top of page
Search

Што се патерици во менталното здравје?

Нетфликс до 3 часот, уште едно апче, чашка алкохол или цигара за да се чувствувам малку подобро.


Ова се патериците во менталното здравје.


Кога животот притиска и не знаеме што да правиме со болката -  тука се да нѝ помогнат да ја издржиме.


Можеби ова ти звучи познато.


Можеби и ти понекогаш се фаќаш себеси како бегаш од чувствата — со уште една епизода, уште една цигара, уште малку скролање.


Тоа не значи дека нешто не е во ред со тебе.


Тоа е само начин на кој се обидуваме да ја издржиме болката.


И тоа е разбирливо. Некогаш навистина нѝ се потребни.


Но често можат и да нè заробат.


Додека си тука провери го интензитетот на твојата анксиозност на овој линк


Како се доведуваме постојано да ги користиме? 


Многу често овие навики нѝ помагаат - барем привремено,

да ја избегнеме емотивната болка.


Полесно е да ги игнорираме емоциите и потребите отколку да застанеме и да се прашаме:


  • Што ми е потребно сега?

  • Кој сум јас?

  • Што правам со себе и со своите чувства?

  • Што сакаат овие емоции да ми кажат?


Тоа е потешкиот пат.


Зошто?


Затоа што ако навистина си ги поставиме овие прашања — можеби ќе откриеме нешто што не сме подготвени да го видиме.


Можеби ќе се освестиме дека:


— предолго сме се потиснувале во нефункционална релација

— сме во кариера која е претесна за нашите таленти и вредности

— имаме сексуалност, идентитет или вредности кои не се прифатени во нашата средина


И после таквата свесност — веќе ништо не е исто.


Сега имаме одговорност да направиме промена.


А токму тоа е најтешкото.


  • Разводот може да биде болен и засрамувачки.

  • Промената на кариера ризична и небезбедна.

  • Признавањето на различна сексуалност да донесе огромна неизвесност.


Затоа несвесно го избираме полесниот пат.


Да се отуѓиме себеси.

Да се затрупаме со работа.

Да се изгубиме во серии, алкохол или бескрајно скролање.


Правиме сè за да не ризикуваме да дознаеме што се крие зад нашата анксиозност, лутина, страв, депресија или стрес.


Така, барем привремено,

сè изгледа полесно.

Побезбедно и помалку болно.


И можеби сега ќе се запрашаш…


Која е цената што ја плаќаме?


Сите ние имаме автентични потреби и емоции кои сакаат да се изразат.

Но кога долго време ги игнорираме со:


Нетфликс.

Алкохол.

Цигари.

Работа.

Бескрајно скролање.


Тие не исчезнуваат. Само се селат во телото како:


Тензија.

Немир.

Несоница.

Анксиозност.

Стрес.

Депресија.


Така тивко и несвесно влегуваме во затворен круг во борба со себе. 


Имаме потреби и емоции кои сакаат да се изразат.

Но ги игнорираме преку дистракции. 


Нашето тело почнува да се бунтува.


И резултатот често е:


живот во постојана борба со себе,

анксиозност,

стрес

и немир.


Тоа е цената што ја плаќаме кога подолго време живееме живот на „патерици“.



Што пропуштаме кога бегаме од себе?


Навидум безбедните и комфорни „патерици“, тие сепак нè ограничуваат да:


  • ги слушнеме нашите автентични потреби

  • ги изразиме емоциите како лутина, бес и тага

  • се запознаеме себеси подобро

  • изградиме психолошка отпорност

  • пораснеме емоционално

  • се сакаме повеќе


Затоа може да се запрашаме:


  • Колку неизразени емоции што водат кон физички симптоми - останале неслушнати помеѓу 1вата и 8та сезона од серијата во денот?


  • Колку потреби останале неслушнати кои не водат во депресија - останале неоткриени помеѓу 1вата и 20тата цигара?


  • Колку научени обрасци од минатото кои не водат во анксиозност - останале неоткриени помеѓу 8миот и 12тиот прекувремени работни часови?


