top of page
Невро-психолошка дијагностика.jpg

Невро-психолошка дијагностика

Невро-психолошка дијагностика претставува специјализирана проценка која ги евалуира поведението и когнитивните функции поврзани со здравјето на мозокот. Овој процес е од суштинско значење за разбирање како различни невролошки состојби, како што се трауматски повреди на мозокот, деменција и посттрауматско стресно растројство (PTSD) влијаат на когнитивните способности и емоционалната благосостојба на поединецот. Невропсихолошкото тестирање обезбедува сеопфатна евалуација на неколку когнитивни домени, вклучувајќи меморија, внимание, јазични вештини и извршни функции. Со идентификување на специфичните симптоми, овие проценки помагаат во креирањето на план,за примарна, секундарна и терцијална превенција, кој е приспособен на уникатните потреби
на секој поединец.

Овие проценки се исто така од исклучителна важност во диференцијалната дијагноза, правејќи разлика помеѓу состојбите кои можат да покажат слични симптоми. Невропсихолошките проценки можат да ги разјаснат овие разлики со откривање на уникатни когнитивни обрасци поврзани со секоја состојба.
Клучен аспект на невропсихолошката дијагностика во нашиот центар е соработката со невролог. Експертиза на медицинското лице во толкувањето на симптоми кои се јавуваат на физиолошко ниво, заедно со интерпретацијата на резултатите добиени од психолошките тестови, овозможуваат холистички пристап кон превенција и посакуваната рехабилитација на клиентот.

© 2025 Created by KTD

bottom of page