ОД БОРБА СО АНКСИОЗНОСТА
КОН РАЗБИРАЊЕ И ВНАТРЕШЕН МИР

Практична онлајн програма која ќе ти помогне да го разбереш коренот на твојата анксиозност и чекор по чекор да ја смируваш.
✓ 5+ часа видео лекции
✓ Реално сценарио на клиент
✓ Водечки аудио вежби
✓ Работна книга за рефлексија
✓ Пристап 24/7 часа
✓ Индивидуална сесија
за поддршка
Онлајн програма за справување со анксиозност на македонски јазик со прикажани сесии од клиент и терапевтски практични вежби кои можеш да ги примениш веднаш
Во неколку недели ќе изградиш нов однос со анксиозноста кој ќе ти помогне:
-
да не те обземаат стравовите
и да ги намалиш физичките симптоми
-
да разбереш која потисната потреба или емоција
ти предизвикува анксиозност
-
од постојан страв дека нешто лошо ќе се случи
да се чувствуваш посигурно и побезбедно во твоето
тело во сегашниот момент
-
да стапиш во контакт со твоето тело и емоции за
постигнеш поголемо чувство на опуштеност и
мир
-
да го промениш односот кон себе. Од постојана
самокритика и себе отфрлање кон повеќе љубов за себе
-
постигнеш поголема самодоверба, повеќе енергија
и подобар сон
Модули
Модул 1 - Што е анксиозност?
Кои се симптомите и што стои зад нив.
Модул 2 - Зошто сме анксиозни?
Како несвесно се доведуваме до анксиозност и како да излеземе од тој круг.
Модул 3 - Моќта на сегашниот момент
Зошто враќањето во сегашниот момент е клучно за справување со анксиозноста.
Модул 4 - Контакт со себе е прв чекор кон мир
Како контактот со себе води кон повеќе мир и слобода.
Модул 5 - Во контакт со себе и анксиозноста
Како да стапиме во контакт со емоциите и симптомите за да ја препознаеме нивната
порака за подобри и посвесни избори.
Модул 6 - Мои емоции, мои потреби - моја одговорност
Зошто одговорноста за сопствените емоции и потреби е клучна за справување со анксиозноста.
Модул 7 - Перфекционизмот - тивкиот мотор на анксиозноста
Како стремежот кон совршенство станува извор на анксиозност и што навистина стои зад таа потреба.
Модул 8 - Скриениот двигател на анксиозноста:
очекувањето другите да нѝ ги исполнат потребите
Како несвесното очекување другите да ги задоволат нашите потреби ја одржува анксиозноста
Модул 9 - Само-поддршка - клуч за справување со анксиозноста
Како да изградиме капацитети за само-поддршка и само-љубов.
Терапевтски сесии со клиент
Ѕирни во секојдневната борба на човек што се справува со анксиозност. Преку неговото сценарио ќе дознаеш кои се најчестите причини за анксиозноста и ќе искусиш вежби од психотерапијата за ефикасно справување со симптомите, немирот и самокритиката.

Едукативни содржини за анксиозноста
Преку видео разговори ќе го следиме процесот на клиентот и
ќе одговориме на следниве прашања:
-
Што е анксиозноста?
-
Зошто се појавува?
-
Како сами се доведуваме до анксиозност?
-
Дали е можно да се живее квалитетен живот со анксиозност - токму благодарение на неа?

Работна книга за само-рефлексија
Знаењето е вредно, но себе-спознавањето ја носи промената.
Затоа не те оставаме само со информации. Во работната книга се вклучени повеќе од 40 внимателно избрани прашања за само-рефлексија кои ќе те водат кон подлабоко спознавање на себеси и корените на твојата анксиозност.


Водечки аудио вежби
Аудио вежбите траат во просек 10-15 минути и можеш да ги слушаш кога и да ти е потребно за да:
-
Го смириш телото и умот
-
Се запознаеш себеси и коренот на твојата анксиозност
-
Ја вратиш контролата врз своите емоции, стравови, симптоми
-
Изградиш капацитети за чувство на безбедност и мир

Индивидуална сесија за поддршка
Во рамки на програмата е вклучена и една индивидуална средба со гешталт едукант во завршна фаза.
Во безбеден про стор ќе можеш да ги разгледаш твоите прашања, дилеми и искуства за содржината во модулите.

