top of page

Академија за животни вештини - Супернова

Практична 4-месечна академија преку која ќе развиеш животни вештини за подобра комуникација, поголема самодоверба, поголемо задоволство во кариерата и поефикасно справување со стресот.

11_edited.jpg

Живеј помирно, комуницирај подобро и искористи го својот целосен потенцијал.

15+ години искуство • Над 1000 студенти • Практична работа во група

Можеби однадвор твојот живот изгледа сè како што треба.

 

Имаш работа.

Имаш партнер или семејство.

Имаш пријатели.

 

Деновите ти се исполнети со обврски, дружења и активности...

 

Но, одвнатре чувствуваш тивко незадоволство.

 

Можеби затоа што...

 

Доаѓа понеделник и не сакаш да одиш на работа.

Обврските на работа продолжуваат ти да се трупаат, а ти премолчуваш.

Подолго време сакаш да ја смениш работата, но сè уште си таму.

Не можеш да се разбереш со партнерот нѝ за најмалите ситници.

Годините поминуваат, а ти сè уште не знаеш што навистина сакаш од животот.

 

И чувствуваш дека животот може да биде многу повеќе од ова.

 

Дека не го користиш целосно својот потенцијал.

 

Дека сакаш да направиш чекор напред.

 

Но, се појавува едно големо прашање...

 

Како?

 

Како да се справам со стресот и секојдневните притисоци?

Како да откријам што навистина сакам од работата и животот?

Како подобро да комуницирам со партнерот, колегите и луѓето околу мене?

Како да кажам „не“ без чувство на вина?

Како да имам повеќе самодоверба?

 

Едноставно се прашуваш...

 

Како да живеам посреќно, позадоволно и посамоуверено?

 

Ако се пронајде во овие зборови, не си сам/а.

Многу луѓе се наоѓаат во иста или слична ситуација.

 

Знаеш зошто?

 

Затоа што во училиште учевме многу за историјата, географијата, математиката и филозофијата.

 

Но, не научивме како да живееме подобро.

 

Не научивме како:

 

Да комуницираме подобро.

Да се запознаеме себеси.

Да откриеме што навистина сакаме од животот.

Да ги регулираме своите емоции и стресот.

Да поставуваме здрави граници.

Да го препознаеме и искористиме сопствениот потенцијал.

Токму затоа ја создадовме Академијата за животни вештини – Супернова

Затоа на вистинско место си.

 

Преку 4-месечна работа со искусни психолози ќе развиеш животни вештини што ќе ти помогнат подобро да се разбереш себеси, да комуницираш подобро со другите, да го искористиш својот потенцијал и подобро да се справуваш со предизвиците на секојдневниот живот.

По академијата ќе знаеш како да

  • Се справуваш со стресот на работа и предизвиците во секојдневниот живот

  • Поставиш здрави граници без чувство на вина

  • Градиш поздрави односи со партнерот, семејството и колегите 

  • Го откриеш и искористиш својот кариерен потенцијал

  • Пронајдеш повеќе смисла, мотивација и задоволство во работата

  • Да имаш поголема самодоверба во донесување на нови одлуки

  • Подобро да се разбереш себеси, своите потреби и емоции

Академијата е организирана од
Гешталт институт – Советувалиште за Хумана Соработка

СХС Гешталт Македонија е најстариот Гешталт институт во Македонија, основан во 1998 година.

Во изминатите повеќе од две децении, низ програмите за личен и професионален развој поминале над 1.000 учесници, вклучувајќи студенти од Турција и Грузија.

Едукатор: Благица Р. Ваниќ

Благица Р. Ваниќ - психолог, психотерапевт, тренер и супервизор со повеќе од 15 години искуство во личен и професионален развој.

Во текот на својата кариера, Благица им помогнала на стотици луѓе подобро да се разберат себеси, да изградат поздрави односи и да направат значајни промени во својот живот. 

