Онлајн Zoom | 29.10.2026 | 17:30ч
Времетраење: 2 часа
Работилницата е за тебе ако
-
не се чуствуваш прифатено и вреднувано во компанијата, семејството или друштвото.
-
сакаш подобро да ја разбереш својата улога и улогите на другите во групата.
-
сакаш да ги подобриш односите со другите во групата.
-
сакаш подобро да разбереш како твоето однесување влијае врз групата.
-
сакаш да запознаеш луѓе кои се интересираат за психологија и личен раст и развој
Дали оваа работилница е за тебе?
Дали чувствуваш дека припаѓаш во компанијата, на работното место, во друштвото или во семејството?
Дали твојот труд и придонес е ценет од другите?
Дали знаеш која е твојата улога и како таа влијае врз целата група?
Ако на некои од овие прашања одговорот е „НЕ“, можеби оваа работилница е токму за тебе.
Секоја група е како жив организам, составен од различни делови и улоги кои меѓусебно влијаат едни на други.
Доколку членовите ја разбираат својата улога и улогите на останатите, полесно се создаваат хармонија и доверба во групата.
Затоа е важно да ја погледнеме групата во целост за да ја разбереме својата улога, но и улогите на другите.
Тоа ќе ни помогне да откриеме:
-
што нѝ недостасува за да се чувствуваме подобро во групата
-
каде се појавува тензија во групата
-
како можеме да го разбереме својот удел во конфликтите
-
како нашиот начин на комуникација и однесување влијае врз другите.
Со овие нови свесности може да се зголеми довербата во групата, а ние да се чувствуваме поразбрано и поприфатено.
Токму тоа ќе го истражуваш на оваа искуствена работилница.
Преку водена визуелизација ќе ја откриеш сопствената улога во групата, можните точки на тензија и начинот на кој придонесуваш кон создавање похармонична група.
По работилницата ќе можеш
-
подобро да ја разбереш својата улога во групата
-
да станеш посвесен/на за своите потреби од групата
-
подобро да ги разбереш улогите и перспективите на другите членови во групата
-
да препознаеш можни точки на тензија и својот удел во конфликтите
-
научиш како со подобра комуникација можеш да придонесеш кон поголема доверба и похармонични односи во групата
Кои се придобивките кога учиш во група?
Работата во група може да го забрза растот и развојот затоа што:
-
Ќе откриеш дека и другите имаат слични предизвици како твоите
-
Ќе црпиш вредни животни искуства од искуствата на другите
-
Ќе вежбаш нови животни вештини во безбедна средина.
-
Ќе стекнеш нови пријателства
-
Ќе имаш можност да бидеш слушнат/а без осудување
Едукатор: Катерина Крстевска
Катерина е лиценциран психолог и гешталт психотерапевт под супервизија, активна во психолошко советување, едукации и организациска поддршка.
Работела со сите генерации и во сите контексти од образовни институции до корпоративни тимови. Нејзин пристап: смиреност, структура и присутност. Во ова предавање ќе добиете техники што веднаш можат да се применат во реални работни ситуации.

Цена: 1200 денари
🎁
Секој учесник на работилницата добива
📚 Пристап до 3 бесплатни модули од онлајн програма за справување со стрес и анксиозност
📗 Работна книга за нови свесности
Како да се пријавиш?
Пополни ја кратката форма.
Веднаш по пополнувањето ќе ти пристигнат информации на е-маил за уплата и регистрација.
Местата се резервираат со уплата за учество.
Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:
077 865 785
shs.gestalt@gmail.com
Често поставувани прашања
1. Дали треба да имам претходно психолошко или психотерапевтско знаење?
Не. Работилниците се наменети за сите кои сакаат подобро да се разберат себеси и да истражат одредена тема. Не е потребно претходно знаење од психологија или психотерапија.
2. Дали работилницата е исто што и психотерапија?
Не. Работилницата има едукативен и искуствен карактер и не ја заменува индивидуалната или групната психотерапија. Преку вежби, интеракција и лична рефлексија, имаш можност да истражиш одредена тема и сопственото искуство поврзано со неа.
3. Дали мора да споделувам лични работи пред групата?
Не. Секој учесник има право да одлучи колку и што сака да сподели. Работилниците се креирани како безбеден простор за истражување, со почитување на личните граници на секој учесник.
4. Што ако се почувствувам непријатно за време на некоја вежба?
Секогаш можеш да направиш пауза или да одлучиш да не учествуваш во одредена вежба. Целта не е да се присилуваш на нешто, туку да истражуваш во темпо кое ти одговара.
5. Дали можам да добијам поврат на средствата ?
Пријавите за работилниците не подлежат на поврат на средства. Но, истите можат да се искористат за следните работилници
Работилниците се организирани од Гешталт институт - Советувалиште за хумана соработка
СХС Гешталт Македонија е најстариот Гешталт институт во Македонија, основан во 1998 година.
Во изминатите повеќе од две децении, низ програмите за личен и професионален развој поминале над 1.000 учесници, вклучувајќи студенти од Турција и Грузија.
