тука за да остане и за да напредува, а тоа може само да ѝ користи на вашата компанија.
-
Истражување на мотивација и задоволство на вработените
-
Обука за мотивација и задоволство на вработените
-
Советување за задоволство и мотивација на вработените
-
Креирање на системи за зголемување на мотивацијата и задоволството кај вработените
-
Oбуки за развој на вработените
-
Градење на организациска култура
Организациска култура
Направете ја вашата компанија комплетна со креирање на ваша организациска култура која ќе ја користите да ги фокусирате вашите цели и стратегии кон поуспешен долгорочен бизнис. Бидете повеќе
од сумата на вашите поединечни делови.
-
Визија, мисија, вредности
-
Политики, процедури и регулативи за однесување и користење на ресурсите на компанијата
-
Советување за креирање на организациска култура
-
Обуки за креирање и воведување на организациска култура
Односи со вработени
Подобрете го односот вработен-компанија со дизајнирање на прописи кои ќе ги развиваат вашите вработени и со имплементирање на силни, правични демократски принципи кои ќе ги штитат правата на вработените.
-
Советување за права и обврски на вработените
-
Обуки за односи со вработени