top of page

Натпревар за најинспиративна порака за себе

Natprevar za besplaten kurs_edited.jpg

​​Каква е таа порака која би ти ја стопила грутката во градите?


Која би те разнежнила, гушнала и би ти рекла „доволен/на си“?


Кои се тие зборови кои ќе ти помогнат да си простиш, да си дадеш сочувство за сите грешки?

Зборови кои ќе те мотивираат за нови почетоци од следната година?

​Нурни длабоко во себе и пронајди ја пораката што чекаш да ја слушнеш од некој друг.

​Пораката може да ја изразиш во форма на текст.

 

Може да испратиш и фотографија, цртеж, видео или аудио во придружба на пораката. Изборот е твој :)

 

Најкреативните и најинспиративни апликации ќе бидат наградени со бесплатен практичен курс за справување со анксиозност со аудио вежби, реални сесии со клиент, работна книга и едукативни видеа.

 

Бидете креативни и автентични.

Со среќа :)

Ако се погледнам со очи полни љубов - каква порака би си пратил/а на крајот од оваа година?

Правила

Во натпреварот може да учествувате само со една апликација.

Пораките ќе бидат објавени на нашите социјални мрежи (анонимно без да се спомнува името на апликантот)

Две пораки со најмногу гласови на социјалните мрежи ќе добијат бесплатен курс за анксиозност.

Две пораки кое ќе бидат избрани од нашиот тим за најинспиративни

ќе добијат бесплатен курс за анксиозност.

Може да аплицирате до 18.12.2025, 23:59 часот.

Добитниците ќе бидат објавени на 01.01.2026 во 00:01 часот.

© 2024 Created by KTD

bottom of page