top of page

ИСКУСТВЕНА РАБОТИЛНИЦА

Copy of Vebinar - segashniot moment.png

Почеток: 28.05. од 18 часот
Времетраење: 2.5 часа
Во живо и онлајн

Ти се случува ли ова:
 

 И покрај медикаменти, позитивни мисли
или техники за смирување…

 

 Анксиозноста повторно да се враќа?
 

 Ако одговорот е да веројатно си се запрашал/а:
 

 „Зошто?“

“Каде грешам?“
 

 Една од причините е ова:

 

 Зад анксиозноста често стои нешто што долго време го потиснуваме
 

 👉 потреби што не ги задоволуваме


👉 емоции што не ги изразуваме


👉 граници што не ги поставуваме

 

На пример:
 

 Сакаш одмор… но продолжуваш да работиш за да не разочараш некого.
 

 Чувствуваш страв или тага… но ги задржуваш во себе за да не изгледаш „слаб/а“.
 

 Сакаш да кажеш „не“… но се согласуваш за да не те доживеат како себичен/на.

 

И што се случува со тек на време?

 

Во тебе се создава постојана внатрешна тензија.

 

Од една страна во тебе има нешто што сака да се изрази.

Од друга страна го потиснуваш.

 

Но таа енергија не исчезнува...
 

 Само се појавува во друга форма како:
 

 👉 срцебиење
👉 стегање во градите
👉 немир
👉 постојани стравови и анксиозност

 

 Затоа анксиозноста не е твој непријател.
 

 Таа е сигнал дека нешто во тебе долго време не е слушнато.

 

Додека не го слушнеш сигналот таа ќе продолжи да се враќа.

Токму тоа ќе го направиш на оваа искуствена работилница.

​​​​

Ќе научиш како повторно да стапиш во контакт со себе и со анксиозноста.

 

Не за да се бориш против неа, ниту да ја елеминираш или оттурнеш.

 

Туку за да го слушнеш сигналот што ти го праќа.

Сигналот преку кој телото се обидува да нѝ покаже што е она што долго

време не било слушнато.​​​

 ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ТЕБЕ ПО РАБОТИЛНИЦАТА ? 

Ќе искусиш вежби кои ќе ти помогнат да дознаеш

што е причината зад твојата анксиозност и зошто е постојано тука.

 ШТО ЌЕ ИСКУСИШ НА РАБОТИЛНИЦАТА? 

ВЕРДНИ СОЗНАНИЈА

Каде навистина почнува анксиозноста?

Што се крие зад

симптомите?

Зошто се враќа?

РЕАЛНА СЕСИЈА

Ќе погледнеш како изгледа процес на клиент кој се справува со анксиозност.

2ВОДЕНИ ВЕЖБИ

Практични вежби за контакт со себе и со:

Емоциите

Мислите

Симптомите

МИНИ ГРУПИ ЗА
СПОДЕЛУВАЊЕ
(доброволно)

Безбеден простор да го споделиш твоето искуство и да ги слушнеш искуствата на другите.

DSC_4411-9.png

Едукатор: Благица Р. Ваниќ

Благица Р. Ваниќ е психолог и гешталт психотерапевт  
15+ години искуство.

Работи со луѓе кои се соочуваат со анксиозност, стрес и внатрешен немир  и им помага да изградат поинаков однос со себе.

 

​​"Верувам дека секоја промена започнува со свесност

– со моментот кога ќе застанеме, ќе погледнеме во

себе.

Мојата улога е да ве поддржам на тој пат – без осудување, со почит и со внимание кон вашата приказна."

🎁

По работилницата ќе добиеш 

📗 Работна книга за рефлексија (40 прашања)

ќе ти помогне да ги откриеш подлабоките причини зад твојата анксиозност

🎧 4 водечки аудио вежби

 кои можеш да ги користиш кога ќе се појави немир или напнатост

📚 Бесплатен пристап до дел од програма за справување со анксиозност

 за да разбереш повеќе за својата анксиозност

Цена: 990 ден

 Како да се пријавиш? ​

1. Пополни ја кратката форма (30 секунди)

2. Ќе добиеш е-маил со точни инструкции за уплата

3. По уплатата добиваш линк за пристап до работилницата

Програмата за работилницата

 

Сесија 1: Каде навистина почнува анксиозноста?

Како губењето на контакт со своите потреби е тивката причина зад анксиозноста? 

Сесија 2: Како повторно да стапиш во контакт со себе?

 

- Што да направиш кога ќе се појави анксиозноста и стравот?

- Вежба: Во контакт со себе

 

 Сесија 3. Што се обидува да ти каже анксиозноста?

 

- Дали анксиозноста е непријател или водич кон помирен живот?

- Вежба: Што ти кажува анксиозноста за тебе ?

 

Сесија 4: Простор за споделување, прашања и одговори

Prijava

ИСКУСТВА НА УЧЕСНИЦИ ВО ПРЕТХОДНИ РАБОТИЛНИЦИ

"Работилницата за мене беше ново искуство, која што ме натера подлабински да се запознаам себеси. Се чувствував разбрано, а тоа резултираше со некоја ведрина на крајот од работилницата." - Петар

" Целиот настан беше добро организиран, споделивме мислења со помош на менторите и научивме нешто ново." - Оливера

"Работилницата ми донесе оптимизам, спокојство, радост. Поинакво гледиште на работите и да се прифатам со со сите недостатоци" - Дејан

Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:

077 865 785
shs.gestalt@gmail.com

По работилницата ќе започнеш поинаку да ја доживуваш анксиозноста. Не само како проблем, туку како сигнал дека нешто во тебе бара внимание

© 2025 Created by KTD

bottom of page