ОД БОРБА СО АНКСИОЗНОСТА
КОН РАЗБИРАЊЕ И ВНАТРЕШЕН МИР

Практичен онлајн курс кој ќе ти помогне да го разбереш коренот на твојата анксиозност и чекор по чекор да ја смируваш.
✓ 5+ часа видео лекции
✓ Реално сценарио на клиент
✓ Водечки аудио вежби
✓ Работна книга за рефлексија
✓ Пристап 24/7 часа
✓ Индивидуална сесија
за поддршка
Курс за анксиозност на македонски јазик со прикажани сесии од клиент и
терапевтски практични вежби кои можеш да ги примениш веднаш
Во неколку недели ќе научиш како да:
-
поефикасно да се справуваш со стравовите
и да ги намалиш физичките симптоми
-
ги разбереш подлабоките причини зад
твојата анксиозност
-
го промениш односот кон анксиозноста – од борба
кон разбирање и прифаќање
-
постигнеш поголемо чувство на среќа, опуштеност,
мир и спокој
-
да го промениш односот кон себе - од постојана
самокритика кон повеќе љубов за себе
-
постигнеш поголема самодоверба, повеќе енергија
и подобар сон
Модули
Модул 1 - Што е анксиозност?
Кои се симптомите и што стои зад нив.
Модул 2 - Зошто сме анксиозни?
Како несвесно се доведуваме до анксиозност и како да излеземе од тој круг.
Модул 3 - Моќта на сегашниот момент
Зошто враќањето во сегашниот момент е клучно за справување со анксиозноста.
Модул 4 - Контакт со себе е прв чекор кон мир
Како контактот со себе води кон повеќе мир и слобода.
Модул 5 - Во контакт со себе и анксиозноста
Како да стапиме во контакт со емоциите и симптомите за да ја препознаеме нивната
порака за подобри и посвесни избори.
Модул 6 - Мои емоции, мои потреби - моја одговорност
Зошто одговорноста за сопствените емоции и потреби е клучна за справување со анксиозноста.
Модул 7 - Перфекционизмот - тивкиот мотор на анксиозноста
Како стремежот кон совршенство станува извор на анксиозност и што навистина стои зад таа потреба.
Модул 8 - Скриениот двигател на анксиозноста:
очекувањето другите да нѝ ги исполнат потребите
Како несвесното очекување другите да ги задоволат нашите потреби ја одржува анксиозноста
Модул 9 - Само-поддршка - клуч за справување со анксиозноста
Како да изградиме капацитети за само-поддршка и само-љубов.
Терапетски сесии со клиент
Ѕирни во секојдневната борба на човек што се справува со анксиозност. Преку многу често секојдневно сценарио ќе дознаеш кои се најчестите причини за анксиозноста и ќе искусиш вежби од психотерапијата за ефикасно справување со симптомите, немирот и самокритиката.

Едукативни содржини за анксиозноста
Преку видео разговори ќе го следиме процесот на клиентот и
ќе одговориме на следниве прашања:
Што е анксиозноста?
Зошто се појавува?
Како сами се доведуваме до анксиозност?
Дали е можно да се живее квалитетен живот со анксиозност - токму благодарение на неа?

Работна книга за само-рефлексија
Знаењето е вредно, но себе-спознавањето ја носи промената.
Затоа не те оставаме само со информации. Во работната книга се вклучени повеќе од 40 внимателно избрани прашања за само-рефлексија кои ќе те водат кон подлабоко спознавање на себеси и корените на твојата анксиозност.


Водечки аудио вежби
Аудио вежбите траат во просек 10-15 минути и можеш да ги слушаш кога и да ти е потребно за да:
Го смириш телото и умот
Се запознаеш себеси и коренот на твојата анксиозност
Ја вратиш контролата врз своите емоции, стравови, симптоми
Изградиш капацитети за само-поддршка, чувство на безбедност и мир

Индивидуална сесија за поддршка
Во рамки на курсот е вклучена и една индивидуална средба со гешталт едукант во завршна фаза.
Во безбеден простор ќе можеш да ги разгледаш твоите прашања, дилеми и искуства со курсот.

