Гешталт искуствени работилници за личен раст и развој
Во живо | 12.11.2026 | 17:30ч
Времетраење 2 часа
Дали оваа работилница е за тебе?
Дали често се восхитуваш некому поради храброста, смиреноста, креативноста, добрината или самодовербата?
За потоа веднаш да помислиш „Јас никогаш нема да бидам како него/неа.”
А кога некој тебе ќе те пофали, веднаш си велиш:
„Не е ништо посебно.“
“Сигурно ме фалат од куртоазија”
Но што ако она што најмногу го препознаваш и цениш кај другите може да ти открие нешто и за тебе?
За твоите квалитети, таленти, вештини и потенцијали.
Токму тоа ќе го истражуваме на оваа искуствена работилница
Преку вежби за визуелизација ќе ги замислиш квалитетите што те инспирираат кај некоја друга личност.
Можеби те инспирира нејзината храброст, смиреност, креативност, добрина, самодоверба или начинот на кој се однесува кон другите.
Можеби токму преку ова искуство ќе започнеш да ги гледаш кај себе квалитетите што толку лесно ги препознаваш кај другите.
А токму тоа може да биде мал, но важен чекор кон поголема верба и љубов кон себе.
Работилницата е за тебе ако
-
ги ставаш другите на пиедестал и веруваш дека не си доволно добар/а
-
се спречуваш да го кажеш своето мислење зошто мислиш дека не си доволно паметен/а или интересен/а
-
тешко ги препознаваш и прифаќаш сопствените квалитети
-
сакаш да запознаеш луѓе кои се интересираат за психологија и личен раст и развој
По работилницата
Ќе имаш можност да добиеш поголема свесност за личните квалитети и потенцијали што можеби не ги препознаваш кај себе, а лесно ги забележуваш кај другите.
Кои се придобивките кога учиш во група?
Работата во група може да го забрза растот и развојот затоа што:
-
Ќе откриеш дека и другите имаат слични предизвици како твоите
-
Ќе црпиш вредни животни искуства од искуствата на другите
-
Ќе вежбаш нови животни вештини во безбедна средина.
-
Ќе градиш нови пријателства
-
Ќе бидеш дел од заедница која си пружа поддршка кога е најтешко
Едукатор: Лефтерка Крстева
Лефтерка Крстева е психолог и гешталт психотерапевт под супервизија и има повеќегодишно искуство во работа на себе и личен развој.
Програма
1. Вовед: На кратко за емоциите
2. Вежба: „Изрази ги своите емоции“
3. Вежба: „Можам и поинаку“
4. Индивидуална и групна рефлексија

Цена: 1200 денари
Работилниците се организирани од Гешталт институт - Советувалиште за хумана соработка
СХС Гешталт Македонија е најстариот Гешталт институт во Македонија, основан во 1998 година.
Во изминатите повеќе од две децении, низ програмите за личен и професионален развој поминале над 1.000 учесници, вклучувајќи студенти од Турција и Грузија.
Како да се пријавиш?
Работилниците ќе започнат да се одржуваат од октомври.
Доколку сакаш да те информираме веднаш штом бидат утврдени датумите пополни ја кратката форма подолу.
Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:
077 865 785
shs.gestalt@gmail.com
🎁
Секој учесник на работилницата добива
📚 Пристап до 3 бесплатни модули од онлајн програма за справување со стрес и анксиозност
📗 Работна книга за нови свесности
Често поставувани прашања
1. Дали треба да имам претходно психолошко или психотерапевтско знаење?
Не. Работилниците се наменети за сите кои сакаат подобро да се разберат себеси и да истражат одредена тема. Не е потребно претходно знаење од психологија или психотерапија.
2. Дали работилницата е исто што и психотерапија?
Не. Работилницата има едукативен и искуствен карактер и не ја заменува индивидуалната или групната психотерапија. Преку вежби, интеракција и лична рефлексија, имаш можност да истражиш одредена тема и сопственото искуство поврзано со неа.
3. Дали мора да споделувам лични работи пред групата?
Не. Секој учесник има право да одлучи колку и што сака да сподели. Работилниците се креирани како безбеден простор за истражување, со почитување на личните граници на секој учесник.
4. Што ако се почувствувам непријатно за време на некоја вежба?
Секогаш можеш да направиш пауза или да одлучиш да не учествуваш во одредена вежба. Целта не е да се присилуваш на нешто, туку да истражуваш во темпо кое ти одговара.
5. Дали можам да добијам поврат на средствата ?
Пријавите за работилниците не подлежат на поврат на средства. Но, истите можат да се искористат за следните работилници
Останати Гешталт работилници