Нејзиниот пристап се темели на Гешталт психотерапијата – пристап што не нуди готови одговори, туку им помага на луѓето да развијат поголема свесност, лична одговорност и вештини за поквалитетен живот. 

DSC_4411-9.png

Програма

 

Модул 1: Личен раст и развој

  • Научи како твоите емоции можат да те водат кон подобар живот

  • Изгради поголема самодоверба и искористи ги своите потенцијали

  • Дознај што навистина сакаш од животот и направи јасен план како да стигнеш до таму

  • Разбери од каде доаѓа твојот стрес и научи методи за поефикасно справување со стресни ситуации.

Модул 2: Кариерен раст и развој

 

  • Комуницирај поефикасно со колегите, претпоставените и во конфликтни ситуации

  • Научи како подобро да го организираш своето време и да ги поставиш приоритетите. 

  • Развиј лидерски вештини што ќе ти помогнат да инспирираш и да влијаеш позитивно на другите. 

  • Создади јасна визија за кариерата и животот што навистина ги посакуваш.

 

 Модул 3. Релации

 

  • Разбери што навистина стои зад конфликтите и недоразбирањата во врската. 

  • Комуницирај поотворено и поефикасно со партнерот. 

  • Изгради поголема доверба, почит и емоционална блискост во врската.

  • Научи како здраво да се справуваш со промените и кризите во врската.

  • Разбери како емоционалната и сексуалната блискост влијаат врз квалитетот на односот.

 

Сесија 4: Развој на креативност

  • Откриј како да стигнеш до твојот креативен потенцијал

  • Научи како да гледаш на предизвиците од повеќе перспективи. 

  • Користи ја креативноста за да носиш подобри одлуки и да решаваш проблеми. 

  • Претвори ги своите идеи во конкретна акција.

  • Користи ги твоите емоции како извор на нови идеи и решенија.

Кои се придобивките кога учиш во група?

Работата во група може да го забрза растот и развојот затоа што:

 

  • Ќе откриеш дека  и другите имаат слични предизвици како твоите

  • Ќе црпиш вредни животни искуства од искуствата на другите

  • Ќе вежбаш нови животни вештини во безбедна средина. 

  • Ќе градиш нови длабоки пријателства

  • Ќе бидеш дел од заедница која си пружа поддршка кога е најтешко

ВРЕДНИ СОЗНАНИЈА

Каде навистина почнува анксиозноста?

РЕАЛНА СЕСИЈА

Со клиент кој се справува со анксиозност.

2ВОДЕНИ ВЕЖБИ

За да слушнеш што навистина се случува во тебе

МИНИ ГРУПИ ЗА
СПОДЕЛУВАЊЕ
(доброволно)

Простор за искрен разговор

🎁

Секој учесник на академијата добива 

📚 Пристап до онлајн програма за справување со стрес и анксиозност

( вредност 3600 денари)

📗 Работна книга за нови свесности (вредност 1000 денари)

Цена за учество

Цена: ??? ден

 Како да се пријавиш? ​

1. Пополни ја кратката форма 

2. Ќе добиеш е-маил со точни инструкции за уплата

3. По уплатата добиваш линк за пристап до работилницата

Prijava - anks. kako poraka

Доколку во првите 7 дена почувствуваш дека не сакаш да продолжиш со академијата, можеш да побараш поврат на средствата

ИСКУСТВА НА УЧЕСНИЦИ ВО ПРЕТХОДНИ РАБОТИЛНИЦИ

"Работилницата за мене беше ново искуство, која што ме натера подлабински да се запознаам себеси. Се чувствував разбрано, а тоа резултираше со некоја ведрина на крајот од работилницата." - Петар

" Целиот настан беше добро организиран, споделивме мислења со помош на менторите и научивме нешто ново." - Оливера

"Работилницата ми донесе оптимизам, спокојство, радост. Поинакво гледиште на работите и да се прифатам со со сите недостатоци" - Дејан

Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:

077 865 785
shs.gestalt@gmail.com

© 2025 Created by KTD

bottom of page