top of page

 ИСКУСТВЕНА РАБОТИЛНИЦА 

КАКО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО АНКСИОЗНОСТА.png

времетраење: 3 часа 
Датум: 22.04.2026
Час: 18:00

Во живо и онлајн

Сакаш да живееш во сегашноста –
но постојано си в
о анксиозни мисли како:

"Ќе ми се случи нешто лошо"
"Ќе изгубам контрола"
"Ако не згрешев - ќе беше се поинаку"
 
Мисли што ти го окупираат умот  
и полека ти ги одземаат:


👉 најубавите моменти
👉 фокусот 
👉 енергијата
👉 сонот
 
Се обидуваш да ги смириш —  но колку повеќе се трудиш,  
толку повеќе се враќаат.


И полека почнуваш да се обвинуваш себеси.
Да мислиш дека проблемот е во тебе.
 
Дека не умееш да живееш во сегашниот момент.

Но…можеби проблемот не е во тебе, ниту во мислите.

 

Можеби само ти недостасува нов пристап како да се справиш со нив
кога ќе се појават.

Нов однос со мислите, емоциите и симптомите во сегашниот момент.

ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧУВА ВО СЕГАШНИОТ МОМЕНТ ?

Во сегашниот момент не доживуваме само убави моменти.

 

Во него се појавуваат и непријатни емоции, мисли или симптоми.

 

Но, често бегаме од нив и ги обвинуваме дека се "крадци" на моменти.

И токму тогаш ја пропуштаме најголемата можност која ја нуди сегашниот момент.

Да го смениме односот со нив.

- наместо да бегаме - да ги прифатиме

- наместо да ги бркаме - да разбереме зошто  се појавуваат?

- наместо да ги потиснуваме - да ги интегрираме

На оваа искуствена работилница ќе го научиш токму тоа    

Овој нов однос со мислите, емоциите и симптомите ќе ти помогне:

​​

- да останеш мирен/а кога ќе се појави анксиозноста
- да не реагираш панично на симптомите и стравовите

- да разбереш зошто се појавуваат толку често

- да  почувствуваш поголема контрола и сигурност

​​

 ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ТЕБЕ ПО РАБОТИЛНИЦАТА ? 

 ШТО ЌЕ ИСКУСИШ НА РАБОТИЛНИЦАТА? 

ВЕРДНИ СОЗНАНИЈА

Зошто анксиозноста нè носи во минатото и иднината?

Како сегашниот момент е моќен ресурс за справување со анксиозноста?

РЕАЛНА СЕСИЈА

Ќе погледнеш како изгледа процес на клиент кој се справува со анксиозност
во сегашниот момент

3ВОДЕНИ ВЕЖБИ

Практични вежби за нов однос со:

Емоциите

Мислите

Симптомите

МИНИ ГРУПИ ЗА
СПОДЕЛУВАЊЕ
(опциално)

Безбеден простор да го споделиш твоето искуство со вебинарот и да ги слушнеш искуствата на другите.

Програмата за работилницата

 

Сесија 1: Зошто не можеш да бидеш во сегашноста?

- Сесија со клиент

- Зошто умот оди во минато и иднина?

- Вежба: Каде си сега?

 

Сесија 2: Враќањето во сегашниот момент е клучен за справување со анксиозноста

 

- Што да направиш кога ќе се појави анксиозноста?

- Вежба: Стапи во нов однос со анксиозноста

 

 Сесија 3. Анксиозноста како порака за тебе

 

-  Анксиозноста - наш непријател или водич кон помирен живот?

- Вежба: Што ти кажува анксиозноста за тебе ?

 

Сесија 4: Простор споделување, прашања и одговори

DSC_4411-9.png

Предавач: Благица Р. Ваниќ

Благица Р. Ваниќ е психолог и гешталт психотерапевт  
15+ години искуство.

Работи со луѓе кои се соочуваат со анксиозност, стрес и внатрешен немир  и им помага да изградат поинаков однос со себе.

 

​​"Верувам дека секоја промена започнува со свесност

– со моментот кога ќе застанеме, ќе погледнеме во

себе.

Мојата улога е да ве поддржам на тој пат – без осудување, со почит и со внимание кон вашата приказна."

Анксиозноста не се одржува само од непријатните мисли

туку и од:


- обидот за совршенство
- силниот внатрешен критичар
- потиснати емоции и потреби
- недостаток на само-поддршка

🎁Затоа по работилницата ќе добиеш бонус 

📗 Работна книга за рефлексија (40 прашања)

→ ќе ти помогне да ги откриеш причините зад твојата анксиозност

🎧 4 водечки аудио вежби

→ кои можеш да ги користиш кога ќе се појави немир или напнатост

📚 Бесплатен пристап до дел од програма за справување со анксиозност

→ за да го разбереш коренот на твојата анксиозност

Ќе научиш што да направиш кога ќе се појават мислите, емоциите или симптомите —
за да се смириш побрзо и да бидеш поприсутен/а во сегашниот момент.

Цена: 1500 ден

Ако стигна до тука – значи дека ова ти е важно.

Не мора да решиш сè денес.

Но можеш да направиш прв чекор.

 Како да се пријавиш? ​

1. Пополни ја кратката форма (30 секунди)

2. Ќе добиеш е-маил со точни инструкции за уплата

3. По уплатата добиваш линк за пристап до работилницата

Prijava

Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:

077 865 785
shs.gestalt@gmail.com

По работилницата ќе имаш нова перспектива за твојата анксиозност и како подобро да се справиш со
неа во сегашниот момент

© 2024 Created by KTD

bottom of page