top of page

Лефтерка Крстева

МОИТЕ НЕОТКРИЕНИ КВАЛИТЕТИ

Гешталт работилница која може да ти помогне да ги истражиш сопствените квалитети и потенцијали што можеби сеуште не ги препознаваш кај себеси.

10x - Lefterka Krsteva.jpg

Онлајн Zoom| 12.11.2026 | 17:30ч

Времетраење 2 часа

Дали оваа работилница е за тебе?

 

Дали често се восхитуваш некому поради храброста, смиреноста, креативноста, добрината или самодовербата?

​

За потоа веднаш да помислиш „Јас никогаш нема да бидам како него/неа.”

​

А кога некој тебе ќе те пофали, веднаш си велиш:

„Не е ништо посебно.“
“Сигурно ме фалат од куртоазија”

​

Но што ако она што најмногу го цениш кај другите може да ти открие нешто и за тебе?

​

Нешто за твоите квалитети, таленти, вештини и потенцијали.

​

Токму тоа ќе го истражуваме на оваа работилница.

​

​Преку водени вежби за визуелизација ќе се поврзеш со квалитетите што те инспирираат кај некоја друга личност.

​

Можеби те инспирира нејзината храброст, смиреност, креативност, добрина, самодоверба или начинот на кој се однесува кон другите.

​

Ќе имаш можност на замислената личност да ѝ упатиш зборови на признание.

​

А потоа ќе направиш нешто поинакво: ќе ги упатиш истите тие зборови кон себе.

​

Ќе истражиш како е да си ги признаеш сопствените квалитети, да се охрабриш и да се погледнеш себеси со повеќе разбирање и прифаќање.

​

Можеби преку ова искуство ќе откриеш дека дел од квалитетите на кои толку многу им се восхитуваш кај другите веќе постојат и во тебе.

​

Токму тоа може да биде мал, но важен чекор кон поголема самодоверба и љубов кон себе. 
 

Работилницата е за тебе ако

​

  • ги ставаш другите на пиедестал и мислиш дека се подобри од тебе

  • се споредуваш со другите и веруваш дека не си доволно добар/а

  • тешко ги прифаќаш комплиментите и признанијата од другите

  • се спречуваш да го кажеш своето мислење зошто мислиш дека не си доволно паметен/а или интересен/а

  • тешко ги препознаваш сопствените квалитети 

  • ги минимизираш сопствените успеси и достигнувања

  • полесно ги забележуваш своите недостатоци отколку своите квалитети

По работилницата ​
Ќе имаш можност да добиеш поголема свесност за личните квалитети што можеби досега не си ги препознај кај себеси, а лесно ги забележуваш кај другите.

Кои се придобивките кога учиш во група?

​

Работата во група може да го забрза растот и развојот затоа што:

 

  • Ќе откриеш дека и другите имаат слични предизвици како твоите

  • Ќе вежбаш нови животни вештини во безбедна средина. 

  • Ќе запознаеш луѓе кои се интересираат за личен раст и развој и психологија

​​

 

 

Едукатор: Лефтерка Крстева

Лефтерка Крстева е дипломиран психолог на Факултетот за психологија при Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград, Бугарија.

Моментално е во петтата година од гешталт едукацијата, а има завршено и едукација за тренер за личен раст и развој, како и обуки за медитација, мајндфулнес, автоген тренинг и меѓучовечки односи.

Нејзините области на интерес и работа се личниот развој, мајндфулнесот и меѓучовечките односи.

Во својата работа верува дека работата на себе е важна и потребна во секоја професија, бидејќи личниот раст и развој се процеси што нè придружуваат низ целиот живот.

Програма

​​

1. Вовед: Што е проекција? 

2. Вежба: „Визуелизација“

3. Вежба: „Интерактивни вежби и работа во парови“

4. Индивидуална и групна рефлексија

​

​

​

10x - Lefterka Krsteva.jpg

​​

​🎁

​

Секој учесник на работилницата добива ​

​

​​​📚 Пристап до 3 бесплатни модули од онлајн програма за справување со стрес и анксиозност

​

📗 Работна книга за нови свесности 

​
Цена: 1200 денари​​

Искуствената Гешталт работилница вклучува​

  • 2 часа водена искуствена Гешталт работилница.

  • Интерактивни вежби и визуелизација.

  • Работа во парови и групна рефлексија.

  • Работна книга за нови свесности.

  • Пристап до 3 бесплатни модули од програмата за справување со стрес и анксиозност.

​

 Како да се пријавиш? ​

Пополни ја кратката форма.

Веднаш по пополнувањето ќе ти пристигнат информации на е-маил и на вибер за уплата и регистрација.

​

Местата се резервираат со уплата за учество.

​

Prijava - anks. kako poraka

Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:

077 865 785
shs.gestalt@gmail.com

Работилниците се организирани од Гешталт институт - Советувалиште за хумана соработка 

​

СХС Гешталт Македонија е најстариот Гешталт институт во Македонија, основан во 1998 година.

Во изминатите повеќе од две децении, низ програмите за личен и професионален развој поминале над 1.000 учесници, вклучувајќи студенти од Турција и Грузија.
 

​

​​

​​Откриј ги твоите квалитети, кои толку лесно ги препознаваш кај другите, а не ги гледаш кај себеси.

​

​

​​​

​​

Често поставувани прашања​

​

1. Дали треба да имам претходно психолошко или психотерапевтско знаење?
Не. Работилниците се наменети за сите кои сакаат подобро да се разберат себеси и да истражат одредена тема. Не е потребно претходно знаење од психологија или психотерапија.​​​

​

2. Дали работилницата е исто што и психотерапија?
Не. Работилницата има едукативен и искуствен карактер и не ја заменува индивидуалната или групната психотерапија. Преку вежби, интеракција и лична рефлексија, имаш можност да истражиш одредена тема и сопственото искуство поврзано со неа.

​

3. Дали мора да споделувам лични работи пред групата?
Не. Секој учесник има право да одлучи колку и што сака да сподели. Работилниците се креирани како безбеден простор за истражување, со почитување на личните граници на секој учесник.

​

4. Што ако се почувствувам непријатно за време на некоја вежба?
Секогаш можеш да направиш пауза или да одлучиш да не учествуваш во одредена вежба. Целта не е да се присилуваш на нешто, туку да истражуваш во темпо кое ти одговара.

​

5. Дали можам да добијам поврат на средствата ?
Пријавите за работилниците не подлежат на поврат на средства. Но, истите можат да се искористат за следните работилници

© 2024 Created by KTD

bottom of page