top of page

Гешталт искуствени работилници за личен раст и развој

Оливера Станковиќ

ЗАД ЗАВЕСАТА НА ГЛАДОТ

Откриј што стои зад прекумерното прејадување и како да го контролираш

inbound5701266091811324134 - Olivera Mitevska_edited.jpg

Онлајн Zoom | 28.01.2027 | 17:30ч

Времетраење 2 часа

Дали оваа работилница е за тебе?

 

Дали често посегнуваш по храна иако не си вистински гладен/a?

Дали претеруваш со чипсот секогаш кога се чуствуваш осамено, под стрес или си преоптоварен/а ? 

Го отвораш ли фрижидерот после половина час од вечерата? 

Или почнуваш диета и ослабуваш неколку кила, но за неколку месеци пак се враќаш на старите навики? 

И најлошо… почнуваш ли да се обвинуваш дека не си доволно силен/а.?

Но, можеби проблемот не е во тоа дека не си доволно силен/а или принципиелен/а.

Можеби го бараш решението на погрешно место.


Бидејќи проблемот со прејадувањето не е секогаш поврзан со храната или диетата.


Понекогаш храната станува само начин да се справиме со нешто што нѝ е тешко да го почувствуваме, изразиме или промениме.


Па така, зад завесата на гладот можеби се крие прејадувањето заради непрепознаени потреби и емоции на кои долго време не им посветуваме внимание. 

Потреба од подлабоко поврзување со луѓето околу тебе.
Потреба за кариера која нуди раст и е соодветна за твоите таленти.
Потреба да кажеш НЕ на прекумерните обврски
Потреба да плачеш кога ти се плаче, без да глумиш дека се е во ред.

И кога подолго време ги оттурнуваме нашите потреби и емоции - во нас се јавува стрес, анксиозност, осаменост, празнина или немир.


И тогаш храната може да стане еден од начините на кои се обидуваме да добиеме брзо олеснување од овие непријатни искуства.


Барем за момент.


Но, чувството поради кое сме посегнале по храната можеби и понатаму останува непрепознаено. 


И повторно и повторно се појавува потребата за посегнување по храна.


Па се вртиме во круг, без да знаеме како да излеземе од него.

Но, што ако има друг начин како да се справиме со прејадувањето?

Што ако можеме да станеме свесни кога јадеме заради вистински глад, а кога за да избегаме од празнина, стрес, анксиозност или немир?

Токму тоа ќе го истражуваме на оваа работилница.

Преку вежби за свесност,работа со телото и групна поддршка, ќе истражуваш што се случува во тебе пред да посегнеш по храната. 


Ќе можеш да откриеш кои емоции и потреби стојат зад прејадувањето и да откриеш нови можности за избор.


Можности кои можат да те водат кон поздрав однос со храната и со себеси.
 

Работилницата е за тебе ако

  • Постојано се прејадуваш, иако не чуствуваш вистински глад

  • Ја користиш храната како начин за справување со стресот, осаменоста, анксиозноста и други непријатни емоции

  • Пробуваш различни диети, но често се враќаш на старите навики

  • Се чуствуваш загрижено за твоето здравје заради прејадувањето

  • Сакаш да запознаеш луѓе кои се соочуваат со емоционално прејадување

По работилницата 
Ќе знаеш како да го препознаеш импулсот за прејадувањето и ќе откриеш какви незадоволени потреби и емоции се кријат зад прејадувањето.

Кои се придобивките кога учиш во група?

Работата во група може да го забрза растот и развојот затоа што:

 

  • Ќе откриеш дека  и другите имаат слични предизвици како твоите

  • Ќе црпиш вредни животни искуства од искуствата на другите

  • Ќе вежбаш нови животни вештини во безбедна средина. 

  • Ќе градиш нови пријателства

  • Ќе бидеш дел од заедница која си пружа поддршка кога е најтешко

 

 

Едукатор: Оливера Станковиќ

Гешталт психотерапевт под супервизија

Програма

1. Вовед - Теорија за емоционално прејадување

2. Вежба: "Видливи навики - скриени потреби"
3. Вежба: "Што ми е потребно од фрижидерот, а што од себе?"
4. Завршна дискусија и рефлексија

inbound5701266091811324134 - Olivera Mitevska_edited.jpg


Цена: 1200 денари

Работилниците се организирани од Гешталт институт - Советувалиште за хумана соработка 

СХС Гешталт Македонија е најстариот Гешталт институт во Македонија, основан во 1998 година.

