
Обуки за инклунзивно обравозание
Обуката за инклузивно образование е дизајнирана да ги опреми училителите и стручниот кадар со знаење и алатки неопходни за создавање инклузивна средина за учење и задоволување на потребите кај сите ученици.
Модул 1: Разбирање на инклузивното образование и училишниот инклузивен тим
Овој модул ги воведува основните принципи на инклузивното образование, нагласувајќи ја важноста од задоволување на различните потреби на сите деца во училишната заедница. Клучните теми вклучуваат
дефинирање што е инклузивно образование, кои се придобивките од него, разбирање на законските (нормативни) рамки кои го поддржуваат инклузивното образование и истражување на улогата и одговорностите на училишниот инклузивен тим во поттикнувањето на инклузивна средина.
Модул 2: Протоколи и алатки за училишниот инклузивен тим
Во овој модул се обезбедени практични насоки и ресурси за како училишната заедница ефикасно да се справи со клучните области на инклузивно образование. Воедно, се разгледуваат многубројни стратегии за активно вклучување на секој ученик во училишните активности и развивање на методи за поддршка на образовна средина во која главниот фокус е индивидуален образовен план.
Модул 3: Поддршка на наставата и учењето
Поддршката која е неопходна за постигнување на целокупниот потенцијал кај секој поединец е во позитивна корелација со подобрување на практикчната работа при имплементирање на наставниот план. Затоа од непроценлива важност е оспособување на секој професионалец кој е дел од ушилишниот тим, со техники за прилагодување на наставните методи и материјали, се со цел да се задоволат различните потреби за учење и подобрување на резултатите кај секој ученик.
Модул 4: Соработка и евалуација
Овој модул ја нагласува важноста за соработката и континуирано подобрување во инклузивното образование. Вниманието е насочено кон градење силен однос со родителите и локалната заедница, преку собирање информации, анализа на податоци и евалуација на ефективноста
на напорите.
Модул 5: Улоги и одговорности во развојот на инклузивно образование
Овде се истражуваат клучните улоги и одговорности на различни засегнати страни во создавањето инклузивна образовна средина. Се испитуваат специфичните должности на наставниците, стручнииот кадар, родителите/негувателите, заедниците и локалните самоуправи за креирање на безбеден простор за учење во кој секој ученик ќе се чувствува слободно. Посебно внимание се посветува на тоа како овие групи можат ефективно да соработуваат за да одговорат на индивидуалните потреби на учениците и да промовираат чувство на припадност.
Модул 6: Решавање на бариери
Во овој сегмент вниманието е насочено кон идентификување и надминување на различните бариери кои можат да го попречат пристапот, учеството и постигнувањата на ученикот во образовниот процес.
Содржината опфаќа и системски и индивидуални пречки, истражувајќи како да се прилагоди средината за учење, наставни методи и ставови за промовирање на вклученоста. Се дискутираат практични стратегии за создавање поправедно образовно искуство за сите ученици и се охрабруваат учесниците да размислуваат за сопствената училишна средина.
Модул 7: Компетенции на наставникот и инклузивни практики
Овој модул навлегува во нивото на кометенца кое им се потребно на наставниците и на стручниот кадар за ефективно спроведување на инклузивни практики. Ја нагласува важноста на современите пристапи и
методи, воннаставните активности и создавање стимулативни средини за учење. Значајноста на темите како што се соработката со специјалисти, семејниот ангажман, индивидуализираната поддршка, флексибилното распоредување и поддршката од врсниците се евалуираат за да се осигура дека наставниците можат да обезбедат соодветна поддршка на секој ученик.
Модул 8: Разбирање на ситуации и промовирање на учество
Во овој дел се воведува модел за анализа на разновидни ситуации кои може да се јават во образовниот процес. Ги истражува клучните компоненти како што се предметот, објектот, исходот, алатките/артефактите и контекстот за да разбере како овие елементи дејствуваат. Целта е да им се помогне на учителите да создадат средини каде што учениците ќе покажат компетентност, ќе доживеат чувство на
припадност и ќе развијат автономија, со фокусирање на стратегии за однесување, емоционална и когнитивна ангажираност.