top of page
Search

Мислите не се твои непријатели

Многу често сме “некаде таму” со мислите.

Во мисли за иднината:

“Ќе добијам паничен напад”

“Ќе ми се случи нешто лошо”


Или за минатото:

“Ако бев повнимателен/а немаше да се случи ова”

“Ако не ми го направеа тоа - ќе беше се поинаку”


Овие непријатни мисли често ни носат болка.

Затоа по автоматизам се обидуваме да ги смириме или избркаме.

Но тие повторно се враќаат посилни.

И тогаш почнуваме да веруваме дека тие се проблемот - причина за нашата тага, немир, лутина, анксиозност.


Додека си тука провери го интензитетот на твојата анксиозност на овој линк


Но…мислите не се наши непријатели.

Тие често се тука да не заштитат од болка.


На пример:

Повторувачкиот страв “Нешто лошо ќе ми се случи ”

можеби сака да не подготви и предупреди за најлошото можно сценарио.

Или

Силната самокритиката “Ако бев повнимателен/а немаше да се случи ова” - можеби се обидува да не заштити од нова грешка или засрамување.


Иако имаат добра намера - овие мисли можат да станат презаштитнички.

• Тивко да нѝ го превземат и ограничат животот.

• Да нѝ ја одземаат енергијата, сонот и фокусот.

• Да нè држат заглавени во минатото и исплашени за иднината.


Едноставно можат да нè држат заробени и опколени во нивните превисоки зидови - предолго.


Но…постои поинаков начин како да се справиме со повторувачките и презаштитнички мисли.

Но, не со нивно потиснување.


Туку со љубопитно забележување - токму во сегашниот момент.

Во сегашниот момент се отвора тој простор да:

• Ги погледнеме мислите од поинаков по објективен агол

• Да разбереме зошто се појавуваат толку често

• Да провериме дали се целосна вистина

• Да одлучиме дали ќе не контролираат или ќе ги пуштиме да си одат


Кога ќе ги разбереме подобро — тие почнуваат да ја губат својата сила.

Тогаш добиваме поголема свесност за нивната вистинитост и веќе не нѝ изгледаат толку моќни како порано.


Ваквиот нов однос со мислите нè води кон чувство на поголема сигурност и контрола.

Чувсто на помирен и послободен живот од минатото или иднината во сегашниот момент.


На следната искуствена работилница ќе го истражуваме токму тоа:

Како да развиеме поинаков однос со мислите во сегашниот момент - за да ги погледнеме од поинаков агол и разбереме подобро.


---------------------------------------

Сега пробај нешто поинакво:

Кога ќе се појави непријатна мисла…

Наместо да ја бркаш — само остани со неа 10 секунди.

Само забележи ја, како да ја гледаш од страна.


Потоа прашај се:

Дали сум 100% сигурен/а дека оваа мисла е точна?

Имај мирен и бавен ден🐌

 
 
 

Comments


Добивај ги следните едукативни содржини за ментално здравје

Се читаме наскоро! 

Заследи нѐ

  • Instagram
  • Facebook

© 2025 Created by KTD

bottom of page