top of page
Search

Што да направиш кога ќе се појави анксиозноста?

Често анксиозноста ја доживуваме како сенка, товар, кошмар, крадец на моменти.


Но, таа не е наш непријател.

Туку сигнал.


Порака од нашето тело и ум дека долго време нешто сме потиснувале:

 емоција

 потреба

 граница


И додека ја потиснуваме –таа повторно ќе се враќа.

Но…ако го смениме односот со неа – има шанса да се смири.


Додека си тука провери го интензитетот на твојата анксиозност на овој линк


Кога ќе се појави анксиозноста пробај ја оваа кратка вежба:


1. Застани за момент

Забележи - дали се бориш со неа?


2. Смени го односот со анксиозноста

Наместо да се бориш со неа - покани ја да биде тука со тебе.

Како на гостин кажи ѝ:

“Океј. Можеш да бидеш тука колку што ти е потребно.”

Почувствувај ја разликата кога се бориш со неа и кога ја прифаќаш.


3. Без обид да ја менуваш љубопитно забележи

Каде ја чувствуваш анксиозноста во телото? - Во градите стомакот, грлото?

Опиши ја нејзината форма или боја во телото?

Како би изгледала ако ја замислиш ?


-----------------------------------


Како се чувствуваш сега?

Дали анксиозноста се намали, зголеми или остана иста?


Преку оваа вежба направи нов однос со анксиозноста во сегашниот момент.

Од потиснување кон прифаќање.

Од оттурнување кон љубопитно забележување.


Така креираме услови за да разбереме зошто се појавува.

 

Тоа е клучно за справување со анксиозноста.

На следната работилница на 22.04. ќе работиме токму на ова:



Ќе научиш како да развиеш нов однос со анксиозноста кој ќе ти помогне:

​​- поефикасно да ги смируваш симптомите и стравовите

- да разбереш зошто се појавуваат толку често​

- да почувствуваш поголема контрола, мир и сигурност

 
 
 

Comments


Добивај ги следните едукативни содржини за ментално здравје

Се читаме наскоро! 

Заследи нѐ

  • Instagram
  • Facebook

© 2025 Created by KTD

bottom of page