Гешталт искуствени работилници за личен раст и развој
Во живо | 06.10.2026 | 17:30ч
Времетраење 3 часа
Во просториите на Гешталт Македонија
Бројот на учесници е ограничен на 15 места
Дали оваа работилница е за тебе?
Направи грешка на работа и цел ден си
преплавен/а од вина?
Партнерот заборавил да го исфрли ѓубрето, а лутината ти го расипува денот?
Некој ти упатил неумесен коментар и ја задржуваш лутината во себе цел ден?
Вестите постојано ти предизвикуваат страв и тага и влијаат врз твоето расположение?
Проектот што не успеа те држи заглавен/а во тага со денови или недели?
И тогаш, можеби сè што сакаш е да се ослободиш од непријатните емоции.
Ако се препознаваш во дел од овие ситуации, можеби проблемот не е во емоциите, туку во начинот на кој сме научиле како да се справуваме со нив.
Кога ги потиснуваме, отфрламе или игнорираме, тие можат да станат уште посилни и да нè преплават со часови, денови и недели.
Но, што ако наместо да бегаме од нив, им пристапиме со љубопитност?
Можеби тогаш ќе откриеме дека непријатните емоции не се нешто од кое треба да се ослободиме, туку и тие имаат своја улога, бенефит и порака за нас.
Токму тоа ќе го истражуваш на оваа искуствена работилница.
На нашата Гешталт сцена преку играње на различни улоги ќе можеш да искусиш различни емоции и да избереш различни начини како да ги изразиш, а да се чувствуваш безбеден/а и прифатен/а.
Тоа ќе ти помогне да:
-
препознаеш која емоција е присутна во моментот;
-
забележиш каде ја чуствуваш во телото;
-
истражиш различни начини на изразување на своите емоции преку Гешталт и театарски техники
-
започнеш дијалог со емоцијата и истражиш каква порака носи за тебе;
Овој нов однос со емоциите може да ти помогне полесно да се справуваш со нив и да не дозволиш да те преплават.
И можеби најважното..
Да откриеш што стои зад стравот, лутината, тагата, фрустрацијата, вината или срамот.
Можеби тоа ќе ти помогне да пронајдеш повеќе мир, стабилност и чувство на исполнетост.
Работилницата е за тебе ако
-
Сакаш да истражиш како подобро да се справуваш со стравот, лутината, срамот тагата, грижите, немирот и другите непријатни емоции
-
Чуствуваш дека непријатните емоции те преовладуваат и ти го контролираат денот
-
Сакаш да се запознаеш себеси подобро и да живееш поисполнето
-
Сакаш да запознаеш луѓе кои се интересираат за психологија и личен раст и развој
По работилницата ќе можеш да
-
ги препознаваш подобро своите емоции, да ги слушаш, наместо да ги потиснуваш или избегнуваш
-
откриеш што можат да ти кажат емоциите за твоите потреби и желби
-
истражиш различни начини на нивно изразување
-
стекнеш поголема свесност за своите реакции и начинот на кој се справуваш со непријатните емоции
-
посвесно да се однесуваш кон себе во моменти кога емоциите се силни.
Кои се придобивките кога учиш во група?
Не мора да споделуваш доколку не се чувствуваш комфортно.
Работата во група може да го забрза растот и развојот затоа што:
-
Ќе откриеш дека и другите имаат слични предизвици како твоите
-
Ќе црпиш вредни животни искуства од искуствата на другите
-
Ќе вежбаш нови животни вештини во безбедна средина.
-
Ќе градиш нови пријателства
-
Ќе бидеш дел од заедница која си пружа поддршка кога е најтешко
Едукатор: Жаклина Ангелеска-Костадиновски
Жаклина е гешталт психотерапевт под супервизија, која теоретски и практично, во своите работилници го спојува гешталт со театарските техники односно „го поставува Гешталт на сцена“. Има долгогодишно искуство во формална и неформална едукација и поддршка на млади и возрасни, во реализација на работилници за личен раст и развој, и на алтернативната театарска сцена .
Програма
1. Вовед: На кратко за емоциите
2. Вежба: „Изрази ги своите емоции“
3. Вежба: „Можам и поинаку“
4. Индивидуална и групна рефлексија

Цена: 1500 денари
Работилниците се организирани од Гешталт институт - Советувалиште за хумана соработка
СХС Гешталт Македонија е најстариот Гешталт институт во Македонија, основан во 1998 година.
Во изминатите повеќе од две децении, низ програмите за личен и професионален развој поминале над 1.000 учесници, вклучувајќи студенти од Турција и Грузија.
Како да се пријавиш?
Пополни ја кратката форма. Веднаш по пополнувањето ќе ти пристигнат информации на е-маил за уплата и регистрација.
Бидејќи работилницата е во живо, искуствена и интерактивна, бројот на учесници е ограничен на 15 лица.
Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:
077 865 785
shs.gestalt@gmail.com
🎁
Секој учесник на работилницата добива
📚 Пристап до 3 бесплатни модули од онлајн програма за справување со стрес и анксиозност
📗 Работна книга за нови свесности
Често поставувани прашања
1. Дали треба да имам претходно психолошко или психотерапевтско знаење?
Не. Работилниците се наменети за сите кои сакаат подобро да се разберат себеси и да истражат одредена тема. Не е потребно претходно знаење од психологија или психотерапија.
2. Дали работилницата е исто што и психотерапија?
Не. Работилницата има едукативен и искуствен карактер и не ја заменува индивидуалната или групната психотерапија. Преку вежби, интеракција и лична рефлексија, имаш можност да истражиш одредена тема и сопственото искуство поврзано со неа.
3. Дали мора да споделувам лични работи пред групата?
Не. Секој учесник има право да одлучи колку и што сака да сподели. Работилниците се креирани како безбеден простор за истражување, со почитување на личните граници на секој учесник.
4. Што ако се почувствувам непријатно за време на некоја вежба?
Секогаш можеш да направиш пауза или да одлучиш да не учествуваш во одредена вежба. Целта не е да се присилуваш на нешто, туку да истражуваш во темпо кое ти одговара.
5. Дали можам да добијам поврат на средствата ?
Пријавите за работилниците не подлежат на поврат на средства. Но, истите можат да се искористат за следните работилници
Останати Гешталт работилници






