top of page

МОЕТО МЕСТО МЕЃУ ДРУГИТЕ 

Како да го пронајдеш своето место меѓу другите и да се чувствуваш прифатено?

Катерина Крстевска Ристески - лиценциран психолог и гешталт психотерапевт под супервизија.

aee5b695-57cc-4aa6-9948-bd9cc179749f_edited.jpg

 Онлајн Zoom | 29.10.2026 | 17:30ч

Времетраење: 2 часа

Работилницата е за тебе ако

​

  • не се чуствуваш прифатено и вреднувано во компанијата, семејството или друштвото.

  • сакаш подобро да ја разбереш својата улога и улогите на другите во групата.

  • сакаш да ги подобриш односите со другите во групата.

  • сакаш подобро да разбереш како твоето однесување влијае врз групата.

  • сакаш да запознаеш луѓе кои се интересираат за психологија и личен раст и развој

Дали оваа работилница е за тебе?

 

Дали чувствуваш дека припаѓаш во компанијата, на работното место, во друштвото или во семејството?

​

Дали твојот труд и придонес е ценет од другите?

​

Дали знаеш која е твојата улога и како таа влијае врз целата група?

​

Ако на некои од овие прашања одговорот е „НЕ“, можеби оваа работилница е токму за тебе.

​

Секоја група е како жив организам, составен од различни делови и улоги кои меѓусебно влијаат едни на други.

​

Доколку членовите ја разбираат својата улога и улогите на останатите, полесно се создаваат хармонија и доверба во групата.

​

Затоа е важно да ја погледнеме групата во целост за да ја разбереме својата улога, но и улогите на другите.

​

Тоа ќе ни помогне да откриеме:

​

  • што нѝ недостасува за да се чувствуваме подобро во групата

  • каде се појавува тензија во групата 

  • како можеме да го разбереме својот удел во конфликтите

  • како нашиот начин на комуникација и однесување влијае врз другите.

​

Со овие нови свесности може да се зголеми довербата во групата, а ние да се чувствуваме поразбрано и поприфатено.

​

Токму тоа ќе го истражуваш на оваа искуствена работилница.

​

Преку водена визуелизација ќе ја откриеш сопствената улога во групата, можните точки на тензија и начинот на кој придонесуваш кон создавање похармонична група.

По работилницата ќе можеш​

​

  • подобро да ја разбереш својата улога во групата

  • да станеш посвесен/на за своите потреби од групата

  • подобро да ги разбереш улогите и перспективите на другите членови во групата

  • да препознаеш можни точки на тензија и својот удел во конфликтите

  • научиш како со подобра комуникација можеш да придонесеш кон поголема доверба и похармонични односи во групата

Кои се придобивките кога учиш во група?

​

Работата во група може да го забрза растот и развојот затоа што:

 

  • Ќе откриеш дека  и другите имаат слични предизвици како твоите

  • Ќе црпиш вредни животни искуства од искуствата на другите

  • Ќе вежбаш нови животни вештини во безбедна средина. 

  • Ќе стекнеш нови пријателства

  • Ќе имаш можност да бидеш слушнат/а без осудување

​​

 

 

Едукатор: Катерина Крстевска

Катерина е лиценциран психолог и гешталт психотерапевт под супервизија, активна во психолошко советување, едукации и организациска поддршка.


Работела со сите генерации и во сите контексти од образовни институции до корпоративни тимови. Нејзин пристап: смиреност, структура и присутност. Во ова предавање ќе добиете техники што веднаш можат да се применат во реални работни ситуации.

aee5b695-57cc-4aa6-9948-bd9cc179749f_edited.jpg

Цена: 1200 денари

​​

​🎁

​

Секој учесник на работилницата добива ​

​

​​​📚 Пристап до 3 бесплатни модули од онлајн програма за справување со стрес и анксиозност

​

📗 Работна книга за нови свесности 

 Како да се пријавиш? ​

Пополни ја кратката форма.

Веднаш по пополнувањето ќе ти пристигнат информации на е-маил за уплата и регистрација.

​

Местата се резервираат со уплата за учество.​

Prijava - anks. kako poraka

Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:

077 865 785
shs.gestalt@gmail.com

Често поставувани прашања​

​

1. Дали треба да имам претходно психолошко или психотерапевтско знаење?
Не. Работилниците се наменети за сите кои сакаат подобро да се разберат себеси и да истражат одредена тема. Не е потребно претходно знаење од психологија или психотерапија.​​​
​
2. Дали работилницата е исто што и психотерапија?
Не. Работилницата има едукативен и искуствен карактер и не ја заменува индивидуалната или групната психотерапија. Преку вежби, интеракција и лична рефлексија, имаш можност да истражиш одредена тема и сопственото искуство поврзано со неа.
​
3. Дали мора да споделувам лични работи пред групата?
Не. Секој учесник има право да одлучи колку и што сака да сподели. Работилниците се креирани како безбеден простор за истражување, со почитување на личните граници на секој учесник.
​
4. Што ако се почувствувам непријатно за време на некоја вежба?
Секогаш можеш да направиш пауза или да одлучиш да не учествуваш во одредена вежба. Целта не е да се присилуваш на нешто, туку да истражуваш во темпо кое ти одговара.
​
5. Дали можам да добијам поврат на средствата ?
Пријавите за работилниците не подлежат на поврат на средства. Но, истите можат да се искористат за следните работилници

​

Работилниците се организирани од Гешталт институт - Советувалиште за хумана соработка 

​

​СХС Гешталт Македонија е најстариот Гешталт институт во Македонија, основан во 1998 година.

Во изминатите повеќе од две децении, низ програмите за личен и професионален развој поминале над 1.000 учесници, вклучувајќи студенти од Турција и Грузија.

© 2025 Created by KTD

bottom of page