Како одговорноста кон себе ја смирува анксиозноста?
- Филип Неделковски

- Jan 27
- 4 min read
Updated: Jan 28
Дали дозволуваш околината да управува со твоите емоции?
Кога го слушнав ова прашање на една од сесиите по Гешталт психотерапија - предизвика конфузија кај мене.
Но, брзо сфатив дека навистина е така.
Контролата врз нашите емоции и потреби несвесно ја префрламе на случувањата во околината.
Често ќе кажеме
Кога сум во таа ситуација ми се лоши,
Директорот ми предизвикува страв,
Тие прават да се чувствувам несреќно.
Ако нашите емоции и потреби зависат единствено од тоа што се случува околу нас - тогаш околината ја има целата контрола врз нашата среќа, вредност, лутина и анксиозност.
Се ставаме во милост и не милост на случувањата во околината.
Беспомошни. Исплашени. Анксиозни. Без чувство на контрола и избор.
Па се прашуваме:
Што можеме да направиме со нашите емоции и потреби во свет кој нема намера да се однесува така како што ние очекуваме?
Ќе одговориме преку сценариото од снимените сесии за курсот за справување со анксиозност.
Додека си тука провери го интензитетот на твојата анксиозност на овој линк
Следно во текстот:
Случајот со анксиозноста на Филип
Да земеме едно често сценарио каде префрлањето на одговорноста за емоциите и потребите на околината предизвикува анксиозност.
Филип на работното место постојано го следат стравови од отказ и контакт со директорот.
Несевесно тој контролата врз неговите емоции и потреби ја предал кај директорот.
Кога директорот ќе се налути - веднаш го обзема страв и анксиозност.
Кога ќе го пофали - се чувствува среќен и задоволен.
Кога го критикува - се чувствува безвреден.

Неговата среќа, мир и вредност се во рацете на директорот. Заради тоа прави се за да го направи задоволен.
За да избегне критика, отказ и чувство на безвредност - се обидува да биде совршен и да не греши.
Но, тоа му носи само повеќе стрес и анксиозност.
Преземање на одговорност за своите потреби
Многу често како во случајот на Филип, одговорноста за нашите емоции и потреби ја префрламе на светот.
Тоа го правиме затоа што преземањето одговорност носи ризик - ризик од одбивање, разочарувања и болка.
Затоа нѝ е полесно да ја одложуваме одговорноста и да очекуваме светот да се промени.
Додека нашите потреби и емоции тивко се бунтуваат и почнуваат да зборуваат преку симптоми.
Кога Филип станува свесен дека анксиозноста ја храни со очекувањето околината да ги задоволи и слушне неговите потреби и емоции, Благица му постави прашање:

Во тој момент одговорот беше:
“Па јас, но дали можам се?”
Исполнувањето на нашите потреби не зависи само од нас. Во голема мера зависи и од светот.
Но, сепак наместо пасивно да чекаме, важно е да преземеме одговорност и да ги слушнеме и исполниме нашите потреби и емоции.
Кога светот ќе те одбие…
Не е идејата да влеземе во илузијата дека сме 100% независни од светот. Дека се може да задоволиме сами и дека светот нема влијание врз нашата емотивна состојба.
Напротив. Сите сме меѓусебно зависни и поврзани.
Но, Гешталт не учи како да преземеме одговорност за нашите потреби и емоции.
Како да останеме во контакт со себе и кога светот кажува НЕ.
Кога ќе преземе одговорност за своите емоции и потреби, во тој момент се отвара можност да се слушнеме. Се отвара простор за избор:
Кога ќе бидеме искритикувани - што правиме со чувството на вина?
Кога ќе бидеме одбиени - што правиме со чувството на безвредност?
Кога ќе не отфрли светот, дали истото ќе си го направиме себеси ?
Ако директорот на Филип му упати критика - дали ќе се осуди дека е лош човек?
Ако има превисоки барања на работата - дали ќе ги прифати или ќе постави граници?
Ако работната атмосфера е токсична - дали ќе остане или ќе ја промени работата?

Кога Филип ќе преземе одговорност за своите потреби и емоции се отвора простор да:
ги слушне своите потреби и емоции
дознае од каде доаѓа неговата анксиозност и стравови
ја најде вредноста во себеси, наместо во мислењето на другите.

Сега неговата среќа, мир и вредност не зависат 100% од директорот.
Сега има поголема контрола врз емоциите и исполнувањето на потреби, наместо тие целосно да зависат од случувањата во околината.
Од тој момент, потребата за совршенство и задоволување на директорот се намалува.
Самодовербата, самопочита и љубовта кон себе растат, додека стравот почнува да попушта, а со него — и анксиозноста.
Клучна поента
Често нашите потреби за љубов, вредност, безбедност ги оставаме на милост и немилост на околината во која живееме.
Чекаме светот да ги слушне и исполни.
И затоа често велиме:
Тие прават да се чувствувам лошо.
Таа ситуација прави да сум анксиозна.
Таа работа ми предизвикува стрес.
Тоа значи дека очекуваме другите да ги знаат нашите потреби и да се погрижат за нашите емоции.
Очекуваме тие да не направат вредни, задоволни, сакани, среќни.

Но, често светот не функционира така. Светот често нема ниту намера ниту капацитет да ги задоволи сите наши потреби.
Оттука анксиозноста може да се смири само кога ќе преземеме одговорност за нашите потреби и емоции.
Кога не ги слушаме, тие не исчезнуваат – туку се појавуваат преку телото. Преку тензија, немир, стегање, панични напади.
Анксиозноста тогаш не е проблемот, туку порака. Порака дека нешто во нас е предолго игнорирано, потиснато или оставено без грижа.
Кога ќе почнеме да ја слушаме таа порака – не за да се обвинуваме, туку за да се слушнеме и поддржиме – тогаш почнува вистинската промена.
Анксиозноста се смирува не кога се обидуваме да го контролираме светот за да ни ги исполни нашите потреби, туку кога ќе преземеме одговорност за односот со себе, своите потреби и емоции.
Прашања за љубопитна рефлексија
Кога чувствуваш анксиозност, што е тоа што го очекуваш светот да ти го даде – а всушност ти самиот/самата не си го даваш во односот со себе?
Како дозволуваш околината да ги контролира твоите емоции?
Дали твојата вредност и мир зависи од случувањата во околината?
Важно: Овој текст има едукативна цел и не претставува замена за професионална психолошка или медицинска помош. Ако стравовите и анксиозноста значително влијаат на вашиот секојдневен живот, препорачуваме консултација со лиценциран психолог или психотерапевт. Доколку ви е потребна поддшка од психотерпавет контактирајте не на shs.gestalt@gmail.com
📩 Доколку сакаш да добиваш содржини за подобро ментално здравје приклучи се на нашиот Newsletter подолу на формата.
Се читаме!
🔁Не заборавај да го споделиш овој пост – некому може да му биде од корист.








Comments