top of page

Гешталт искуствени работилници за личен раст и развој

Жаклина Ангелеска-Костадиновски

ДРАГИ МОИ НЕПРИЈАТНИ ЕМОЦИИ

Како да се носиш подобро со стравот, тагата, лутината, бесот, вината и срамот ?

6e5d7e20-c2f0-41e3-aebc-c0be3f198dc8.jpg

Во живо | 01.10.2026 | 17ч

Во просториите на Гешталт Македонија

Дали оваа работилница е за тебе?

 

Направи грешка на работа и цел ден си 

преплавен/а од вина?

 

Партнерот заборавил да го исфрли ѓубрето, а лутината ти го расипува целиот ден?

 

Некој ти упатил неумесен коментар и ја задржуваш лутината во себе цел ден?

 

Вестите постојано ти предизвикуваат страв и тага и влијаат врз твоето расположение?

 

Проектот што не успеа те држи заглавен/а во тага со денови или недели?

 

Ако се препознаваш во дел од овие ситуации, можеби проблемот не е во емоциите, туку во тоа што не знаеш како да се носиш со нив.

 

Кога ги потиснуваме, отфрламе или игнорираме, тие можат да станат уште посилни и да нè преплават со часови, денови, па и недели.

 

Но, што ако наместо да бегаме од нив, им пристапиме со љубопитност?

 

Можеби тогаш ќе откриеме дека непријатните емоции не се нешто од кое треба да се ослободиме.

 

Туку и тие имаат своја улога, бенефит и порака за нас.

 

Токму тоа ќе го истражуваш на оваа искуствена работилница.

 

На нашата Гешталт сцена преку играње на различни улоги ќе можеш да искусиш различни емоции и да избереш различни начини како да ги изразиш, а да се чувствуваш безбеден/а и прифатен/а.

 

Тоа ќе ти помогне да:

 

  • препознаеш која емоција е присутна во моментот;

  • забележиш каде ја чуствуваш во телото;

  • истражиш различни начини на изразување на своите емоции преку Гешталт и театарски техники

  • започнеш дијалог со емоцијата и истражиш каква порака носи за тебе;

 

Овој нов однос со емоциите може да ти помогне полесно да се справуваш со нив и да не дозволиш да те  преплават.

 

И можеби најважното..

 

Да откриеш што стои зад стравот, лутината, тагата, фрустрацијата, вината или срамот. 

 

Токму тоа ќе ти помогне да пронајдеш повеќе мир, стабилност и чуство на исполнетост.

Работилницата е за тебе ако

  • Сакаш да истражиш како подобро да се справуваш со стравот, лутината, срамот тагата, грижите, немирот и другите непријатни емоции

  • Чуствуваш дека непријатните емоции те преовладуваат и ти го контролираат денот

  • Сакаш да се запознаеш себеси подобро и да живееш поисполнето

  • Сакаш да запознаеш луѓе кои се интересираат за психологија и личен раст и развој

По работилницата ќе можеш да 

  • ги препознаваш подобро своите емоции, да ги слушаш, наместо да ги потиснуваш или избегнуваш

  • откриеш што можат да ти кажат емоциите за твоите потреби и желби

  • истражиш различни начини на нивно изразување

  • стекнеш поголема свесност за своите реакции и начинот на кој се справуваш со непријатните емоции

  • посвесно да се однесуваш кон себе во моменти кога емоциите се силни.

Кои се придобивките кога учиш во група?

Работата во група може да го забрза растот и развојот затоа што:

 

  • Ќе откриеш дека  и другите имаат слични предизвици како твоите

  • Ќе црпиш вредни животни искуства од искуствата на другите

  • Ќе вежбаш нови животни вештини во безбедна средина. 

  • Ќе градиш нови пријателства

  • Ќе бидеш дел од заедница која си пружа поддршка кога е најтешко

 

 

Едукатор: Жаклина Ангелеска-Костадиновски

Жаклина е гешталт психотерапевт под супервизија, која теоретски и практично, во своите работилници го спојува гешталт со театарските техники односно „го поставува Гешталт на сцена“.  Има долгогодишно искуство во формална и неформална едукација и поддршка на млади и возрасни, во реализација на работилници за личен раст и развој,  и на алтернативната театарска сцена . 

Програма

1. Вовед: На кратко за емоциите

2. Вежба: „Изрази ги своите емоции“

3. Вежба: „Можам и поинаку“

4. Индивидуална и групна рефлексија

6e5d7e20-c2f0-41e3-aebc-c0be3f198dc8_edi

ЦЕНА - ...

 Како да се пријавиш? ​

​Работилниците ќе започнат да се одржуваат од октомври.

Доколку сакаш да те информираме веднаш штом бидат утврдени датумите пополни ја кратката форма подолу.

Останати Гешталт работилници 

Лефтерка Крстева

Позитивна проекција - Моите неоткриени квалитети

Откриј ги квалитетите што ги препознаваш кај другите, а ги пропушташ кај себе

10x - Lefterka Krsteva.jpg

Благица Р. Ваниќ

ЉУБОВ И ИНТИМНОСТ

Зошто се дистанцираме кога блискоста станува интензивна?

DSC_4368-6.png

Ангела Петковска

ТЕЛОТО КАКО ОГЛЕДАЛО

Откријте што телото сака да ви каже преку симптомите и стресот

48af176a-2c94-498a-b1b2-5cbbfc3bb3fd_edi

Тамара Мирческа | Мартина Станојковска | Љупка Топаловска

ЛИЧНИ ГРАНИЦИ

Како да бидеме ‘ние’ без ‘јас’ да исчезне?

Capture.JPG
Capture2.JPG
579903606_25651104104497520_8372577088325447414_n.jpg

🎁

Секој учесник на работилницата добива 

📚 Пристап до онлајн програма за справување со стрес и анксиозност

📗 Работна книга за нови свесности 

Фатиме Мефаилоска

ОГЛЕДАЛО БЕЗ СТАКЛО - ПСИХОЛОШКИ ПРОЕКЦИИ

Кога другите стануваат нашето огледало

Фатиме Мефаилоска

СЕМЕ НА ПРОМЕНА

Засади го она што сакаш да расте во тебе

Фатиме Мефаилоска

ОСТРОВОТ НА ЕМОЦИИТЕ

Патување низ мојот внатрешен свет

726350032_1029199613384777_2948670454530033389_n - Farah Mefailoska_edited.jpg

Катерина Крстевска

МОЕТО МЕСТО МЕЃУ ДРУГИТЕ 

Како да се справиш со стравот, тагата, лутината, бесот, вината, срамот без да те надвладеат?

aee5b695-57cc-4aa6-9948-bd9cc179749f_edited.jpg

Маја Трајановска

УМЕТНОСТА НА АВТЕНТИЧНАТА БЛИСКОСТ

Како да изградиш подлабоки односи со луѓето што ти значат, без да се изгубиш себеси?

63838a7e-f6d5-439c-91c1-ec57b1738da4.jpg

Оливера Станковиќ

ЗАД ЗАВЕСАТА НА ГЛАДОТ

Откриј што стои зад прекумерното прејадување и како да го контролираш

inbound5701266091811324134 - Olivera Mitevska_edited.jpg
Prijava - anks. kako poraka

Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:

077 865 785
shs.gestalt@gmail.com

© 2024 Created by KTD

bottom of page