Гешталт искуствени работилници за личен раст и развој
Живо | 10.12.2026 | 17:30ч
Во просториите на Гешталт Македонија
Времетраење 3 часа
Дали оваа работилница е за тебе?
Дали копнееш по интимност, но кога навистина ќе станеш близок/а со некого, чувствуваш страв, напнатост и потреба да се дистанцираш?
И заради тоа често почнуваш да се обвинуваш дека не знаеш како да бидеш во близок контакт со другите..
Не си сам/а во овој предизвик.
Во контактот со другите не се среќаваме само со другата личност.
Туку и со сопствената историја на претходни искуства и односи.
Се среќаваме со сеќавања од искуства кои во нас предизвикале сигурност, прифатеност и приврзаност.
Но и минати искуства на отфрлање, занемарување или повредување.
И токму затоа интимноста не носи само задоволство, туку понекогаш и болка.
Можеме да почувствуваме возбуда и задоволство од контактот со другиот.
Но, телото памти.
Во сегашните односи може да се појави страв повторно да се приближиме и да станеме ранливи на уште една болка која потсеќа на минатото.
На оваа искуствена работилница ќе истражуваме како телото реагира во интимниот контакт и што се случува со нас кога блискоста станува интензивна.
Ќе истражуваме:
* како задоволството може да биде поврзано со ранливоста
* како болката може да ја прекине нашата способност за уживање и присутност
* како претходните релациски искуства можат повторно да се активираат во сегашните односи
* како да останеме во контакт со себе додека сме во контакт со другиот
* како да создадеме повеќе простор за блискост, без да се изгубиме себеси
Преку индивидуални рефлексии, телесни и искуствени вежби, работа во парови и групен процес, ќе имаш можност не само да размислуваш за интимноста, туку и да ја истражиш преку сопственото искуство.
Работилницата е за тебе ако
-
Секогаш кога ќе се зближиш со некого се повлекуваш
-
Сакаш да откриеш како се однесуваш кога си во близок контакт со некого
-
Ти е тешко да бидеш ранлив/а и да се отвориш пред некого.
-
Копнееш по блискост, но истовремено се плашиш дека ќе бидеш повреден/а, одбиен/а или напуштен/а.
-
Сакаш да запознаеш луѓе кои се соочуваат со исти предизвици
По работилницата
Ќе разбереш подобро како се однесуваш кога си во близок контакт со другите, што се случува во тебе кога интимноста станува интензивна - што те приближува или оддалечува од другиот.
Ќе истражиш како да останеш во контакт со себе, додека градиш поголема блискост со другите.
Едукатор: Благица Р. Ваниќ
Благица Р. Ваниќ - психолог, психотерапевт, тренер и супервизор со повеќе од 15 години искуство во личен и професионален развој.
Во текот на својата кариера, Благица им помогнала на стотици луѓе подобро да се разберат себеси, да изградат поздрави односи и да направат значајни промени во својот живот.
Нејзиниот пристап се темели на Гешталт психотерапијата – пристап што не нуди готови одговори, туку им помага на луѓето да развијат поголема свесност, лична одговорност и вештини за поквалитетен живот.
Програма

Цена: 1500 денари
🎁
Секој учесник на работилницата добива
📚 Пристап до 3 бесплатни модули од онлајн програма за справување со стрес и анксиозност
📗 Работна книга за нови свесности
Како да се пријавиш?
Работилниците ќе започнат да се одржуваат од октомври.
Доколку сакаш да те информираме веднаш штом бидат утврдени датумите пополни ја кратката форма подолу.
Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:
077 865 785
shs.gestalt@gmail.com
Работилниците се организирани од Гешталт институт - Советувалиште за хумана соработка
СХС Гешталт Македонија е најстариот Гешталт институт во Македонија, основан во 1998 година.
Во изминатите повеќе од две децении, низ програмите за личен и професионален развој поминале над 1.000 учесници, вклучувајќи студенти од Турција и Грузија.
Кои се придобивките кога учиш во група?
Работата во група може да го забрза растот и развојот затоа што:
-
Ќе откриеш дека и другите имаат слични предизвици како твоите
-
Ќе црпиш вредни животни искуства од искуствата на другите
-
Ќе вежбаш нови животни вештини во безбедна средина.
-
Ќе градиш нови пријателства
-
Ќе бидеш дел од заедница која си пружа поддршка кога е најтешко
Често поставувани прашања
1. Дали треба да имам претходно психолошко или психотерапевтско знаење?
Не. Работилниците се наменети за сите кои сакаат подобро да се разберат себеси и да истражат одредена тема. Не е потребно претходно знаење од психологија или психотерапија.
2. Дали работилницата е исто што и психотерапија?
Не. Работилницата има едукативен и искуствен карактер и не ја заменува индивидуалната или групната психотерапија. Преку вежби, интеракција и лична рефлексија, имаш можност да истражиш одредена тема и сопственото искуство поврзано со неа.
3. Дали мора да споделувам лични работи пред групата?
Не. Секој учесник има право да одлучи колку и што сака да сподели. Работилниците се креирани како безбеден простор за истражување, со почитување на личните граници на секој учесник.
4. Што ако се почувствувам непријатно за време на некоја вежба?
Секогаш можеш да направиш пауза или да одлучиш да не учествуваш во одредена вежба. Целта не е да се присилуваш на нешто, туку да истражуваш во темпо кое ти одговара.
5. Дали можам да добијам поврат на средствата ?
Пријавите за работилниците не подлежат на поврат на средства. Но, истите можат да се искористат за следните работилници
Останати Гешталт работилници






