Анксиозноста - потиснати потреби и војна со себеси
- Филип Неделковски
- Oct 10, 2024
- 5 min read
Updated: Oct 1
Од Гешталт перспектива изворот на анксиозноста се појавува кога личноста
ги потиснува своите потреби, а се одржува кога
ќе влезе во војна со анксиозноста без внатрешни ресурси за справување.
Потиснувањето на потребите се случува несвесно и незабележано.
Тоа може да биде потиснување на нашата сексуалност - прифаќање дека сум геј или бисексуалец
Потиснување на потребата да излезам од некоја токсична ситуација
Потиснување на потребата да направам нешто ново - пример да најдам нова работа.
Потиснувањето на нашите потреби на долг рок доведува до тензија во нашиот систем и борба со самите себе. Оваа тензија понатаму тоа може да се манифестира во симптоми и дополнителни стравови и грижи.
Еве една реална ситуација во која Филип ги потиснува потребите и стравовите со месеци и години и како сето води до анксиозност..
(настаните не се поврзани со личноста на сликата -туку се измислени сценарија од перспектива на едукантот)

На Филип му се случуваа ненадеен отказ од работа.
Одеднаш цел свет му се руши и потребата за безбедност која ја чуствуваше од неговата добро платена работа сега ја нема.
Во истиот момент неговиот ум и тело се ставаат во одбранбена позиција (бори се /бегај).
Постојано е бомбардиран од стравови и грижи за иднината надополнети со обвинувања и самокритика за минатото.
Заради стресот од новата ситуација Филип постојано е преплавен со физички симптоми забрзано срцебиење, плитко дишење, замор кои го отежнуваат неговото функционирање и му предизвикуваат дополнителни стравови.
Што се случува понатака?
Иако отказот е цел месец позади него, Филип заглавува во затворен круг на стравови, грижи и потиснување на емоции, мисли, симптоми и потреби.
Тој има многу потреби и емоции кои ги потиснува - меѓу кои и потребата за безбедност ( да има платена работа) и неговите емоции (стравови и грижи)
Но за потиснувањето на потребите и емоциите тој не е свесен. Тоа се случува несвесно и се заглавува во затворен круг на стравови и симптоми.
Вака изгледа затворениот круг на Филип:
Филип се обвинува за отказот - живее во минатото и постојано анализира каде згрешил - “Каде згрешив? Јас сум крив за се!”
Филип почнува се плаши од симтомите - “Страв ми е да не ме убие срцебиењево”
Станува непријател со стравот и го потиснува.- “Сакам да ги избркам стравовиве - да сум стариот безгрижен јас”
Се гуши во само критика - “Не сум доволно силен, јас сум глупав”
Одбегнува ситуации во кои може да се случи слично сценарио - “Ќе барам работа од следниот месец”
Овој затворен круг придонесува да се засилат симптомите и стравовите и така да се одржува кругот.
Овој затворен круг предизвикува магла кај него од која не може да ги види и реализира потребите.
Сето ова води кон континуирано потиснување на потребата за безбедност (да најде нова платена работа) и емоциите, а тоа води кон губење на самодовербата на Филип.
Дополнително тој се помалку верува во сопствените ресурси да се справи со анксиозноста.
Тој се повеќе се изолира во себе и влегува во војна со анксиозноста
Оваа војна со анксиозноста прави рушевини во неговиот живот.
Врските со неговите пријатели почнуваат да страдаат
Здравјето му страда зошто се храни со Junk food и лимонада Netflix серии за да ја избегне анксиозноста.
Одложува секакви “опасни” активности кои ќе му помогнат да ја разбере анксиозноста и исполни потребата за нова работа.
Самодовербата дополнително му опаѓа
Филип е оставен сам на себе - без никакви ресурси во “војната со анксиозноста”
Како да се спаси Филип?
Филип треба да изгради внатрешни ресурси за да стапи во сојуз со анксиозноста.
