Каде навистина почнува анксиозноста?
- Филип Неделковски

- 2 days ago
- 2 min read
Ти се случува ли често да кажеш:
“Тие прават да се чувствувам лошо.”
“Директорот ми предизвикува страв “
“Работата ми предизвикува стрес и анксиозност.”
Ако сме искрени, повеќето од нас вака размислуваат.
И тоа е разбирливо.
Сите сме под влијание на околностите околу нас.
Но, што ако анксиозноста не доаѓа само од надворешните околности,
туку и од тоа како се однесуваме со тоа што се случува во нас?
Понекогаш несвесно очекуваме од другите…
- да нè разберат
- да ги препознаат нашите потреби
- да направат да се чуствуваме сигурни, вредни, мирни.
Но, често светот не функционира така.
Другите немаат секогаш намера да ги препознаат нашите потреби.
Ниту капацитет да ги слушнат нашите емоции.
И токму тука почнува анксиозноста и тензијата.
Додека чекаме другите да се однесуваат како што ние сакаме -
нашите непрепознаени потреби и неслушнати емоции тивко се бунтуваат преку
👉 постојан страв
👉 стегање во градите
👉 забрзано срцебиење
👉 немир и паника
Оттука анксиозноста може да се смири само кога ќе преземеме одговорност за себе.
За своите потреби, емоции и граници.
Кога ќе ја смениме перспективата од "тие ми прават да се чувствувам лошо…"
кон:
👉 „што чувствувам сега?“
👉 „што ми е потребно во моментов?“
👉 "Како можам да се поддржам себеси?"
Оттука анксиозноста не се смирува кога се обидуваме да го контролираме светот за да ги исполни нашите потреби…
Туку кога ќе се свртиме кон себе и ќе се запознаеме.
Кога ќе изградиме капацитети за само-поддршка, само-љубов и само-регулација.
Тогаш почнува вистинската промена која води кон помирно и посреќно секојдневие.
Доколку сакаш да го разбереш коренот на твојата анксиозност и чекор по чекор да ја смируваш, приклучи се бесплатно на првите модули на програмата за справување со анксиозност.







Comments