top of page
Search

Со каква тага ќе ги прославиш празниците ?

Updated: Jan 2

Ова е за сите кои не им е до славење. 

За сите кои денес очекуваа да бидат на различно место од тоа каде што се сега.


За оние кои ја чекаат Новата година со една надеж:  еден ден болката да исчезне.


Следно:


Додека си тука провери го интензитетот на твојата анксиозност на овој линк 


Притисокот да бидеме среќни


Додека празниците носат очекувања дека треба да бидеме среќни - во многу од нас тагата тивко тагува.


Заради тие очекувања ги гледаме тагата, бесот, разочараноста, анксиозноста, депресијата како непосакувани гости. Додека тие тропаат на врата, ние се преправаме дека сме среќни и ги оставаме на студот.



Но, може ли да се обидеме да им отвориме на овие гости? Да ги поканиме во ресторанот, дневната, плоштадот. Да ги држиме за рака и заедно да прославиме со нив? 


Наместо да ги заклучиме и оставиме сами - да ги гушнеме и слушнеме.

Кога ќе се појават да им дадеме глас – преку збор, пишување, цртеж, солза, разговор.

Па и некоја чаша вино.


Затоа што само кога ќе им дадеме место, тие чувства стануваат дел од животот, наместо да бидат товар.


Време за тебе 


Празниците се многу повеќе од моменти на среќа и славје. 


Празниците се и можност,


да застанеме,

да се доближиме до болката и да ја запознаеме,

да ги поминеме празниците со неа, наместо во или надвор од неа.


Кога сите очекуваат да си среќен/а - можеш да избереш да наздравиш заедно со тагата, разочараноста, лутината, анксиозноста и стравовите. Никому не должиш маскембал.


Можеш да покажеш дека не ти е до славење и преправање. Да си ја дадеш слободата да бидеш тоа што си во моментот.


Или едноставно тивко да се повлечеш во собата и да направиш рефлексија. 



Дај им глас на болката и емоциите


Ако одлучиш да останеш дома можеш да земеш тефтер и да пишуваш. Нека истече се од тебе. Опиши ја тагата и болката. Дај ми глас, карактер, боја. Запознај ги.


Потоа можеш да ги искористиш овие прашања за само-рефлексија.


За минатата година:


  • Дали моите најголеми стравови се исполнија минатата година?

  • На што сум најмногу горд/а, дури и ако тоа изгледа мало?

  • Кому или на што би сакал/а да му се заблагодарам и да го пуштам да си оди?


За сегашниот момент:


  • Ако моите емоции можат да зборуваат, кои зборови би се преточиле на хартијата ?

  • Каков е мојот однос со анксиозноста, стравовите, тагата, лутината? - Се борам со нив или љубопитно ги истражувам?

  • Дали има нешто во мене или околу мене што е мир - макар и за миг?


За следната година:


  • Ако ја слушнам мојата анксиозност - што ќе ми порача за Новата година?

  • Дали сум 100% сигурен/а дека моите најголеми стравови ќе се исполнат годинава?

  • Ако се погледнам со очи полни љубов, што би си порачал/а за следната година?


Нови почетоци во сеа и тука


Да се потсетиме дека Новата година е момент за нови почетоци. Т.е. секој ден, секој момент е можност за нови почетоци.


Секој момент е можност да погледнеме на нашата ситуација со различен ум. Да ги видиме емоциите како информација за раст, созревање, будење. Можност да се вратиме сега и тука. Да бидеме благодарни за тоа што го имаме и мирни со работите какви што се.


И да се потсетиме дека секој некаде е под линијата на општествените стандарди. Секој носи збунето дете во него кое сеуште не ги знае сите одговори на ова мистериозно искуство наречено живот.


Биди добар/а со себе. Направи прошетка, почасти се нешто вкусно.



Важно: Овој текст има едукативна цел и не претставува замена за професионална психолошка или медицинска помош. Ако стравовите и анксиозноста значително влијаат на вашиот секојдневен живот, препорачуваме консултација со лиценциран психолог или психотерапевт. Доколку ви е потребна поддшка од психотерпавет контактирајте не на shs.gestalt@gmail.com


📩 Доколку сакаш да добиваш содржини за подобро ментално здравје приклучи се на нашиот Newsletter подолу на формата.


🔁Не заборавај да го споделиш овој пост – некому може да му биде од корист.


Се читаме!



 
 
 

Comments


Добивај ги следните едукативни содржини за ментално здравје

Се читаме наскоро! 

Заследи нѐ

  • Instagram
  • Facebook

© 2025 Created by KTD

bottom of page