top of page

Гешталт искуствени работилници за личен раст и развој

Фатиме Мефаилоска

ОГЛЕДАЛО БЕЗ СТАКЛО - ПСИХОЛОШКИ ПРОЕКЦИИ

Она што го гледаш кај другите, можеби зборува за тебе.

726350032_1029199613384777_2948670454530033389_n - Farah Mefailoska_edited.jpg

Живо | 29.11.2026 | 17:30ч

Во просториите на Гешталт Македонија

Времетраење 1.5 час

Дали оваа работилница е за тебе?

 

Ти се случува ли понекогаш партнерот да не ти одговара неколку часа и веднаш да помислиш: „Не му е гајле за мене?”

 

Или директорот ти дава краток одговор и мислиш дека си згрешил/а нешто?

 

Или некој споделува дека добил покачување и веднаш го доживуваш како дигнат или фалбаџија?

 

Ако се пронаоѓаш во некои од овие сценарија..

 

Добредојде во светот на психолошките проекции. 

 

Како што кино проекторот проектира филмови на платното, често истото го правиме и ние врз светот околу нас.

 

Ги „проектираме“ нашите верувања, очекувања, стравови и претходни искуства врз луѓето и ситуациите околу нас. 

​

И тука може да настане проблем.

​

Не затоа што нашето толкување секогаш е погрешно.

​

Туку затоа што понекогаш го земаме како факт - вистина.

​

100% убедени дека:

​

На партнерот навистина не му е грижа за мене.

На директорот навистина размислува да ми даде отказ.

Со мене нешто навистина не е во ред штом правам грешки.

 

И токму тие лични проекции отвараат конфликти, раздор и непотребно страдање во врските, работата и односите со нашите пријатели, семејство, роднинини.

​

Но, што ако постои голема разлика помеѓу она што навистина се случува и приказната што ја креираме сами за тоа што се случува?

​

Што ако понекогаш гледаме во другиот, а всушност проектираме дел од себе врз другата личност?

​

Ако почна да размислуваш дека можеби твоите толкувања не се секогаш вистина,

 

Те покануваме на искуствената работилница “Огледало без стакло- Психолошки проекции” со Фатиме Мефаилоска.

 

Преку искуствени вежби ќе откриеш што се психолошки проекции и како да ги препознаеш во секојдневниот живот. 

 

Ќе имаш можност да откриеш некои од твоите лични проекции кон другите и светот околу тебе. 

Работилницата е за тебе ако

​

  • Лесно претпоставуваш што другите мислат за тебе, без да провериш дали навистина е така.

  • Имаш силни емоционални реакции на однесувањето на другите.

  • Често влегуваш во конфликти со партнерот, семејството, пријателите или колегите поради начинот на кој ги толкуваш нивните постапки. 

  • Сакаш да дознаеш што се психолошки проекции

  • Сакаш подобро да се разбереш себеси и начинот на кој ги доживуваш луѓето околу тебе.

  • Да запознаеш луѓе кои се интересираат за психологија и личен раст и развој

По работилницата ​
 

  • Ќе знаеш што се психолошки проекции и како да ги препознаеш во секојдневниот живот.

  • Ќе развиеш поголема свесност за тоа што внесуваш во односите со другите – твоите очекувања, стравови и толкувања.

  • Овие нови свесности ќе ти помогнат да ги доживуваш другите појасно и да градиш поблиски и поискрени односи.

726350032_1029199613384777_2948670454530033389_n - Farah Mefailoska_edited.jpg

​​

 

 

Едукатор: Фатиме Мефаилоска.

Фатиме Мефаилоска е дипломиран психолог и едукант во гешталт психотерапија. Верува дека понекогаш најважните промени започнуваат во моментот кога ќе застанеме и ќе си дозволиме навистина да забележиме што се случува во нас.

 

Во својата работа создава простор за присуство, контакт и истражување на сопственото искуство — простор во кој чувствата, мислите и внатрешните процеси можат да добијат свое место и значење.

 

Работи со теми како анксиозност, стрес, самодоверба, лични граници, животни предизвици и односи со другите, со фокус на поголема свесност и создавање поавтентичен однос со себе.

 

Верува дека секој човек носи во себе ресурси за раст и промена и дека понекогаш токму свесното присуство отвора нова можност за движење напред.

​
Цена: 1200 денари​​

​​

​🎁

​

Секој учесник на работилницата добива ​

​

​​​📚 Пристап до 3 бесплатни модули од онлајн програма за справување со стрес и анксиозност

​

📗 Работна книга за нови свесности 

 Како да се пријавиш? ​

 

Пополни ја кратката форма.

Веднаш по пополнувањето ќе ти пристигнат информации на е-маил и на вибер за уплата и регистрација.

​

Местата се резервираат со уплата за учество.

​

Prijava - anks. kako poraka

Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:

077 865 785
shs.gestalt@gmail.com

Работилниците се организирани од Гешталт институт - Советувалиште за хумана соработка 

​

СХС Гешталт Македонија е најстариот Гешталт институт во Македонија, основан во 1998 година.

Во изминатите повеќе од две децении, низ програмите за личен и професионален развој поминале над 1.000 учесници, вклучувајќи студенти од Турција и Грузија.
 

​

Кои се придобивките кога учиш во група?

​

  • Ќе откриеш дека  и другите имаат слични предизвици како твоите

  • Ќе црпиш вредни животни искуства од искуствата на другите

  • Ќе вежбаш нови животни вештини во безбедна средина. 

  • Ќе градиш нови пријателства

  • Ќе бидеш дел од заедница која си пружа поддршка кога е најтешко

​​​

​​

Често поставувани прашања​

​

1. Дали треба да имам претходно психолошко или психотерапевтско знаење?
Не. Работилниците се наменети за сите кои сакаат подобро да се разберат себеси и да истражат одредена тема. Не е потребно претходно знаење од психологија или психотерапија.​​​

​

2. Дали работилницата е исто што и психотерапија?
Не. Работилницата има едукативен и искуствен карактер и не ја заменува индивидуалната или групната психотерапија. Преку вежби, интеракција и лична рефлексија, имаш можност да истражиш одредена тема и сопственото искуство поврзано со неа.

​

3. Дали мора да споделувам лични работи пред групата?
Не. Секој учесник има право да одлучи колку и што сака да сподели. Работилниците се креирани како безбеден простор за истражување, со почитување на личните граници на секој учесник.

​

4. Што ако се почувствувам непријатно за време на некоја вежба?
Секогаш можеш да направиш пауза или да одлучиш да не учествуваш во одредена вежба. Целта не е да се присилуваш на нешто, туку да истражуваш во темпо кое ти одговара.

​

5. Дали можам да добијам поврат на средствата ?
Пријавите за работилниците не подлежат на поврат на средства. Но, истите можат да се искористат за следните работилници

© 2025 Created by KTD

bottom of page