Искуства на учесници на курсот
Благица Р. Ваниќ, е психолог, психотерапевт, тренер и супервизор со меѓународно искуство - кој ја истражува и негува човечката природа, во сите нејзини нијанси.
"Верувам дека секоја промена започнува со свесност
– со моментот кога ќе застанеме, ќе погледнеме во
себе и ќе го препознаеме она што е живо и
вистинито во нас.
Мојата работа е повеќе од професија – таа е мој
повик. И секогаш кога ќе видам некој како прави мал чекор кон себеси, знам дека сум на вистинскиот пат.
Верувам дека секој човек носи во себе огромен потенцијал за промена и раст.
Мојата улога е да ве поддржам на тој пат – без осудување, со почит и со внимание кон вашата приказна."
Предавач: Благица Р. Ваниќ

За кого е оваа програма?
Оваа програма е за сите тивки борци кои што секој ден функционираат "нормално"–
додека во себе водат битка која никој не ја гледа.
За луѓе кои живеат со постојан немир, прекумерно размислување
и страв дека нешто лошо ќе се случи.
За оние што веќе пробале многу начини да се смират,
но сега се подготвени за нешто подлабоко –
за еден подлабок пат.
Пат на вистинско разбирање на својата анксиозност.
Пат што постепено води кон стабилен мир
и намалување на нејзиното влијание во твојот живот.
Ако си преморен/а од брзи решенија, од кругот на надеж и разочарување
и сакаш стабилна и вистинска промена - оваа програма за справуавање со анксиозност е за тебе.
Цена за онлајн програмата
3600 денари
Како да се пријавиш?
1. Пополни ја кратката форма со твоите основни податоци.
2. Ќе добиеш е-маил со детални информации за уплата.
3. По уплатата ќе ти овозможиме пристап до модулите.
Немаш обврски за плаќање додека не одлучиш да продолжиш.
Пријави се сега
Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:
077 865 785
shs.gestalt@gmail.com
Често поставувани прашања
Колку време трае онлајн програмата?
По купувањето, добиваш целосен пристап до модулите во времетраење од 40 дена. Програмата е осмислена така што може да се следи со 20–30 минути дневно. Доколку сакаш да го продолжиш пристапот по истекот на 40 дена, тоа е можно со дополнителна доплата.
Не знам дали онлајн програма може да ми помогне?
Можеби прашањето не е дали програмата сама по себе ќе ја реши анксиозноста. туку: дали си подготвен/а да почнеш да ја разбираш. Оваа програма нема магично да ја избрише анксиозноста. И по гледањето на модулите веројатно и понатаму ќе имаш моменти на страв или анксиозност.
Но она што може да го направи е многу важно: Да ти помогне да ја разбереш анксиозноста, да откриеш што се крие зад неа, и да изградиш поинаков однос со твоите мисли, емоции и стравови. За многу луѓе токму тоа е првиот чекор од постојана борба со анксиозноста кон повеќе мир, самоподдршка и сигурност во себе.
Дали можам да ја следам програмата по свое темпо?
Да. Можеш да ја следиш во ритам што ти одговара. Пристап до модулите имаш 24/7 и може да ги гледаш во време што тебе ти одговара.
Како добивам пристап по купувањето?
Откако ќе се пријавиш на твојата е-пошта ќе добиеш инструкции за уплата. Плаќањето се врши преку банкарска уплата. По извршената уплата, потребно е да креираш корисничка сметка на нашата веб страница. Откако ќе се регистрираш, ќе ти овозможиме пристапот до модулите и веднаш можеш да започнеш.
Што ако немам време?
Онлајн програмата е осмислена да можеш да ја следиш со околу 20–30 минути дневно.
Не мораш да ја изгледаш одеднаш. Можеш да учиш во свое темпо и во време кога тебе ти одговара.
Дури и малите, конзистентни чекори се доволни за да почувствуваш промена.
Дали оваа програма е замена за психотерапија?
Разговорот со психотерапевт и индивидуалната психотерапија имаат посебна вредност
и за многу луѓе тоа е најдлабокиот начин на работа со себе. Оваа онлајн програма не е замена за психотерапија. Но за многу луѓе може да биде прв чекор —особено затоа што е подостапна и од економски и од психолошки аспект.
Некои луѓе можеби во моментот немаат финансиска можност за редовна терапија.
Други пак чувствуваат трема или несигурност веднаш да започнат разговор со терапевт.
Во такви случаи, оваа програма може да биде безбеден и достапен начин да почнеш подобро да ја разбираш својата анксиозност, да стапиш во контакт со своите емоции и потреби и постепено да се подготвиш за подлабока работа со себе.
Што ако не ми помогне?
Доколку по започнувањето на програмата почувствуваш дека не е вистинскиот избор за тебе, можеш да побараш поврат на средствата во рок од 7 дена од купувањето. Нашата цел е да се чувствуваш сигурно во својата одлука.