Искуства на учесници на курсот
Антица
"Курсот е доста поучен и интересен. Видеата се интересни и преку нив се доловува суштината на анксиозноста, процесот на мислите кај лице со анксиозност и како да се справиме со анксиозноста."
Кате
Share the amazing things customers are saying about your business. Double click, or click Edit Text to make it yours.
Александар
Share the amazing things customers are saying about your business. Double click, or click Edit Text to make it yours.
Благица Р. Ваниќ, е психолог, психотерапевт, тренер и супервизор со меѓународно искуство - кој ја истражува и негува човечката природа, во сите нејзини нијанси.
"Верувам дека секоја промена започнува со свесност
– со моментот кога ќе застанеме, ќе погледнеме во
себе и ќе го препознаеме она што е живо и
вистинито во нас.
Мојата работа е повеќе од професија – таа е мој
повик. И секогаш кога ќе видам некој како прави мал чекор кон себеси, знам дека сум на вистинскиот пат.
Верувам дека секој човек носи во себе огромен потенцијал за промена и раст.
Мојата улога е да ве поддржам на тој пат – без осудување, со почит и со внимание кон вашата приказна."
Предавач: Благица Р. Ваниќ

За кого е овој курс?
Овој курс е за сите тивки борци кои што секој ден функционираат "нормално"–
додека во себе водат битка која никој не ја гледа.
За луѓе кои живеат со постојан немир, прекумерно размислување
и страв дека нешто лошо ќе се случи.
За оние што веќе пробале многу начини да се смират,
но сега се подготвени за нешто подлабоко –
за еден подлабок пат.
Пат на вистинско разбирање на својата анксиозност.
Пат што постепено води кон стабилен мир
и намалување на нејзиното влијание во твојот живот.
Ако си преморен/а од брзи решенија, од кругот на надеж и разочарување
и сакаш стабилна и вистинска промена - овој курс е за тебе.
Цена за курсот
3600 денари
Како да се пријавиш?
1. Пополни ја кратката форма со твоите основни податоци.
2. Ќе добиеш е-маил со детални информации за уплата.
3. По уплатата ќе ти овозможиме пристап до курсот.
Немаш обврски за плаќање додека не одлучиш да продолжиш.
Пријави се за курсот
Имаш прашања пред да се пријавиш?
Слободно јави ни се или пиши ни:
077 865 785
shs.gestalt@gmail.com
Често поставувани прашања
Колку време трае курсот?
По купувањето на курсот, добиваш целосен пристап до курсот во времетраење од 40 дена. Курсот е осмислен така што може да се следи со 20–30 минути дневно. Доколку сакаш да го продолжиш пристапот по истекот на 40 дена, тоа е можно со дополнителна доплата.
Дали можам да го следам курсот по свое темпо?
Да. Курсот можеш да го следиш во ритам што ти одговара. Пристап до курсот имаш 24/7 и може да го гледаш во време што тебе ти одговара.
Како добивам пристап по купувањето?
Откако ќе се пријавиш за курсот на твојата е-пошта ќе добиеш инструкции за уплата. Плаќањето се врши преку банкарска уплата. По извршената уплата, потребно е да креираш корисничка сметка на нашата веб страница. Откако ќе се регистрираш, ќе ти овозможиме пристапот до курсот и веднаш можеш да започнеш.
Што ако немам време?
Курсот е осмислен да можеш да го следиш со околу 20–30 минути дневно.
Не мораш да го изгледаш одеднаш. Можеш да учиш во свое темпо и во време кога тебе ти одговара.
Дури и малите, конзистентни чекори се доволни за да почувствуваш промена.
Дали курсот е замена за психотерапија?
Не. Овој курс не е замена за индивидуална психотерапија. Тој е практичен водич за подобро разбирање на својата анксиозност и на себеси. Претставува безбеден простор за запознавање со алатки за самоподдршка и саморегулација. Доколку се соочуваш со интензивни симптоми или имаш потреба од подлабока лична работа, индивидуалната психотерапија може да биде соодветен следен чекор. Многу луѓе го користат курсот како прв чекор, пред да одлучат дали им е потребна терапија.
Дали можам да добијам поврат на средствата?
Доколку по започнувањето на курсот почувствуваш дека не е вистинскиот избор за тебе, можеш да побараш поврат на средствата во рок од 7 дена од купувањето. Нашата цел е да се чувствуваш сигурно во својата одлука.