Зошто некои особини кај другите толку нè вознемируваат?
Во секојдневното функционирање многу полесно нѝ е да ги видиме недостатоците на другите отколку да ги препознаеме кај себеси.
Во секојдневниот живот тоа може да се преслика преку осуда за нечии негативни особини.
Пример може да помислиме:
„Види ја оваа за друга зборува, а иста е како неа!“
“Колку е несигурна, нема никаков став, ни карактер.”
“Многу е мрзлив, собата му е толку нeсредена што нема игла кај да падне”
Но, што ако истото однесување кое силно го критикуваме кај другите постои и кај нас?
Во теоријата на Гешталт психотерапијата овој процес се нарекува проекција.
Проекција е психолошки процес кога несвесно однесувањата што тешко ги прифаќаме кај себеси веднаш ги забележуваме и силно ги осудуваме кај другите.
Почнуваме да ги критикуваме колегите на работа, членовите на семејството или луѓето од нашиот круг на пријатели за особините што можеби и самите ги имаме.
Но, зошто негативното однесување што го гледаме кај другите не можеме го видиме кај нас?
Многу потешко е да го препознаеме истиот недостаток кај себе бидејќи сме научиле да го отфрлиме тој дел од себе или пак го потиснуваме длабоко во себе до тој степен што воопшто не можеме да го препознаеме кај себе.
Најчесто тоа се особини за кои сме научиле дека не нѝ припаѓаат на нас бидејќи сме научиле дека некое однесување не било прифатливо во околината во која сме растеле.
Па така можеби сме израснале со постојана критика..
„Не треба да озборуваш”
“Не смееш да си мрзелив”
“Мора да си амбициозен и самоуверен”
Така за да бидеме прифатени од околината несвесно почнуваме да ги потиснуваме овие аспекти во нас кои можеби отсекогаш постоеле и никогаш не исчезнале.
И секогаш кога ќе ги забележиме кај другите, силно реагираме со истата осуда, што некогаш некој ги упатувал истите критики кон нас.
Токму затоа проекцијата кон другите може да нѝ го попречува секојдневното нормално функционирање.
Да креираме дистанца и конфликти помеѓу нас и другите преку постојани осудувања и критики.
Да не попречат да ја видиме другата личност со повеќе јасност, разбирање, а помалку осуда.
Затоа може да се запрашаме зошто одредено нечие однесување толку нè вознемирува и ни пречи?
Можеби ќе откриеме дека истите тие особини ги имаме и ние, но толку многу сме ги отфрлиле и осудиле што секогаш кога ќе ги забележиме кај друг имаме силна реакција и потреба го осудиме тоа однесување.
Можеби понекогаш и самите имаме потреба да озборуваме, сме несигурни и понекогаш мрзливи.
Од гешталт перспектива, понекогаш она што силно го забележуваме и осудуваме кај другите може да ни открие нешто за деловите од себе што сè уште тешко ги прифаќаме.
Како можеме да го промениме овој начин на функционирање?
Првиот чекор е да станеме посвесни за сопствените реакции.
Кога некое однесување кај другите силно нè вознемирува, наместо веднаш да го осудиме, можеме да се запрашаме: „Зошто ова толку ми пречи? Дали можеби и јас понекогаш се однесувам на сличен начин?“
Преку ваквото самопреиспитување можеме да започнеме да ги препознаваме деловите од себе што досега сме ги отфрлале или негирале.
Наместо да ги криеме или осудуваме, можеме да се обидеме подобро да ги разбереме и прифатиме како дел од нашето искуство.
На тој начин создаваме можност подобро да се запознаеме себеси, но и да воспоставуваме поискрени, посочувствителни и посвесни односи со луѓето околу нас.
Дали постои позитивна проекција?
Често знаеме добрите особини да ги препишуваме на другите луѓе, додека често себеси се покоруваме и се грдиме.
За другите често знаеме да кажеме види го колку е храбар, паметен и самоуверен.
Или колку е убава, интелгентна, креативна и грациозна.
“ А јас? Јас никогаш нема ги имам тие квалитети.”
Кога сакаме да направиме нешто ние нјачесто не го правиме тоа, на некој начин се прекинуваме почнувајќи да мислиме : „Ова така не треба, туку мора вака“, „Јас сигурно тоа не го можам“.
Правиме работи кои не ги сакаме, а се спречуваме да ги правиме работите шно ги сакаме и не исполнуваат.
Ваквото функционирање, односно нефункционирање најчесто доведува до затварање во себе, прекин на многу контакти, анксиозност итн…
Но, можеби вистината е дека не можеме да ги препознаеме добрите карактеристики на една личност ако веќе ги немаме во себе?
Можеби само нѝ е потребно потсетување дека ги имаме истите квалитети во себе.
Можеби истите квалитети само се скриени некаде длабоко во нас, до степен да се невидливи.
Можеби храброста, креативноста, интелигенцијата или убавината што ги гледаме кај другите можеме да ги препознаеме и кај себеси.
Во Гешталт пристапот, ова е поврзано со концептот на позитивна проекција – можноста преку квалитетите што ги препознаваме и цениме кај другите да откриеме нешто и за сопствените потенцијали.
Да откриеме дека можеби и ние имаме капацитет да бидеме храбри, самоуверени, креативни и интелигентни.
На работилницата „Моите неоткриени квалитети“ малку подлабоко ќе ја обработиме оваа тема, но во позитивна смисла – ќе се потрудиме да допрете до Вашите позитивни особини а за коои не сте ни свесни дека можеби ги поседувате или пак ги потиснувате длабоко во себе.
Оваа работилница произлезе од моето секојдневно функционирање во моменти кога чувствував дека не можам да го изразам восхитувањето кое го чувствував кон некои личности, додека не бев свесна дека можеби и јас ги поседувам.
Повеќе информации за работилницата:







Comments