top of page

  Рефлексивен журнал 

Дневникот на ништотијата 

 Фатиме Мефаилоска 

" Денес не направив ништо, а сепак нешто се  роди.

 

Не мисла, не чувство, туку простор.

 

Простор меѓу мислите, меѓу движењата,  меѓу обидите да бидам доволна.

 

Во тој простор ме сретна тишината. Не беше пријатна, но беше вистинска.

 

Ме гледаше во очи и ми шепна дека  “ништото” не бара храброст, туку верување.

 

Верување дека постојам и кога не  придонесувам, дека вредам и кога не се  обидувам.

 

Дека животот не мора да го заслужувам. Почнувам да сфаќам дека вежбата не е за  тоа да правам ништо, туку за тоа да бидам  во “ништото”. "

Во време кога вредноста на човекот често  се мери со продуктивност, брзина и  постигнувања, "Дневникот на ништотијата" нè поканува на нешто сосема спротивно – да застанеме, да  молчиме и да бидеме.

 

Да го почувствуваме  просторот меѓу мислите, да го слушнеме  здивот, да го видиме она што обично го  оттурнуваме со секојдневните обврски.

 

Овие страници се исполнети со интимни  записи на Фатиме Мефаилоска, со искрени размислувања,  стравови, надежи и тивки сознанија што се раѓаат во моменти кога на прв поглед „не  се случува ништо“.

 

Но токму во тоа ништо  се отвора простор за вистинско соочување  со себе – со телото, со мислите, со  минатото, со желбите и со ранливоста. 

Внеси го твоето име и е-маил адреса за да го преземеш "Дневникот на ништотијата"

Откако ќе го преземеш дневникот, ќе ти испраќаме и неделни e-mail новости со содржини и вежби за подобро ментално здравје и повремени препораки за продукти. Секогаш ќе ја почитуваме твојата приватност и твоите податоци.

© 2025 Created by KTD

bottom of page