  • Колку вина останала проголтана помеѓу 1вата и 7мата чашка виски?


Што можам да направам следно?


За среќа, денес знаеме нешто што порано не го знаевме.


Знаеме дека со болката не мора да се бориме - туку можеме да научиме како да бидеме со неа.


Со поддршка може да откриеме способности како да:


  • останеме со својата болка без да бегаме од неа 

  • ги слушнеме своите емоции и вистински потреби

  • изградиме нов живот - скроен според нашите автентични потреби

  • Се прифатиме и сакаме повеќе себеси


Овие способности не треба да ги измислуваме.

Тие веќе постојат во нас.

Наше е да научиме како да стигнеме до нив и да ги негуваме.


Кога ги негуваме овие способности, почнуваме подобро да се запознаваме себеси.

И полека се појавува самодоверба дека можеме да се справиме со болката – и без патерици.


Така зависноста од нив се намалува.


И почнуваме да живееме со помалку анксиозност, немир, стрес и повеќе мир, слобода и автентичност.


Но како да ги пуштиме патериците?


Звучи тешко да се откажеме од навиките кои долго време нѝ помагале да преживееме.


И тоа е нормално.


Контрапродуктивно е да очекуваме дека може да ги фрлиме патериците уште утре.


Фотографија: Joel Meyerowitz
Фотографија: Joel Meyerowitz

Вистинската промена започнува кога ќе станеме свесни зошто ги користиме.


И кога ќе одлучиме, чекор по чекор, да почнеме да се приближуваме кон себеси.


Понекогаш сами.

Но многу често со поддршка.


Како што се:


Индивидуална психотерапија

групни работилници

водени вежби

само-рефлексија


Можеме да почнеме уште денес со мали чекори: 




  • Наместо уште една епизода на Нетфликс –  20 минутна само-рефлексија за овие прашања:


  1. Што чувствувам во телото сега?

  2. Која емоција се обидувам да ја оттурнам?

  3. Што навистина ми е потребно во овој момент?


Ако ти е потребна поддршка


Многу луѓе кога ќе се соочат со анксиозност почнуваат да ја оттурнуваат со дистракции.


Но анксиозноста често се враќа се додека не научиме како да стапиме во контакт со неа - да ја прифатиме, разбереме и интегрираме.


За некои луѓе тоа е полесно со насока и поддршка.


Чекор по чекор ќе научиш како да стапиш во контакт со анксиозноста преку:


  • водени аудио вежби 

  • реални терапевтски сесии во кои клиентот ги истражува своите стравови, емоции и симптоми

  • видео содржини (што е анксиозноста и зошто се појавува?)

  • работна книга со повеќе од 40 насочени прашања за само-рефлексија

  • конкретни чекори за интеграција на емоциите и анксиозноста


Со регистрација добиваш поддршка еден на еден од лице во завршна фаза по психотерапија.

 

Ако чувствуваш дека игнорирањето на анксиозноста повеќе не е вистинскиот пат за тебе – оваа програма може да биде безбеден простор да почнеш да ја разбереш твојата анксиозност и емоции.



Анксиозноста не е крајна дијагноза и не си сам/а. Многу луѓе успешно се справуваат со неа. Сега е твојот ред.


Важно: Овој текст има едукативна цел и не претставува замена за професионална психолошка или медицинска помош. Ако стравовите и анксиозноста значително влијаат на вашиот секојдневен живот, препорачуваме консултација со лиценциран психолог или психотерапевт. Доколку ви е потребна поддшка од психотерпавет контактирајте не на shs.gestalt@gmail.com


📩 Доколку сакаш да добиваш содржини за подобро ментално здравје приклучи се на нашиот Newsletter подолу на формата.


Се читаме!


🔁Не заборавај да го споделиш овој пост – некому може да му биде од корист.



 
 
 

Comments


Добивај ги следните едукативни содржини за ментално здравје

Се читаме наскоро! 

Заследи нѐ

  • Instagram
  • Facebook

© 2025 Created by KTD

bottom of page