Во анксиозноста се кријат сите негови потиснати потреби.
Ако ја прифати и слушне анксиозноста ќе добие слобода да направи друг избор.
Избор кој ќе му помогне да ги исполни потиснатите потреби.
Како ќе го направи тоа?
Филип треба да го пронајде делот во него кој не е дефиниран од анксиозноста.
Делот кој е различен од анксиозноста.
Делот од него кој може да ја набљудува анксиозноста, да ја прифати, разбере и интегрира во неговиот живот.
Делот кој е мудар, кој ги гледа јасно работите. Делот кој ЗНАЕ!
Тој дел може да му испрати безусловна љубов на Филип, но и на анксиозноста и неговиот внатрешен критичар.
Да тој дел го има Филип, го имаш ти и секој од нас.
Тој дел во различни психолошки правци се опишува различно како:
чиста свест,
вистинско јас,
мудриот јас,
возрасниот јас.
Градењето на внатрешните капацитети и ресусрси се одвива преку овој дел од нас.
Тоа е и целта на Гешталт психотерапијата.
Филип преку Гешталт техниките - може да ги изгради неговите внатрешни ресурси и долгорочен мир со анксиозноста чекор по чекор:
Филип добива свесност дека постојано живее во анализа на минатото и стравови за иднината и дека тоа ја храни анксиозноста.
Со техники за свесност Филип учи да се набљудува и да ги види стравовите како мисли. - Тоа му помага да излезе од бурата на стравови и грижи.
Филип учи како да стапи во контакт со анксиозноста и да ја набљудува без страв и осуда.
Ја дознава функцијата на анксиозноста во неговиот живот - Таа сака да го направи совршен за да го заштити повторно од отказ - анксиозноста го спречува да да најде нова работа за да го заштити од уште еден пораз и болка.
Открива шеми на размислувања кои ја хранат анксиозноста - "Открива дека очекувањаата на светот да биде совршен маж си ги наметнува врз себе"
Ги прифаќа и интегрира сите делови од него - и анксиозноста и критичарот и осудувачот и симптомите. - Учи како да го користи нивниот потенцијал и функција.
Филип станува посамоуверен дека може да се справи со било која ситуација и да се сака себеси дури и кога не е сорвшен.
Филип на крајот има изграден капацитет да се справи со анксиозни и стресни ситуации и да прави различни избори кои ќе му овозможат да ги исполни своите потреби.
Тој сега подготвен да најде нова работа и има самодоверба дека може да се справи со можни неуспеси на новата работа.
Сите овие искусени техники во неговиот мозок врежуваат трајно знаење и ресурси кои ќе бидат достапни за него во било кои анксиозни ситуации.
Затоа е важно да ги изградиме внатрешните ресурси за справување со стрес и анксиозност многу повеќе од само читање книги, форуми и да бегаме од анксиозноста преку Netflix и Junk Food.
А градењето на овие ресурси се случува кога вложуваме конзистентно во нашето ментално здравје.
Во наредните текстови ќе разговараме повеќе за секој од овие чекори кои му помагаат на Филип да го изгради неговите внатрешни ресурси.
Ако се препознаваш во приказната на Филип – претплати се на нашиот Newsletter на формата подолу за да ја следиш приказната на Филип во следните блог текстови.
Во наредниот текст ќе зборуваме за Моќта на сегашниот момент и зошто живеењето во сегашниот момент е силна алатка во справување со анксиозноста и подобар живот.
P.s. дали има некоја потреба во тебе која незабележливо ја потиснуваш?
Запрашај се што ми е потребно сега во мојот живот?
p.p.s. доколку би сакал да одвоиш 5 минути да ни го кажеш твоето искуство со анксиозноста те молам пополни го следниот прашалник
Веднаш по пополнувањето ќе добиеш бесплатна аудио вежба за релаксација и враќање во сегашниот момент.
Ти благодариме!
Comments