Визија, мисија и цели
СХС има визија да изгради и оформи професионалци кои што преку
вклучување во работни активности, приватна пракса или проекти на
национално и интернационално ниво ќе придонесат кон превенцијата
на менталното здравје, подобрување на квалитетот на живот на секој
човек и справување со последиците при кризни состојби.

Мисијата на СХС е да им овозможи на едукантите кои се во искуствено
едукативниот тренинг или го завршиле истиот, примена во пракса на
Гешталт тераписки техники и методи на работа во областа на
психологијата,психијатријата, социјалната работа, индустриската
психологија, образование и менаџментот на човекови ресурси. СХС
овозможува континуирана едукација преку организирање на
работилници и семинари со домашни и странски искусни и
професионални тренери, терапевти и супервизори.
Целта поради која постои СХС е да овозможи тренинг за Гешталт
терапија, односно кандидатите кои се заинтересирани за ова поле да
стекнат теоретски, искуствени и практични знаења и вештини за
Гешталт терапијата. Текот на едукативниот процес и примената на
целокупното знаење во практиката се под супервизија на искусни
сертифицирани тренери, терапевти и супервизори.