top of page
Search

Како да се справиш со постојаниот страв дека нешто лошо ќе се случи?

Updated: 2 days ago

Кога чувствуваме страв често не го препознаваме како мисла, туку веруваме дека е факт.


И кога е силен, толку сме споени со него што не можеме да разликуваме:

 дали навистина има опасност

 или сме во замислени сценарија


Но, ако му пристапиме со љубопитност, меѓу нас и него се појавува мал простор.

Во тој простор наместо да бидеме целосно обземени во него можеме:


 - да разликуваме дали стравот е факт или само мисла

 - да разбереме зошто толку често се појавува


Додека си тука провери го интензитетот на твојата анксиозност на овој линк


Кога ќе се појави стравот направи ја оваа кратка вежба.


Можеш да земеш тефтер и да ги запишуваш одговорите.


 1. Препознај го стравот

 Кога ќе почувствуваш страв не бегај од него.

Забележи:

Сега чувствувам страв во мене и се плашам дека _________

Понатаму забележи:

„Каде го чувствувам стравот во телото?“

“Каква форма и боја има стравот во телото?”

“Како би изгледал стравот ако го замислам?”

Ова ќе ти помогне да стапиш во контакт со стравот, наместо да си целосно обземен/а од него.


2. Дијалог со стравот

 Замисли го стравот како седи спроти тебе и постави му неколку прашања

Кога и зошто се појави во мојот живот?

Од што се обидуваш да ме заштитиш?

Што ќе се случи ако не ме штитиш повеќе?


На крајот заблагодари му се и провери како се чувствуваш сега.

Дали има промена ?

Дали стравот се намали, зголеми или остана ист?

Дали доби некои интересни одговори од него?

 ______________________________

Кога ќе ги разбереш твоите стравови добиваш нови свесности за нив:

- Дали се навистина реални или се замислени сценарија.

- Зошто се појавуваат толку често.


Така стекнуваш поголема самодоверба дека можеш да се справиш со нив без да те котролираат.


Со тек на време почнуваш да живееш помирно, послободно и похрабро.




 
 
 

Comments


Добивај ги следните едукативни содржини за ментално здравје

Се читаме наскоро! 

Заследи нѐ

  • Instagram
  • Facebook

© 2025 Created by KTD

bottom of page