Дали сум анксиозен/а?
- shsgestalt

- 1 day ago
- 4 min read
Updated: 9 minutes ago
Ако веќе си го поставуваш ова прашање - можеби е добро да го прочиташ овој текст до крај.
Самото поставување на ова прашање покажува потреба во тебе - немир кој бара да биде слушнат и разбран.
Во овој текст ќе добиеш јасна слика:
што значи да сум анксиозен/а
кои симптоми се најчести
Што да правам следно?
Додека си тука провери го интензитетот на твојата анксиозност на овој линк
Кога е нормална грижа, кога анксиозност?
Во нормални количини, анксиозноста нѝ помага – нè предупредува дека нешто околу нас бара внимание и реакција.
Но, кога таа трае долго, станува интензивна и не одговара на реалната ситуација,
почнува да нè заморува и да го ограничува нашиот секојдневен живот.
Клучната разлика помеѓу нормална грижа и анксиозност е:
Нормалната грижа е врзана за конкретен проблем, додека анксиозноста често е состојба/циклус кој трае подолго и се повторува.
НОРМАЛНА ГРИЖА:
Детето доцни 15 минути од училиште.
Ана помислува: "Ќе се јави за 5 минути. Можеби автобусот доцни."
Кога детето пристигнува, се смирува и продолжува со денот.
Грижата е конкретна. Кога проблемот ќе помине - грижата исчезнува.
АНКСИОЗНОСТ:
Детето доцни 15 минути од училиште.
Елена веднаш помислува: "Што ако има сообраќајка?" "Што ако некој го грабнал?"
Забрзано срцебиење. Рацете треперат. Гледа низ прозорец на секои 10 секунди.
Кога детето се појавува - чувствува кратко олеснување.
Но 30 минути подоцна, мисли: "Што ако утре повторно доцни? Што ако некој го грабне?"
Стравот не исчезнува кога проблемот поминува. Мозокот постојано бара ново "Што ако?"
Симптоми на анксиозност
Кога зборуваме за симптомите, можеме да кажеме дека многу луѓе ја опишуваат анксиозноста како интензивен, чест или неодреден страв.
Страв кој се појавува без јасна причина и може да трае од неколку денови до повеќе месеци.
Анксиозноста влијае врз сите аспекти на постојењето и функционирањето на една индивидуа. Таа може да биде изразена преку:
Телесни симптоми
Иако постои широк спектар на тоа какви сѐ телесни симптоми една индивидуа може да има, најчести се:
забрзано чукање на срцето
стегање во градите
потење
тресење
несоница
замор
напнатост во вилицата
грчеви во стомакот или во грлото
Емоционални симптоми
постојан страв дека нешто лошо ќе се случи
тешко ти е да се опуштиш, дури и кога „ништо не се случува"
чувствуваш страв од нешто, но не можеш точно да посочиш од што
тешко се смируваш и кога ситуацијата поминала
Когнитивни симптоми
Когнитивните симптоми се однесуваат на сите оние мисли и грижи како:
негативни очекувања и катастрофирање
постојани „што ако…“ сценарија
преголема потреба за контрола и сигурност
самокритика: „зошто пак вака реагирам?“
претерано размислување и тешко донесување одлуки
Бихевирални симптоми
Овие симптоми се поврзани со нашето однесување. Дали нешто правиме или не затоа што чувствуваме страв, напнатост или немир.
избегнување места, луѓе или ситуации „за секој случај“
постојано проверување дали сè е во ред (телото, вратата, шпоретот, пораките)
одложување обврски затоа што се плашиме дека нема да се снајдеме
скролање, серии, јадење или други дистракции за да не останеме со немирот
се прилагодуваме премногу и кажуваме „да“ и кога не сакаме
Луѓето со анксиозни исксутва често опишуваат чувство како да „лебдат во воздух“ или како да седат на столица на која ѝ недостасуваат ногарки.
Постојано чувство на нестабилност и несигурност. Во исто време, кај нив се јавува и прекумерна грижа, дури и за работи што не се во нивна контрола.
Овие доживувања најчесто се поврзани со секојдневни животни ситуации како семејството, училиштето, работата, здравјето и финансиите.
Многу клиенти споделуваат дека чувствуваат мускулна напнатост, моторен немир или акутна и хронична болка во телото.
Голем дел од нив се чувствуваат хиперактивно, со чувство на постојана нервоза, внатрешен немир и изразено чувство на исчекување, како постојано „да се на готовс“.
Што да направам следно?
Ако се препознаваш во овој текст - знај не си сам/а.
Не си слаб/а. Нема нешто што не е во ред со тебе.
Едноставно имаш анксиозни искуства како и многу други во светот.
И постои начин како да се справиш со анксиозноста.
Што можеш да направиш:
Обиди се да ја прифатиш анксиозноста - таа е тука во твојот живот и секој обид да ја елеминираш само уште повеќе ќе ја засилува.
Направи една работа за себе денес - пример:
Застани во текот на денот на 1 минута и забележи што чувствуваш во телото без страв и осуда.
Кажи си: “Сега чувствувам ______ “( страв, грижа, срцебиење, немир, тага). Вдиши и издиши 3 длабоки здивови.
Побарај поддршка кога ти е потребно
Многу луѓе кога ќе се соочат со анксиозни искуства, почнуваат да бараат информации на интернет. И тоа е во ред за почеток.
Информациите можат да нѝ помогнат подобро да ја разбереме анксиозноста.
Но, за навистина да научиме како да се справиме со својата анксиозност - потребно е да ја прифатиме, разбереме и интегрираме.
За тоа потребна нѝ е структура и поддршка на тој пат.
Токму затоа создадовме онлајн програма за справување со анксиозност - која ќе биде следен чекор за секој што сака да ја разбере својата анксиозност и подобро да се справува со неа.
Чекор по чекор ќе научиш како да стапиш во контакт со анксиозноста и да ја разбереш преку:
– водени аудио вежби за стапување во контакт со емоциите, симптомите и анксиозноста
– терапевтски сесии во кои клиентот ги истражува своите стравови, емоции и симптоми
– работна книга со повеќе од 40 прашања за само-рефлексија
– конкретни чекори за интеграција на емоциите и анксиозноста
Ако чувствуваш дека е време подлабоко да ја разбереш својата анксиозност –
овој курс може да биде еден безбеден простор да го започнеш тој процес.
Анксиозноста не е крајна дијагноза и не си сам/а. Многу луѓе успешно се справуваат со неа. Сега е твојот ред.
Важно: Овој текст има едукативна цел и не претставува замена за професионална психолошка или медицинска помош. Ако стравовите и анксиозноста значително влијаат на вашиот секојдневен живот, препорачуваме консултација со лиценциран психолог или психотерапевт. Доколку ви е потребна поддшка од психотерпавет контактирајте не на shs.gestalt@gmail.com
📩 Доколку сакаш да добиваш содржини за подобро ментално здравје приклучи се на нашиот Newsletter подолу на формата.
Се читаме!
🔁Не заборавај да го споделиш овој пост – некому може да му биде од корист.





Comments