Во изминатите повеќе од две децении, низ програмите за личен и професионален развој поминале над 1.000 учесници, вклучувајќи студенти од Турција и Грузија.
 

 Како да се пријавиш? ​

 

​Работилниците ќе започнат да се одржуваат од октомври.

Доколку сакаш да те информираме веднаш штом бидат утврдени датумите пополни ја кратката форма подолу.

Prijava - anks. kako poraka

Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:

077 865 785
shs.gestalt@gmail.com

🎁

Секој учесник на работилницата добива 

📚 Пристап до 3 бесплатни модули од онлајн програма за справување со стрес и анксиозност

📗 Работна книга за нови свесности 

Често поставувани прашања

1. Дали треба да имам претходно психолошко или психотерапевтско знаење?
Не. Работилниците се наменети за сите кои сакаат подобро да се разберат себеси и да истражат одредена тема. Не е потребно претходно знаење од психологија или психотерапија.

2. Дали работилницата е исто што и психотерапија?
Не. Работилницата има едукативен и искуствен карактер и не ја заменува индивидуалната или групната психотерапија. Преку вежби, интеракција и лична рефлексија, имаш можност да истражиш одредена тема и сопственото искуство поврзано со неа.

3. Дали мора да споделувам лични работи пред групата?
Не. Секој учесник има право да одлучи колку и што сака да сподели. Работилниците се креирани како безбеден простор за истражување, со почитување на личните граници на секој учесник.

4. Што ако се почувствувам непријатно за време на некоја вежба?
Секогаш можеш да направиш пауза или да одлучиш да не учествуваш во одредена вежба. Целта не е да се присилуваш на нешто, туку да истражуваш во темпо кое ти одговара.

5. Дали можам да добијам поврат на средствата ?
Пријавите за работилниците не подлежат на поврат на средства. Но, истите можат да се искористат за следните работилници

Останати Гешталт работилници 

Ангела Петковска

ТЕЛОТО КАКО ОГЛЕДАЛО

Откријте што телото сака да ви каже преку симптомите и стресот

48af176a-2c94-498a-b1b2-5cbbfc3bb3fd_edi

Благица Р. Ваниќ

ЉУБОВ И ИНТИМНОСТ

Зошто се дистанцираме кога блискоста станува интензивна?

DSC_4368-6.png

Тамара Мирческа | Мартина Станојковска | Љупка Топаловска

ЛИЧНИ ГРАНИЦИ

Како да бидеме ‘ние’ без ‘јас’ да исчезне?

Capture.JPG
Capture2.JPG
579903606_25651104104497520_8372577088325447414_n.jpg

Жаклина Ангелеска-Костадиновски

ДРАГИ МОИ НЕПРИЈАТНИ ЕМОЦИИ

Како да се носиш подобро со стравот, тагата, лутината, бесот, вината и срамот?

6e5d7e20-c2f0-41e3-aebc-c0be3f198dc8.jpg

Фатиме Мефаилоска

ОГЛЕДАЛО БЕЗ СТАКЛО - ПСИХОЛОШКИ ПРОЕКЦИИ

Кога другите стануваат нашето огледало

Фатиме Мефаилоска

СЕМЕ НА ПРОМЕНА

Засади го она што сакаш да расте во тебе

Фатиме Мефаилоска

ОСТРОВОТ НА ЕМОЦИИТЕ

Патување низ мојот внатрешен свет

726350032_1029199613384777_2948670454530033389_n - Farah Mefailoska_edited.jpg

Катерина Крстевска

МОЕТО МЕСТО МЕЃУ ДРУГИТЕ 

Како да се справиш со стравот, тагата, лутината, бесот, вината, срамот без да те надвладеат?

aee5b695-57cc-4aa6-9948-bd9cc179749f_edited.jpg

Маја Трајановска

УМЕТНОСТА НА АВТЕНТИЧНАТА БЛИСКОСТ

Како да изградиш подлабоки односи со луѓето што ти значат, без да се изгубиш себеси?

63838a7e-f6d5-439c-91c1-ec57b1738da4.jpg

Лефтерка Крстева

ПОЗИТИВНА ПРОЕКЦИЈА -

МОИТЕ НЕОТКРИЕНИ КВАЛИТЕТИ

Откриј ги квалитетите што ги препознаваш кај другите, а ги пропушташ кај себе

10x - Lefterka Krsteva.jpg

© 2024 Created by KTD

bottom of page